Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Имам nexus 4 и неможам да го поврзам со лап топ преку usb т.е ми излегува порака дека драјверот не е успешно инсталиран...во my device гледам дека имам MTP device driver и кога притискам update driver ми покажува дека веќе ми е инсталиран драјверот, а кај што стои nexus 4 има знак извичник ?
и јас истиов проблем го имам со sony x peria tipo некој нека поможи :(
 
А да пробате да отидете на официјалниот портал од производителот и да го симнете оригиналниот драјвер + сјуит?
 
Да не има некој од новиве LG L серија, пример L70?
 
Дали некој знај како да си го ресетирам Security Code за Nokia Asha 311 пошто го имав еднаш сменато и си го заборавив...
 
Дечки како да одчипува(вајда вака се вика)телефон да работи на оне а не само на т-мобиле.И отприлика колку пари би ме чинело
 
Дечки како да одчипува(вајда вака се вика)телефон да работи на оне а не само на т-мобиле.И отприлика колку пари би ме чинело

Пиши точно кој модел на телефон, ќе ти пишат дечките што одкодираат цена по порака, само прво треба да ни кажеш каков мобилен имаш :)
 
Го земав за сестра ми и телефонот е супер. Не се мисли дур го има земај :)
Па и не се мислам, се одлучив за него во конкуренција со Идол мини, само што немаше овде во салонот кај мене, рекоа дека во понеделникот ќе добијаат нова пратка, па немаше, најново е дека за денес било префрлена испораката. :vozbud:
Гледам на ибеј се продаваат unlock кодови за сите земји и оператори. Има досега некој такво нешто купувано? Дали прво и прво работи, дали е безбедно, мождам ли сам да го направам и дали во случај да има потреба може повторно да се врати телефонот како што бил, т.е. заклучен и после да се отклучи со истиот код?
 
Го земав за сестра ми и телефонот е супер. Не се мисли дур го има земај :)
Ако на некој му требаат футроли за елџиво, само што добив мала количина :D
Иначе во т-мобиле веќе го немаат, им се потрошиле сите од залиха, но за 10тина дена ќе стигнел пак.
 
Сакам да нарачам екстерна батерија.полнач преку која со кабел ќе може да го полнам телефонот додека сум на пат. Јачината на екстерниот полнач е негде 5600 mAh a на батеријата на телефонот 2300 mAh.

Сакам да прашам, дали некој има искуства со вакви батерии?
Колку време ќе биде потребно да ми се наполни батеријата на мобилниот од екстерната батерија?
Мислења дали се исплати да се нарачува? :)
 
Која е цената?
инаку вакви екстерни батерии вршат доста работа ... би требало еднаш до 1.5 пат да ти ја наполни батеријата
брзината е приближно како на полнач
 
Која е цената?
инаку вакви екстерни батерии вршат доста работа ... би требало еднаш до 1.5 пат да ти ја наполни батеријата
брзината е приближно како на полнач
500 денари. Не е нешто скапа ако врши работа, а ако се чека 5 саата да ти го наполни телефонот ондак пиши пропало.
 
500 денари. Не е нешто скапа ако врши работа, а ако се чека 5 саата да ти го наполни телефонот ондак пиши пропало.
Врши работа и би требало околу 3 саати да е полнењето
сепак ... тоа не е полнач туку бекап батерија за "зорт" :)
нарачај си не е скапа
 
Денес купив телефон на поспејд од т-мобиле, се најнормално работеше се додека не ја извадив сим картичката. Сега пробувам да ја вратам и не ја чита ни на новиот телефон ни на стариот. Зарем е можно да се оштетила од само едно вадење?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom