Среќата ќе му се зголеми ако му дадеш пари, економска слобода. Беспари ни атеист ни верник нема да се среќни. Духовниот дел од животот е воглавно дополнување. И филозофот морал првин да се најаде за да филозофира.
Среќата никогаш не се зголемила со пари.
Според теориите за мотивација, проверени со безброј студии, парите НЕ СЕ мотиватор, ниту причинител на среќа. Тие се хигиенски фактор. Тоа значи дека ДОКОЛКУ ГИ НЕМАШ, ќе ти биде шит. Ако ги имаш НИКАКО НЕ ЗНАЧИ дека ќе бидеш среќен.
За да човек биде среќен, него му треба исполнување на неколку основни потреби. Парите не се потреба, туку посредник.
Духовниот дел од животот НЕМА НИКАКВА ВРСКА со религиозноста (која, патем, ја узурпира и искривоколчува духовноста). Религијата дава лажни субститути (богови, догми, ритуали) за вистинската спиритуалност која човекот ја постигнува со СЕБЕСПОЗНАВАЊЕ.
Никој не може со инка да ти тури духовност. Со инка (додека си уште мало ранливо дете) може да ти тури религиозност. Подоцна, кога вистинската духовност ќе почне да се развива во тебе, ти ќе мислиш дека е тоа религиозноста. Не е така.
За да човек биде навистина спиритуален, најпрвин треба да стане свесен за себе, за човекот како битие, за диверзитетот и разновидноста на човековата манифестација низ културите во светот, за природата и нашите НЕРАСКИНЛИВИ врски со неа...
Треба да ПРЕСТАНЕ ДА СЕ ДОЖИВУВА КАКО БОГ НА ПРИРОДАТА и да почне да УЧИ за ВСЕЛЕНАТА внатрешна и надворешна, без догми, забрани и закани.
Нема духовност кога постојат ЗАКАНИ. Нема духовност кога постои СТРАВ.
Религијата се обидува да ја узурпира духовноста токму со овие две.