Мислам дека годините не се битни, има и 20-30г, па и постари, кој ќе се начукаат во некоја дупка, но за децата постои и одговорност на родителите. Факт е, на Светско ниво, дека Дискотеките се Опасни, има многу несреќи, па по Пулс имаше уште посмртоносна несреќа, мислам во Барбадос, не пожар, туку се урна таванот, а мислам се уште не открија што била причината...Јас да се прашам, сите масовни собиранки би ги забранил, не само дискотеките...па има рушење на скали на стадиони, се гине од стампедо дури од гужви кога се буткаат во супермаркети кога почнуваат божиќните попусти итн...уште 1952 на стадионот ЈНА во Белград, татко ми беше, играле Југославија - Унгарија, под притисок на толпата од горе надолу, на едно место изгинаа неколку луѓе кој беа згмечени во оградата на теренот. Па во УК уште го одбележуваат случајот Хејсел, а во Јужна Америка имаше повеќе такви случки. Кога на авто трка во Швајцарија во 50/60 тите излета возило во публика и изгинаа луѓе, Швајцарија ги Забрани авто трките.А што ако во Пулс оделе 20 или 30годишници, ќе сменело нешто?
Не амнестирам никого за Пулс, но има една друга работа која се занемарува. Кога ќе се забранат грото ризични дискотеки, деца навлечени на дискотеки ќе се собираат во диви објекти, каде исто може да стане некој пожар, посебно од електрична инсталација....а да не отварам темата за консумирање дрога на разни собиранки....башка што сите Собиранки, па и најбанални како свадби, често стануваат место на тепачки помеѓу алкохолизирани гости.... Па и во Пулс една од причините за голем број жртви беше премногу луѓе во мал простор...
