Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Sony Xperia E4G
Sony Xperia E4
Samsung Galaxy Trend Plus
Кој е најдобар од овие? :)

 
Дечки ако може совет да ми дадете пошо гледам дека се разбирате поприлично а јас сум тапа за телефониве. Сакам да зеам Galaxy s6 али од мобилариве негде. Пошо превари се праат реално и башка сегде по мобилариве се отпаковани овие телефони со изговор дека морале да проверат шо има внатре или дека требало да се удри печат на гаранцијата. Па ако знае некој да ме упати у муабетов што е работава. ФАЛА :)
 
Sony Xperia E4G
Sony Xperia E4
Samsung Galaxy Trend Plus
Кој е најдобар од овие? :)

Xperia e4g е мојот предлог.Самсунг иако е самсунг е послаба класа хардвер од сонито.е4г има подобар хардвер од е4 ама и за малку помал екран,ама тоа не е битно пошто имаш 4г конекција.ако зимаш од вип на special тарифа сите ти се 0 денари.така да сони е4г.позз
 
На ќерка ми пред три месеци и го украдова новиот мобилен по 1 недела,Самсунг галакси( цена беше 600 Е)
Го пријави тој случај во МВР но и се опрости од него, си купи друг 10 пати поевтин-поскромен,што не се крадат.
Вчера се јавуват од МВР, да дојдете да си го земете мобилниот. Отиде ќерка ми и и го дадоа(и си го позна,ставила некој знак,една точка отпозади)
Не и кажале кој е крадецот ( само купувачот се знае 100% и го платил 300 Е, отишле јабана тие пари)
 
имам alcatel idol 2 и не сака да се уклучи. полна беше батеријата, а ни ми паднал ни ништо.
 
имам alcatel idol 2 и не сака да се уклучи. полна беше батеријата, а ни ми паднал ни ништо.
Извади батеријата и пак стави ја, стави го на полнач и нека стои пола саат па пробај

Sent from my Galaxy Note 4 [SM-N910F]
 
Здраво...
Вчера ми падна телефонот и го скршив стаклото на екранот.. па ме инетресира кај можам најефтино да го сменам. Се работи Note 2 ... до сега прашав во и бутик и таму ми бараат 2500 . Пооефтина варијанта ?
 
Извади батеријата и пак стави ја, стави го на полнач и нека стои пола саат па пробај

Sent from my Galaxy Note 4 [SM-N910F]
пробав го ставив на полнач. иначе не се вади бареријата фабрички затворен е. на сервис треба изгледа
 
Здраво дечки...иам 2 линии на телефонот и кога зборам на 1-ва линија у меѓувреме ми ѕвони 2-ра линија, но кога сакам да се јавам на 2-ра линија ми гаси и на 1-ва и на 2-ра, а некогаш се дешава да не гаси, некој да не знае што е проб.?...се работи за Алкател Идол.
 
Здраво...
Вчера ми падна телефонот и го скршив стаклото на екранот.. па ме инетресира кај можам најефтино да го сменам. Се работи Note 2 ... до сега прашав во и бутик и таму ми бараат 2500 . Пооефтина варијанта ?
Ако сакаш квалитетна промена таа е цената, се работи со ув лепак како фабрички што се лепени

Кој сакал да помине поефтино, или гледал пробал сам, ќе го оштети екранот па ќе си плати екран со тач, тоа е 8500 денари[DOUBLEPOST=1431793788][/DOUBLEPOST]
пробав го ставив на полнач. иначе не се вади бареријата фабрички затворен е. на сервис треба изгледа
Алкателите знаат да рикнат оддеднаш, треба да се отвори да се види
 
Ми треба дисплеј за хтц м7. Кој можи да ми помогни и да ми кажи колку пари оди од прилика, со се куќиште да биди. Поздрав
 
Достапно е ново системско ажурирање...одамна ми стои и не сум го ажурирал , да го ажурирам или не , сеплашам да не ми го закочи телефонот инаку станува збор за Sony Xperia L??
 
Достапно е ново системско ажурирање...одамна ми стои и не сум го ажурирал , да го ажурирам или не , сеплашам да не ми го закочи телефонот инаку станува збор за Sony Xperia L??
Која верзија ја имаш моментално? веројатно имаш 4,1 па имаш надградба за 4,2,2 ... прочитај коментари за новиот софтвер, мада на тие телефони може и да се успори
 
Која верзија ја имаш моментално? веројатно имаш 4,1 па имаш надградба за 4,2,2 ... прочитај коментари за новиот софтвер, мада на тие телефони може и да се успори
Ажурирав сега имам 4,1 одма после ми стигна ново ажурирање да го инсталирам или не ??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom