
(за болдот, интересно е )
Ај сега да ти кажам друг пример од мои блиску луѓе. Одеа во Скопје кај еден отец, имаа болно дете и нон стоп му пекаа и го прашуваа отецот како можат да дојдат до чиста мисла и молитва, зошто никогаш не го виделе или чуле Бог. Овој цело време им одговараше, молете се, ќе ве чуе (нели логички ретардирано личи сето ова, но пратете ме докрај и потоа изнасмејте ми се). И си продолжија луѓето со исто темпо.
Една вечер мажот сонува како некој човек го гледа низ клучалка, така посиромашен, стои пред врата и гледа на кај дупчето. Тропнал неколку пати и потоа си влегол внатре во куќата. Мажот се разбудува и гледа нема ништо, сфаќа дека е сон. Останува така да лежи со подотворени очи додека дремка повторно не го надваса, ко во меѓувреме жена му срипува како од кошмар. Ја прашува што се случило а таа му одговара дека сиромашен човек влегол во нивната куќа, побарал вода, таа му дала, потоа си послал и си легнал на земјата. Потоа го споредуваат описот на човекот и тој се поклопува до најмал детал, од изглед до облека. Одат кај отецот, раскажуваат уште истиот ден. Овој им отворил книга и им го покажал ликот од нивните соништа. На истиот ден бил Св.Никола. Подоцна ги запознава со приказната за животот на светецот и неговите страдања.
Јас и до ден денешен сум во двоумица за ова нешто, но која е веројатноста така да се поклопат едно по друго дејствата со исти опис? Се согласуваме дека е чудно, е сега тоа е нивно искуство, не наша, и можат да го споделат само со кажан збор, а на кажаниот збор човек секогаш може да се посомнева и то е то. Колку и да звучи чудно, ретардирано, нелогичко, тоа постои.
Имаш нели повеќе проучувања. Бог постои во човечки мозок. Во унивезитет е создадена направа која создава мали струички, нешто како шлемче, ти ја тураат на глава и добиваш интересно искуство.
Имаш и теорија дека ние сме како во СИМС, чоечиња кои играат во некоја супер машина. Доказ вика братов, зумирајте чоечко ткиво, кожа, ќе ви се појават пикселчиња.
Кхз, во суд не бараат докази или факти, туку од едните ги изведуваат фактите

Постапка е таа.
И не е малку чудно да се верува во потсвест и свест, кога и тука има полно контрадикции околу нивно функционирање и работење. Нели и тие не се гледаат по дифолт, а сите употребуваме, разум (и веруваме дека постои), свест, потсвест и слично (демек сме искусиле).
Муабетов ми е дека има мал милион необјаснети чуда кои и пркосат на науката. Има мал милион чуда од дамнешни времиња кога човековата мисла била подзатупена и уназадена, а сеуште и пркосат на денешната, кај нас позната со секој изминат ден, мисла на максимална точка созреаност.
Тек да не спомнувам соништа кои навестуваат смрт. Соновите се чудна работа, но тоа е веќе друга тема, да не ја отворам.
Сега излегувам да прошетам малку, така уба е ноќва. Бидете поздравени.