Потона брод во Охридско езеро

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Страшно, жал за умрените, зар треба да се случи некоја трагедија за некој да си стави прст на глава и да сфати дека нешто не е во ред со тие бродови кај Охридско?
Мислам дека кажаа дека немало македонски државјани во бродот
 
Да потонеше во Тихи океан немаше да ме зачуди ама да потони во Охридско ЕЗЕРО. Се на се 30 мин е вожњата и пак се случуваат вакви глупости. Сигурно на тој брод не му е напраен ни еден преглед летово, а тоа шо качиле 20 луѓе плус ти е типична македонска работа. Да се наплаќаше за лифт сигурно по 15 души ќе качуваја исто како шо качуват 40 во комбе за 20.
 
Појаси? Хех, абе ние немаме време шопска да ви напраиме, појаси ...

Голема е трагедијата. Никој не ги обвинува охриѓани (добро, некој ги обвинува...), ама факт е дека најверојатно лакомоста за профит на капетанот (и сопственикот) и негрижата за бројот и патниците се причинители на оваа несреќа. Какви бранови, какви бакрачи... Да потонал бродот од бранови, изјавите на очевидците ќе почнуваа со „имаше големи бранови“, а не „се слушна експлозија и бродот се преполови на пола“. У пичку матер, ептен сум гневен.

Тоа е, го пренакрцале и им рокнал. Ама океј, да ги почекаме официјалните информации од МВР.
 
Тоа ти е македонска работа. Наводно бродот технички бил исправен ама сепак имало повеќе луѓе од дозволеното. Кога кај нас не се почитуваат стандарди и ограничувања кога тогаш ќе се случи нешто такво.

Чекам повеќе детали, бидејќи сепак не било далеку од брегот, а и сигурно не потонал во момент, така да можеби и можело нешто повеќе да се стори.
 
Официјално утре е ден на жалост.


Бог нека ги прости и лесна им земја ...
 
Влезете 15 души во технички исправен лифт, во кој е дозволено да се качат четворица, па види што ќе се случи...
 
Е бродот бил за 42 у него се качиле 53. Греота за луѓето
 
Тоа што немало појаси е голем пропуст иако овој пат не е било до појасите, немало толку време да ги стават и ќе имало неред на бродот кој побрзо да дојде до појас. Не е тоа некој Титаник па да тоне 2 сата. Појасите нема да спасеа никого, експлозијата онесвестила и сигурно дел од патниците биле затрупани и неможеле да го напуштат бродот. Значи не се криви ни државата ни Охриѓани сегде се случуваат вакви несреќи.
 
Нека почиваат во мир.


Деца имало од жртвите?
 
Тоа што немало појаси е голем пропуст иако овој пат не е било до појасите, немало толку време да ги стават и ќе имало неред на бродот кој побрзо да дојде до појас. Не е тоа некој Титаник па да тоне 2 сата. Појасите нема да спасеа никого, експлозијата онесвестила и сигурно дел од патнивите биле затрупани и неможеле да го напуштат бродот. Значи не се криви ни државата ни Охриѓани сегде се случуваат вакви несреќи.

немало да се деси ако не се преоптоварел ...
минимум 70 имало качено спрема досегашниве бројки ...
 
Бог да ги прости, само се надевам нема ова да влијае на влошување на и веќе влошените македонско бугарски односи, а дека ние сме криви криви сме, тоа е очигледно сакале во една тура да извозат 50 души а требало да ги преполоват,.ама ќарот иде пред животот изгледа, македонска работа, не не бива за ништо абе не е ова кола па гума да се дупне и да излета аутото од авотпатот него брод е ако го преполниш ќе потоне.
 
brod-nesreka.jpg


brod-nesreka1.jpg

 
Појаси? Хех, абе ние немаме време шопска да ви напраиме, појаси ...

Голема е трагедијата. Никој не ги обвинува охриѓани (добро, некој ги обвинува...), ама факт е дека најверојатно лакомоста за профит на капетанот (и сопственикот) и негрижата за бројот и патниците се причинители на оваа несреќа. Какви бранови, какви бакрачи... Да потонал бродот од бранови, изјавите на очевидците ќе почнуваа со „имаше големи бранови“, а не „се слушна експлозија и бродот се преполови на пола“. У пичку матер, ептен сум изгневен.

Тоа е, го пренакрцале и им рокнал.
И јас сакам да додадам за тоа. 3 Години одам на одмор во Охрид и од година во година ја гледам се поголемата лакомост кај луѓето (Охриѓаните). Колку што е можно повеќе и повеќе да заработат. Секој ден кога се возев во такси, шоферите од кола на кола се пцујат, возат брзо, не ги почитуват собраќајните правила, сето тоа за да може брзо да ги пренесе патниците од едно на друго место и да се врати пак за да може повторно да зема некој денар + а не размислуват колку возат, и дека може од една ситна грешка од својата лакомост да загинат. Ова што се случи и не ме чуди многу. Жално е само што многу невини лица загинаа заради на некој да му биде подолг џебот.
 
Бог да ги прости, само се надевам нема ова да влијае на влошување на и веќе влошените македонско бугарски односи.
Незнам како би можел некој да помисли на ова при ваква трагедија... Ако има вина, таа е најверојатно поради преоптовареност на бродот. Ако е така, тогаш се знае чија е вината - на капетанот. Не на охриѓани или на Македонците како народ. Не сме ги застрелале туристите, побогу... Не зборете глупости.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom