Еве јас ќе ти одговорам во мое име, а секако и
@Изгрев ако сака нек си одговара после.
Значи секако дека Црквата како жив организам е организирана да го води Црковниот живот. нели, мора за се да си има ред и место како не би настанал хаос. Ако под тој организам ти подразбираш институција, тогаш - ДА, потребна е. За да веруваш треба ншто да запознаеш. Секој Православен Верник кој е воцрковен (свесен верник) сигурно има свое искуство за тоакако почнал да верува и да го запознава Бога. Бог и преку Светото Писмо вели дека сака да им се открие на лугето и дека на оние кои искрено го бараат ќе им се јави! Улогата на Црквата е да биде место каде луѓето ќе се соединат со бога, преку Светата Причест која завзема централно место, како во Литургијата, така и во животот на еден верник бидејќи е соединување на Бога со човекот. На тој начин човекот се обожува, или станува мал бог по Благодат, која му се дава од Бога. Затоа и Христос стана Човек.
Секако дека самата посета на Црквата (за другите не сум компетентен да кажам, иако имам став по тоа) не е сама по себе доволна да се најдеш во Божја милост, ама е неопходна во смисол на единството кое владее во Црквата. Еден член кој не оди во црква и не се причествува (значи одвоен), а само се моли и верува може многу лесно да се изгуби по патот кој Христос го окарактеризирал како "трнлив и тесен". Црквата не нуди надеж, будејќи и самиот Христос рекол дека заради Него Ние ќе бидеме гонети и убивани и дека не е лесно да се влезе во Царството Небесно, туку треба да се издржи до крај, да се истрча маратонот и да се добие венецот на спасение. Знали не е се розево како што се мисли. Љубовта е друг муабет и може да се начне понатаму ако се има интерес...
За Православната Црква можам да ти одговорам дека не е материјална институција, иако постојат посебни случаеви каде некомпетентни лица се искачиле на угледни места заради интере, но тој феномен е насекаде присатен. Низ историјата, Црквата во многу помагала на народот, на сиромашните, отварала школи и универзитети, и помагала човекот да биде слободен, како духовно, така и од непријатели (турско).
Е сега за црвеното, Христос дошол на земјата за да му помогне на човекот да се издигне на степенот на кој што се наоѓал пред падот. Тоа значи да човекот може слободно да комуницира со Бога фејс ту фејс! Бог не е крив што човекот падна и го помрачи умот, но од човекољубие, го жртвуваше единородниот Син кој пострада и го искупи со својата крв гревот на праотците Адам и Ева. Затоа сега можеме само преку Христа да се споиме, поврземе со Бога.
Неописивото стана Човек за да може да биде опишан.
Затоа Бог се приближи до нас!
Бог не е идеа, Бог е Реалност. Црквата само сведочи на Божјите дела и е нејзин чувар. И покрај тоа што има повеќе религиозни институции сметам дека потрагата по Бога никогаш не престанала, ниту ќе престане.
Да, на многу места присутно но зар можеш да ги генерализираш работите до толку да ги ставаш сите во еднен кош? Православието не почнува ниту завршува со нас. Гледај пошироко, во светски размер.Сметам дека одговорив на прашањата, а одговорот на последново е веќе даде. Ако не си задоволен од одговорот, прашај поконкретно.