Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
А што ако во Пулс оделе 20 или 30годишници, ќе сменело нешто?
Мислам дека годините не се битни, има и 20-30г, па и постари, кој ќе се начукаат во некоја дупка, но за децата постои и одговорност на родителите. Факт е, на Светско ниво, дека Дискотеките се Опасни, има многу несреќи, па по Пулс имаше уште посмртоносна несреќа, мислам во Барбадос, не пожар, туку се урна таванот, а мислам се уште не открија што била причината...Јас да се прашам, сите масовни собиранки би ги забранил, не само дискотеките...па има рушење на скали на стадиони, се гине од стампедо дури од гужви кога се буткаат во супермаркети кога почнуваат божиќните попусти итн...уште 1952 на стадионот ЈНА во Белград, татко ми беше, играле Југославија - Унгарија, под притисок на толпата од горе надолу, на едно место изгинаа неколку луѓе кој беа згмечени во оградата на теренот. Па во УК уште го одбележуваат случајот Хејсел, а во Јужна Америка имаше повеќе такви случки. Кога на авто трка во Швајцарија во 50/60 тите излета возило во публика и изгинаа луѓе, Швајцарија ги Забрани авто трките.
Не амнестирам никого за Пулс, но има една друга работа која се занемарува. Кога ќе се забранат грото ризични дискотеки, деца навлечени на дискотеки ќе се собираат во диви објекти, каде исто може да стане некој пожар, посебно од електрична инсталација....а да не отварам темата за консумирање дрога на разни собиранки....башка што сите Собиранки, па и најбанални како свадби, често стануваат место на тепачки помеѓу алкохолизирани гости.... Па и во Пулс една од причините за голем број жртви беше премногу луѓе во мал простор...
 
За случајов во Кочани најголема кривица имаат инспекциите.Нивна е одговорноста.Тие се тие кои треба да одлучат дали некој објект смее или не смее да работи.Џабе се оставки во влада ако инспекторите не си ја бркаат работата.Е сеа министерот кој е надлежен да ја следи работата на истите треба да поднесе оставка ,пошо не си ја завршил работата ,тоест не ги исконтролирал истите како си ја вршат работата на терен.
 
Турците се ригорозни кога ќе стане голема работа...но битни се сите случки...во Гостивар 2 по ати за 4-5 години имаше пожари во станови , најверојатно од неисправни (непрописни )електрични инсталации, Таравари 2 пати прогласуваше д3н на жалост, но Истраги немаше, само вториот пат и тоа не за причините на пожарот туку поради врзување на дете со посебни потреби за радијатор, а кое загина во пожарот. Се сеќавам уште на времето кога Пенов беше градоначалник, загина инвалид во кол8чка во Ново Лисиче од пожар во поткровје, каде непрописно инвеститорот направил електрична инсталација во двена конструкција. Тогаш Пенов најави истрага, дека некој ќе одговара, ама ништо од тоа, демек кај нас вон гарантен рок од 2 години не важеле ни проектански грешки. ...Значи треба во станбена зграда да изгорат многу луѓе, па да им текне што е тоа проектантска грешка, научени на технички прием во кафана.
Во зградата кај живеам сега, над таблата има пвц корито во кое се канализациони цевки. Кога се градешезградата, јас наминував и му реков на надзорот, тој кажа ама ќе издржи додека отидам во пензија....овакви работи има на стотици места, ама Урбаната мафија мува не ја лазе... Не треба да се чека пожар за да се реагира за овакви работи. Ама најголем проблем се новите закони кој си ги издејствува Урбаната мафија...слично е и за деловни објекти. А да потсетам дека Џонсон му урна на наш градежен гигант цел голем ѕид од хала во индустриската зона поради отстапување од проектот...да беше наш инвеститор нема да можеше...
 
 
Мислам дека годините не се битни, има и 20-30г, па и постари, кој ќе се начукаат во некоја дупка, но за децата постои и одговорност на родителите. Факт е, на Светско ниво, дека Дискотеките се Опасни, има многу несреќи, па по Пулс имаше уште посмртоносна несреќа, мислам во Барбадос, не пожар, туку се урна таванот, а мислам се уште не открија што била причината...Јас да се прашам, сите масовни собиранки би ги забранил, не само дискотеките...па има рушење на скали на стадиони, се гине од стампедо дури од гужви кога се буткаат во супермаркети кога почнуваат божиќните попусти итн...уште 1952 на стадионот ЈНА во Белград, татко ми беше, играле Југославија - Унгарија, под притисок на толпата од горе надолу, на едно место изгинаа неколку луѓе кој беа згмечени во оградата на теренот. Па во УК уште го одбележуваат случајот Хејсел, а во Јужна Америка имаше повеќе такви случки. Кога на авто трка во Швајцарија во 50/60 тите излета возило во публика и изгинаа луѓе, Швајцарија ги Забрани авто трките.
Не амнестирам никого за Пулс, но има една друга работа која се занемарува. Кога ќе се забранат грото ризични дискотеки, деца навлечени на дискотеки ќе се собираат во диви објекти, каде исто може да стане некој пожар, посебно од електрична инсталација....а да не отварам темата за консумирање дрога на разни собиранки....башка што сите Собиранки, па и најбанални како свадби, често стануваат место на тепачки помеѓу алкохолизирани гости.... Па и во Пулс една од причините за голем број жртви беше премногу луѓе во мал простор...
Сите сме оделе по дискотеки кој веројатно биле неисправни како Пулс.По твојата логика дека родителите се криви не ти држи вода.Ако се функционирало како што треба прво немало да има дискотека, второ и да имало требало обезбедувањето да регулира колку луѓе ќе влезат и кој луѓе ќе влезат внатре.Плаќаме даноци на оваа држава по 1/3 од нашата плата за луѓе како овие обвинетите да не штитат нас и нашите деца.
 
се разбирам со протестите за Пулс, ама мислам дека се Минимизира модуларниот крематориум...Во дискотека или бар НЕ МОРА да одиш, а во Ковид Болница и насилно ги носеа луѓето. Друго, Никаква одговорност не е побарана за родители кој пуштале сами деца , наводно и деца под 14г во дискотека и тоа до 03ч ноќе ????
Тресиш глупости
 
Сите сме оделе по дискотеки кој веројатно биле неисправни како Пулс.По твојата логика дека родителите се криви не ти држи вода.Ако се функционирало како што треба прво немало да има дискотека, второ и да имало требало обезбедувањето да регулира колку луѓе ќе влезат и кој луѓе ќе влезат внатре.Плаќаме даноци на оваа држава по 1/3 од нашата плата за луѓе како овие обвинетите да не штитат нас и нашите деца.
Не пишав дека е како што треба...А ако навистина има закон со кој може 13-14 годишно дете само да оди од Куманово во Кочани во Дискотека и да седи до 03ч, тогаш се повлекувам и не дискутирам воопшто. Мене и другарот не стаи милиција во комбе во 22.10ч, 1966 во Пула, а имавме по 16 години, седевме на клупа до колата на татко му, чекавме да дојде, пред тоа бевме на филмски фестивал. Во Скопје, во населба Н.Лисиче, пред 20 години, на пријателка на сопругата ги казнија јако бидејќи синот бил во 23ч пред зграда а немал лична карта, 17г. Можеби сега се други закони или преќутно не се поштуваат ?. Така преќутно пуштиле во Дискотеката многу повеќе луѓе, мислам без БИЛЕТ... Не реков да не се казнуват виновните за Пулс, ај да видиме. Патем, наближува датумот за казнување по камери, ама на раскрсници само јас како будала свирам на тие што упорно возат на црвено, сечат полни линии и се убацуваат на раскрсница или возат во спротивна насока. Ич муабет да не праиме за пешаци кој одат ко на пазар по сред улица со мобилни. Дали НЕКАЗНУВАЊЕ на недисциплираните е Тактика да се скријат криминалите на големите, не знам. Исто така, околу Пулс, не ми е јасно кој ги лаже дека ќе се изгласа закон за обештетување, само за жртвите од Пулс ?? Одма ќе тужат во Стразбур и други, за жртви од многу други случки...
 
 
Nekako mnogu iznenadeni site. Pa pola objekti imaat vakov fiktiven elaborat. Nekoj da se zaprasal kako smislile sistem vo koj privatni firmi si pravat kontrola megju sebe :)

Не е во прашање никаков систем, туку проста искорумпираност на сВе живо кое во „нашата земјата„ фатило позиција и фотелја...
 
Од 4000 евра долг по глава на жител сега сме дупло и преку тоа...ете тоа е проблемот. Или ако идеме малку подлабоко, постојат сили, сфери на влијание и сфери на контрола. Ние сме под тотална контрола на некој што го боли цеф дали е долгот 4000 евра или 100000, уствари што повеќе толку полесно ќе станеме плен за банките кои им се уште еден инструмент за контрола. Имаше обид после 2010, ќе беше добро да пробаме малку со оние кои се залагаат за мултиполарен свет амаа возот отиде. Нема да има следна шанса затоа што следна голема случка која ни следи е нешто слично на балканските војни.
И така, овој брод тоне....и секој што ќе дојде на власт и што е на власт сега го гледа тоа. Едноставно кажано, оде воз у кукуруз.
 
Кафичот си е отворен пак со сменето име, се пее и се пие. Барем ентериерот да го реновирале.
Децата за џабе умреа, ништо не се смени и нема да се смени. Кочанчани испаднаа огромни идиоти, без емпатија и свест. Не ги казнија партиите, ѓубре пак си има насекаде, на никој не му е гајле за ништо.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom