Порталот Струмица Денес информира дека е уапсено лицето А.Н. за кое се тврди дека било телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев
Според неофицијални информации до кои дојде порталот Струмица Денес, уапсено е лицето А.Н за кое се тврди дека бил телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев.
А.Н е уапсен поради основано сомнение дека намерно подметнал пожар во атарот на брана Водоча, кај Струмица.
Апсењето на А.Н денеска го потврдија од МВР ..
-Синоќа полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Н. поради сомнение за сторено кривично дело. Во координација со ОЈО Струмица се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.