Пожари низ Македонија – случајност или намерно подметнување?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато

Поради подметнување на пожар кај браната Водоча, уапсен телохранителот на Зоран Заев

Порталот Струмица Денес информира дека е уапсено лицето А.Н. за кое се тврди дека било телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев

Според неофицијални информации до кои дојде порталот Струмица Денес, уапсено е лицето А.Н за кое се тврди дека бил телохранител на поранешниот премиер Зоран Заев.

А.Н е уапсен поради основано сомнение дека намерно подметнал пожар во атарот на брана Водоча, кај Струмица.

Апсењето на А.Н денеска го потврдија од МВР ..

-Синоќа полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Н. поради сомнение за сторено кривично дело. Во координација со ОЈО Струмица се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.

710313.jpg
 
Нова будала уапсена

Можеби треба од властите да размислат за ангажирање на оператори на дронови кои ќе патролираат почесто
 
Нова будала уапсена

Можеби треба од властите да размислат за ангажирање на оператори на дронови кои ќе патролираат почесто
Чим е од Арнакија аутоКтон е . Џабе е и Нато да патролира со ф-16ки а камо ли па дронови.
 
Само што пристигнаа "спасителите" на нашите шуми, чудно, после двомесечни уништувачки суши, заврна.
 
Не знам дали е за тука ама...

По глава на жител, Берлин троши 100 литри вода на ден. Загреб 135 литри, Љубљана 123 литри, Софија, Атина 160, Мадрид 132, Лондон 140, Париз - 150 литри вода по човек дневно.
А Скопје? Скопје - 700 литри вода по глава на жител!
 
По математикава еден каур плаќа за 5-7 шошовци вода. Затоа е 700 литра.
Фантомското трошење на диво се рачуна кај пријавените со саат.
 
Нешто многу се зазбореа за водата. Сега и Струмица водостопанство реагира. Ако сакаат да ја поскапат или да ја флашираат и продаваат, нека кажат, не вака лаги и паралаги нонстоп да плаќаат по медиуми.
Т.е. кога даваат вакви податоци, ред е да дадат колкава количина е влезена во системот, колкава се наплаќа на сметките на фирмите и физичките лица.
Прибидејќи не сите медиуми верглаат вакви небулози треба да се види и другата страна на паричката:
Само 37 проценти од вкупно произведената вода лани била фактурирана, додека речиси 40 проценти (39,96%) од водата од изворите Рашче, како и од бунарските подрачја Лепенец и Нерези завршува во „матно“. Станува збор за физички и комерцијални загуби од вкупниот влезен волумен на вода во системот, што е голем процент ако се има предвид дека дозволената загуба на вода во системот е 20 проценти.

Друга работа е што сметаат вода за 422 илјади лица, статистички нонсенс од пописот, како да е Скопје 1981 година. И трета работа, нека си ги сменат цевките, некои од нив се постари и од мене.

Патем, почисти сме биле од европјаните. Затоа французите го украдоа тронот за парфеми, воопшто не се бањале.
 
....Во меѓувреме, во овие тешки времиња на глобално затоплување и пожари што ги погодуваат сите медитерански земји, ќе мора да го изедначиме палењето со убиство во Кривичниот законик“, напиша Рама.....
 
Како ќе легне едно зградиче овде.
Стевче трља раце.
Не знам дали има друг од Карпош овде. Ама у Карпош нас нѐ трујат со месеци. И зиме и лете. Оние од Злокуќани и Бардовци највише. До кога вака?
 
Како ќе легне едно зградиче овде.
Стевче трља раце.
Не знам дали има друг од Карпош овде. Ама у Карпош нас нѐ трујат со месеци. И зиме и лете. Оние од Злокуќани и Бардовци највише. До кога вака?
менување на законите, каде би било предвидено дека на опожарено место има забрана за градба едно 15-20 години

нешто слично Грција сакаше да воведи или веќе воведе
 
менување на законите, каде би било предвидено дека на опожарено место има забрана за градба едно 15-20 години

нешто слично Грција сакаше да воведи или веќе воведе
Ја би стаила 30 год.
Некои на 40-50 шо се сеа, има да фатат мувла дур им дојде прилика.
 
Шпанија има на 30 год . Постирав негде погоре.
 
Подметнување на пожари, во диви депонии , може да биде и во функција и во предизборни кампањи, ИАКО кај нас на Вардариште 45 години се гори отпад, кога ја направија Дрисла, тука се направија ОТПАДИ....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom