Атеизмот како продукт на човековата филозофска мисла се појавува во поново време.
Пак ќе го дрвиш, а? ОК, мене ми се свиѓа. Ај со ред:
Philosophical atheist thought appears in Europe and Asia from the 6th or 5th century BCE.
Атеизмот, Јоан, ти е постар од твојата религија. Колку да си знаеш, за да не паѓаш у несвес натака и да не кажеш дека не си бил информиран.
Најверојатно, атеизмот претходи на СИТЕ религии на човештвото. За ова ќе пребарам извори.
Околу двете прашања, мислам дека потполно се одговорени на темата ПРАШАЊА ДО АТЕИСТИТЕ. Стварно не разбирам зошто отекуваш повторно со истите две.
Моралот и етиката немаат врска со господ. Имаат врска единствено со заедницата на која припаѓа единката. Дури и во рамки на истата религија, моралот се разликува од една до друга заедница.
Моралот во Скопје е различен со моралот во с. Канатларци.
Не постои атеистичка ИДЕОЛОГИЈА. Не постои атеистичка ФИЛОЗОФИЈА. Не постојат атеистички кодекси, правила или догми.
АТЕИЗМОТ Е СОСТОЈБА НА УМОТ. АТЕИЗМОТ Е ТВРДЕЊЕ.
Доста више со твоите празни обиди атеизмот да го направиш нешто што не е!!!
Нема ритуали, нема догми, нема песни, крстови, месечини или други глупости. Атеистот може да е хигиеничар, нуклеарен физичар или седмоодделенец. Единственото нешто што ги поврзува атеистите е нивното НЕГИРАЊЕ НА ПОСТОЕЊЕ НА БОГОВИ.
Ова е стварно више досадно...
--- надополнето ---
Да се декларираш себеси како Атеист е исто како и да се декларираш себеси како Верник...и едните и другите се обидуваат да докажат или да негираат нешто што не може да го разберат....ниту едните ниту другите можат да дадат цврсти докази за своето верување односно неверување....само се повикуваат на логика или свети книги....на крај краишта што е битно дали постои или не....мене лично не ми менува ништо....им менува на тие што го користат како изговор или оправдување за своите постапки
А ти како се декларираш?