Сите тие СТАНЦИ имаат еден заеднички непријател а тоа е Русија која е демографски девастирана, економски тотално зависна и пиун на Кина, заглавена по ниви во Украина што остава простор Американците и Британците да бидат дочекани на голема врата без испален куршум.
Еден огромен проблем кој виси над Русија во наредните 30 години е Кина на која и одговара ваква Русија тотално зависна од Кина и која кога тогаш ќе проба да поврати делови од Русија за која смета дека има право.
Едно е на врат да ти диши Ерменија и Грузија, а сосема друго да ти дишат држави по 40-50 милиони жители со 5-6 деца у просек по семејство, јазично, верски и културолошки тотално хомогени, а сите ги спојува еден заеднички непријател - Русија.