Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ти сам си го напиша одговорот кој сакаш да го добиеш, така да...if that's how you roll, then be it.

Јас не сакам овој договор да го добијам. Јас сакам да видам како живее човек без бог во својот живот. Каков одговор има на прашањето: зошто живее, што е живот?

А тоа што претпоставувам каков ќе биде одговорот се темели на навните одговори на темите од верата. Бидејќи тоа се истите луѓе, со истите ставови, ќе ги имат истите одговори и овде но сега лично за својата филозофија, а не да напаѓат други, ако воопшто имаат одговори.
 
Да се декларираш себеси како Атеист е исто како и да се декларираш себеси како Верник...и едните и другите се обидуваат да докажат или да негираат нешто што не може да го разберат....ниту едните ниту другите можат да дадат цврсти докази за своето верување односно неверување....само се повикуваат на логика или свети книги....на крај краишта што е битно дали постои или не....мене лично не ми менува ништо....им менува на тие што го користат како изговор или оправдување за своите постапки
 
Јас не сакам овој договор да го добијам. Јас сакам да видам како живее човек без бог во својот живот. Каков одговор има на прашањето: зошто живее, што е живот?

А тоа што претпоставувам каков ќе биде одговорот се темели на навните одговори на темите од верата. Бидејќи тоа се истите луѓе, со истите ставови, ќе ги имат истите одговори и овде но сега лично за својата филозофија, а не да напаѓат други, ако воопшто имаат одговори.

Јас например сакам да пијам крв на мали деца од сабајле, а сигурно и другите атеисти имаат такви ритуали.
 
Да се декларираш себеси како Атеист е исто како и да се декларираш себеси како Верник..

И што е тука заедничкото???

--- надополнето ---

....ниту едните ниту другите можат да дадат цврсти докази за своето верување односно неверување...

Е ми, доказите се повеќе пати изнесени, Да не си „остаствувал„ тогаш на форумов?

--- надополнето ---

....само се повикуваат на логика или свети книги....

„Само„!? И тоа е тоа, така? Доволно е да „опнам„ цитат и готово-веќе сум верник?
 
Јас например сакам да пијам крв на мали деца од сабајле, а сигурно и другите атеисти имаат такви ритуали.

Можеби не знаеш, но често овие форуми се директно пренесувани на некои инстируции. А за твојата:„gade, Јас например сакам да пијам крв на мали деца од сабајле, а сигурно и другите атеисти имаат такви ритуали“ е веќе проверена. Можеш и сам да се увериш. Еве ти го сајтот.
http://www.moi.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=173
 
Можеби не знаеш, но често овие форуми се директно пренесувани на некои инстируции. А за твојата:„gade, Јас например сакам да пијам крв на мали деца од сабајле, а сигурно и другите атеисти имаат такви ритуали“ е веќе проверена. Можеш и сам да се увериш. Еве ти го сајтот.
http://www.moi.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=173


Оу шит, ке ме најдат по адресата на проксито во Мексико, лолд.Ние атеистите покрај што имаме сатански ритуали сме и многу паметни.
 
Да, многу сте паметни. Од памет вриете, така да веќе мозокот ви претече од вриење.

А да те прашам јас тебе, зошто толку им се лутиш на атеистите?
Те соблазнуваат со своите постови и полека осеќаш дека и ти ке станеш еден од нив, ама неможеш да си признаеш па само плукаш по нив?
 
Атеизмот како продукт на човековата филозофска мисла се појавува во поново време.

Пак ќе го дрвиш, а? ОК, мене ми се свиѓа. Ај со ред:

Philosophical atheist thought appears in Europe and Asia from the 6th or 5th century BCE.

Атеизмот, Јоан, ти е постар од твојата религија. Колку да си знаеш, за да не паѓаш у несвес натака и да не кажеш дека не си бил информиран.

Најверојатно, атеизмот претходи на СИТЕ религии на човештвото. За ова ќе пребарам извори.

Околу двете прашања, мислам дека потполно се одговорени на темата ПРАШАЊА ДО АТЕИСТИТЕ. Стварно не разбирам зошто отекуваш повторно со истите две.

Моралот и етиката немаат врска со господ. Имаат врска единствено со заедницата на која припаѓа единката. Дури и во рамки на истата религија, моралот се разликува од една до друга заедница.

Моралот во Скопје е различен со моралот во с. Канатларци.

Не постои атеистичка ИДЕОЛОГИЈА. Не постои атеистичка ФИЛОЗОФИЈА. Не постојат атеистички кодекси, правила или догми.

АТЕИЗМОТ Е СОСТОЈБА НА УМОТ. АТЕИЗМОТ Е ТВРДЕЊЕ.

Доста више со твоите празни обиди атеизмот да го направиш нешто што не е!!!

Нема ритуали, нема догми, нема песни, крстови, месечини или други глупости. Атеистот може да е хигиеничар, нуклеарен физичар или седмоодделенец. Единственото нешто што ги поврзува атеистите е нивното НЕГИРАЊЕ НА ПОСТОЕЊЕ НА БОГОВИ.

Ова е стварно више досадно...

--- надополнето ---

Да се декларираш себеси како Атеист е исто како и да се декларираш себеси како Верник...и едните и другите се обидуваат да докажат или да негираат нешто што не може да го разберат....ниту едните ниту другите можат да дадат цврсти докази за своето верување односно неверување....само се повикуваат на логика или свети книги....на крај краишта што е битно дали постои или не....мене лично не ми менува ништо....им менува на тие што го користат како изговор или оправдување за своите постапки

А ти како се декларираш?
 
Да се декларираш себеси како Атеист е исто како и да се декларираш себеси како Верник...и едните и другите се обидуваат да докажат или да негираат нешто што не може да го разберат....ниту едните ниту другите можат да дадат цврсти докази за своето верување односно неверување....само се повикуваат на логика или свети книги....на крај краишта што е битно дали постои или не....мене лично не ми менува ништо....им менува на тие што го користат како изговор или оправдување за своите постапки

Менува, менува како не....се додека црквите мешаат прсти кај што не им е место - менува тоа се за сите. Пример - струмичките карневали беа приморани да мењаат датум ради црквата, сакаат креационизам и веронаука да уведуваат по школите и сл. Кога ќе кренат раце од овакви ствари - тогаш мене лично нема да ме засегаат ни они.
 
Атеисмот како филозофско размислување, најпросто речено има функционалност само во животинскиот свет. Живеењето само за живеење, без постаување на суштественото прашање: зошто се живее, доведува до размислување дали атеизмот има капацитет да филозофски одговори на ова основно прашање. Од каде доаѓа човекот, на каде оди? Ако се отфрли Бог од животот, во центарот на својит живот се поставува сопственото Јас. Јас постанува центар, оска околу која се треба да се движи. Она што не ротира треба да се уништи. По карактерот на акциите на дел од атеиситите овие поставки се повеќе се потврдуваат во праксата. Атеисите го губат смислолот наживотот. Не знаат ЗОШТО ЖИВЕАТ. Сличноста на филозофијата која ја практикуват со начинот на живеење на животинскиот свет се повеќе се приближува. Дали тоа значи дека атеистите се поистоветуват со животинскиот свет.
Многу проблематично е што немаат храброст да за овие прашања разговарат отворено. Во нивната потсвест постои СТРАВ, донекаде и оправдан, па за да го надминат овој страв веднаш реагираат на најглупиот можен начин: ги напаѓаат теистите верниците. Што верниците им светаат? И затоа да не им се открие исконскиот страв од Бога кој е длабоко вкоренат во нивната потсвест, кога на виделина ќе излезе вистината за нивната филозофија бегаат како страшливци и со ниту еден аргумент не сакат да ја бранат својата атеистичка филозофија. Веднаш како мршојадци ги напаѓаат верниците, нивната вера и нивниот став кон животот. Барем верниците имаат своја филозофија на животот, свој став и своја вера.
Но која е филозофијата на животот на атеистите. Што подразбират по живот? Кои се нивните морални вредности? Дали го почитуват животот, или пак не?
Не очекувам некој да одговори, да одговори рационално и разумно.
Постовите кои ќе следат од атеистие ќе го потврдат ова тврдење.
Како тоа незнаеме зошто живееме?Нели сите сакаме во животот да успееме на професионално ниво,да створиме семејство,пријатели итн. без разлика дали веруваме или не во господ.Или тоа не е случај со тебе па затоа поставуваш такви прашања?На мене лично не ми сметаат верниците,од кај дојде до таков заклучок?
 
Све је исто само њега нема...Нема да ме познаеш жими све, моите ставови за религијата и животот воопшто немам некоја посебна желба да ги истакнувам јавно.Си го живеам животот нормално како нормален човек од овој 21 век, си читам си дознавам работи кои ме интересираат, си дискутирам на одредени теми како на форум така и надвор...со еден збор нормален човек.Тоа што бог не верувам дека постои не ме прави различен од другите во никоја смисла.Јас верувам дека се она што е напишано во библијата и сите тие верски книги е од народот и за народот.Е сега има некои смешни работи тоа се сите оние кои сведочат за постоњето на бог, и уште триста бајки слични.Ама оние морални вредности кои денес нормален човек ги има ги поседувам и јас.Оние 10 божји заповеди не ми имаат никакво значење посебно но сепак се блиски до тоа што ме учеле како мал и го прифаќам како една убаво учење и од старо време и за мене тоа е доказ за свеста на луѓето уште пред неколку илијади години, среќен сум што и тогаш живееле луѓе како мене кои размислувале и пишувале за светот да научи што треба да се цени а што не.Ама не само од оваа религија туку и од многу други имам читкано по нешто и што е интересно останало во глава.Има многу интересни работи кои можат да се најдат по книгите за религија, може да се научат многу интересни работи, а човек како мене кој се интересира за историја и стари работи му се интересни нормално.И имам читано можеби не многу ама сепак доволно.Дознавам за луѓето кои живееле во тоа време и нивните вредности и се гледам себе си до кај сум стигнал и правам една слика од тоа време па времето во кое живеам јас и интересно ми е да размислувам на таа тема, а и убав муабет можеш да си направиш со човек кого го интересираат такви работи.Ги почитувам многу и христијаните и муслиманите и сите религиозни луѓе.Ги почитувам нивните обичаи, ги почитувам црквите и џамиите тоа се големо културно наследство на сите нас.Ама околу постоењето на бог нема да се согласам со нив, имам друг став за тоа, лично не верувам дека постои таков бог каков што го замислуваат верниците.Смешно ми е тоа што имам читано за тие богови а луѓето кои ги гледам изгледаат како воопшто да не веруваат во тоа што тврдат дека веруваат.Несакам да бидам дел од таа смешна група луѓе, лично не верувам и тешко ми е да глумам ама опкружен сум со верници така да моите ставови ги чувам за себе или одредена група луѓе кога ке бидам расположен за дискусија си имаме убав муабет.Инаку ме знаат само како некој кого не го интересираат многу такви работи (религиозни)...Не сваќам зошто некој не гледа како посебни луѓе или сатанисти некои, луѓе кои го мразат бог или пак му се лутат-имаше и таква тема.Ние се нормални луѓе посветени на своите животи, живееме се бориме, се радуваме, пееме, пиеме, работиме, учиме, читани и образовани луѓе (не сите), но од тие што ги знам со вакви ставови обично се луѓе кои не чекаат од никого ништо туку луѓе кои веруваат во себе и не се молат на виша сила за помош туку си ги засукале ракавите и сработиле нешто сами во животот.Помагам, хуманитарен сум, почитувам и постари и помлади, многу толерантна личност сум и можеби живеам и по чесен и праведен живот од некои христијани и верници.Ама мојот став е дека бог не постои, но тоа не е пречка да бидам чесен и праведен и толерантен и хуманитарен....Тоа сум јас, не ми треба некој бог семоќен да ми заповеда да бидам нешто по негова желба.
Мислам дека отприлика Јоан ова сакаше да го слушне т.е прочита а ако нешто пропуштив бате кажи слободно тука сме...Ај нека ни е аирлија темава, и само убави муабети да читаме...
 
Првиот човек не „настанал„ „онака„ сам од себе, туку првиот човек е створен од материја, нежива материја, која станува жива откако добила здив, т.е. дух животен во себе. Тоа не е настан кон се случил „спонтано„, туку личен чин Божји, за создавање словесно битие.

--- надополнето ---




Погрешно: верните и тоа како проверуваат и можат да ја докажат својата вера и ја докажуват преку личниот духовен опит. Ајде сега Ти докажи ми/ни нешто во кое си убеден.

Навистина, каков доказ! Истиов муабет е како јас да кажам на некој дека сум правела муабет со дух, дека сме пиеле кафе, и тој да ми поверува!!! Баш така и ,,неживата,, материја станува ,,жива,, според тебе! Навистина, навистина логично!
Да сакам да докажам нешто, ќе ја испитувам темата, ќе поставам одредена хипотеза, и ќе правам експерименти за да ја докажам. Се додека не ја докажам - не е никаква вистина, ниту никаков закон. И немам потреба пак од почеток да објаснувам на кој начин нешто се докажува дека постои или не.
Пример еве, Бабински рефлексот, или плантарен рефлекс. Неговото постоење или непостоење секогаш се докажува на ист начин, со ист опит, и секогаш ако постои се рефлектира на ист начин (лепезно ширење на прстите). Тоа е доказ за постоење, а не дека јас така си верувам длабоко во себе.
 
Зошто се има потреба да се докажува атеизмот пред другите, а со тоа пред себеси толку многу често?
 
Верниците не живеат, они имат живот после смртта.

На овој свет се за да се покажат достојни за другиот.
 
Верниците не живеат, они имат живот после смртта.

На овој свет се за да се покажат достојни за другиот.

Тоа што можеш денес остај го за утре.Ебати филозофијата.Немој да уживаш денес, ке имаш доволно време откако ке умреш :tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom