Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Тогаш не станува збор за две вистини, туку две реалности со само една Вистина, која носи само лоша вест за далтонистот, оти е живеел во заблуда...
Грешиш, постојат повеќе вистини. Секоја е во зависност со кои очи и од кој агол го гледаме светот. ;)
 
Во случајот што го наведе е само една. Оти далтонисто не глеа зелено и црвено. Секогаш ќе постои само една вистина...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Bog

Да, но за тебе како поединец. Ти викам, 2 личности- 2 вистини, повеќе личности повеќе вистини. Друго е ако некоја се погоди заемна.
 
- Лошо претпоставуваш.
- Црквата е институционално поставена, неспорно. Да земеш на разгледување било која човекова заедница, која не се вика „црква„ а ниту има врска со некоја вера, и таму ќе најдеш вертикална поставеност во меѓуќовечките односи. Да земеш и животинска заедница, и таму ќе најдеш натчинети и потчинети.
.

Точно. Сите го тврдиме истото.

Сега што е религија, и што треба истата да му понуди на човекот?

-
Тоа што сам Христос и Духот Свет ја востановија Црквата со нејзината внатрешна хиерахрија, со Христос како глава на Црквата, тоа не е моја „кривица„, нали...

"Ви велам подигнете го листот и јас сум под него, поместете го каменот и јас сум под него. Не сум во вашите храмови од цигли."

Христос бараше Црква внатре во секој човек, а не црква надвор и сите во неа.

Разликата е евидентна денес.
 
Да, но за тебе како поединец. Ти викам, 2 личности- 2 вистини, повеќе личности повеќе вистини. Друго е ако некоја се погоди заемна.
Не си давај само автоголови до безкрај (иако гледач)... Значи двајца човеци, ама една вистина, далтонистот е у заблуда. неговата реалност е не е достојна на вистината. Затоа викаме дека една е вистината.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Bog
Не си давај само автоголови до безкрај (иако гледач)... Значи двајца човеци, ама една вистина, далтонистот е у заблуда. неговата реалност е не е достојна на вистината. Затоа викаме дека една е вистината.
:facepalm:
Ок, која е твојата религиозна вистина, а која е мојата?
Што мислиш?
 
Сега што е религија, и што треба истата да му понуди на човекот?
.

Религијатата, како поим, означува „релација со Бога„.

На човекот може да му понуди повисока смисла од овоземното битисување, и конечно: спасение, вечен живот и враќање на човекот во првичната заедница со својот Творец.[DOUBLEPOST=1401913878][/DOUBLEPOST]
"Ви велам подигнете го листот и јас сум под него, поместете го каменот и јас сум под него. Не сум во вашите храмови од цигли."

Христос бараше Црква внатре во секој човек, а не црква надвор и сите во неа.

Разликата е евидентна денес.

Ем не си го разбрал стихот, не не си ја разбрал Црквата: работава е „дупло голо„, што би рекло лицето Б.Ц.
 
:facepalm:
Ок, која е твојата религиозна вистина, а која е мојата?
Што мислиш?
Религиозна или атеистичка вистината е една, а тоа е или дека јас сум во право а атеистот и секој останат не, или е дека јас сум во заблуда и некој од атеистите, шаманите, врачовите е во право.
 
Јас своето си го реков.
Јас да, имам една вистина, ти си имаш сосем друга. Вистината е една, но ако има само една личност. А ако зборуваме за колективната (тоа горе што го напишав) тоа е сосема нешто друго.
И ова е еден вид инает. Џабе пишуваме и се убедуваме.:)
 
Религиозна или атеистичка вистината е една, а тоа е или дека јас сум во право а атеистот и секој останат не, или е дека јас сум во заблуда и некој од атеистите, шаманите, врачовите е во право.
Како бе имало вистина религиозна или атеистичка.Не постои такво нешто,нема универзална вистина,ниту тоа се две три или повеќе.Вистината е субјективна.Еве за пример да ти посочам со едно дрво-даб,птицата го гледа дрвото како место каде што може да си направи гнездо и да и биде дом,свињата за да си го исчеша грбот и да ги користи неговите желади за храна,а додека човекот кога ќе дојде есен за да го исече и да го користи за огрев.За секого од нив тоа е вистина,ама едното за другото не е вистина.Така е и со ова со нашиот свет,секој од нас со своите верувања различно си ги толкува работите,за некој Бог го створил светот,за друг тој е створен со Биг Бенг,за трет ништо не е важно,само да ги искористи сите придобивки и да ужива се дури има можност.
 
Религијатата, како поим, означува „релација со Бога„.

На човекот може да му понуди повисока смисла од овоземното битисување, и конечно: спасение, вечен живот и враќање на човекот во првичната заедница со својот Творец.

.

Епа тоа де.

Релацијата е човек-Бог. Што бара посредник тука?:)

Ем не си го разбрал стихот, не не си ја разбрал Црквата: работава е „дупло голо„, што би рекло лицето Б.Ц.

Па според погорното испаѓа дека не ќе да сум ја тој што не разбрал.

Стихот е јасен ко бел ден. Јасна е и Црквата Христова што е.:)

Повторно, нејасно е што мајка бара посредник меѓу тебе и Бог.
 
Како бе имало вистина религиозна или атеистичка.Не постои такво нешто,нема универзална вистина....
Грешиш! Универзална вистина е дека сонцето сабајле изгрева а заоѓа навечер. Ете ти една... Ако побуричкаш, ќе најдеш мнооогу универзални вистини. Меѓу нив е и вистината за тоа дали постои Бог или не.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Bog
Грешиш! Универзална вистина е дека сонцето сабајле изгрева а заоѓа навечер. Ете ти една... Ако побуричкаш, ќе најдеш мнооогу универзални вистини. Меѓу нив е и вистината за тоа дали постои Бог или не.
Некои прашања не заслужуваат одговор,така да и ова,дали постои Бог.А во врска со примерот со изгрејсонцето и зајдисонцето еве ти друго:На сите планети во Сончевиот систем постои изгрејсонце и зајдисонце.Додека Сонцето е едно,сите изгрејсонца и зајдисонца на сите планети од Меркур до Плутон се различни.Тука нема апсолутна(универзална) вистина,туку релативна(субјективна) вистина.
 
Како бе имало вистина религиозна или атеистичка.Не постои такво нешто,нема универзална вистина,ниту тоа се две три или повеќе.Вистината е субјективна.Еве за пример да ти посочам со едно дрво-даб,птицата го гледа дрвото како место каде што може да си направи гнездо и да и биде дом,свињата за да си го исчеша грбот и да ги користи неговите желади за храна,а додека човекот кога ќе дојде есен за да го исече и да го користи за огрев.За секого од нив тоа е вистина,ама едното за другото не е вистина.Така е и со ова со нашиот свет,секој од нас со своите верувања различно си ги толкува работите,за некој Бог го створил светот,за друг тој е створен со Биг Бенг,за трет ништо не е важно,само да ги искористи сите придобивки и да ужива се дури има можност.
Мама миа колку лош пример.
Ова е автогол и тоа голем.

Значи вака, дрвото е дрво и тоа е универзална вистина. Дали за тебе ќе биде за огрев, дали за птицата куќа, дали за Рајко нешто друго....воопшто не е битно, битно е дека дрвото е дрво и тоа е Вистината.

Вакви примери за религиите имам кажано преку 100, дека Една е Вистината, можете да ја искривувате колку сакате.

ПС. Не ни треба помош со вашите автоголови, ние и самите знмаеме да даваме голови.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom