Ти ја разбирам поентата, али премногу преовеличуваш, етничките Турци имаат иста ако не и полоша демографија од етничките Руси моментално.
Во станциве со исклучок на Авганистан, никој нема веќе ни 3 деца во просек какви 5-6, во Казахстан Русите сеуште имаат голем процент, 3 милиони (15% од популација)
И не е ова среден век па кој има најголема популација е автоматски најсилен, помина времето на лакот и стрелата, па една мала Германија од 60милиони пред речиси 100 години војуваше со пола свет и добро се носеше, замисли тек денес со цел овој развој колку помалку е потребна човечка сила.
Впрочем, подобро да имаш 50 милиони надвор од граница, него внатре како што има ЕУ, па што мислиш со ваква демографија дека нешто друго ја чека една Франција и Германија од Русија?
Русија бар има територија за давање, можат уште 1000 години да даваат територии на секое малцинство кое веќе не се исплати да го држат, и пак ќе имаат огромна територија, европјаните шо ќе даваат, и така веќе се тискаат со мигрантиве од нив нема кај да побегнат во сите градови ги има.