Потона брод во Охридско езеро

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не е Илинден за возење, не е! Од сигурни извори знам дека и возачот на бродот бил неискусен! Нека почиваат во мир, џабе се препуцавате чија е одговорноста, луѓето си заминаја.

јас баш летово имав прилика неколку пати да се возам со кајчето на газдата на Илинден и правевме муабет во врска со бродот. еден ден го немаше пуштено бродот за свети Наум и го прашав зошто не го пуштил и ми рече стар е бродот, има силен ветер и бран и страв ми е да го пуштам... а возачот од бродот мислам дека е синот од овој газдава, баш збореше за тоа како платил ненормална сум на пари за бродска регистрација и дозвола за да може да го вози бродот..иначе во право си за тоа дека не бил искусен...
нека почиваат во мир
 
Што се` нема човек да стори заради пари.Греота луѓево, сакале само убаво да си поминат:uvo:.
 
Нека почиваат во мир.

Не е прва несрека летово таму. Треба малце некој да се чукне во глава.
 
На пазар 3 вика дека бродот има капацитет од 50 патници, а денеска 17 загинати, 53 извлечени, неофицијално.Бродот бил пренакрцан, преполнет и за тоа може да е крив само капетанот, и никој друг.Ете од алчност што станало


Бродот урена документација и техничка исправност. Првични претпоставки се дека бил претоварен, и имал значително повеќе патници на него од дозволеното. Среќа во несреќа е дека нуркачките екипи на МВР во близина изведувале редовен тренинг, и веднаш штом виделе се вклучиле во спасување. Вклучени се сите капацитети на државата за спасување, МВР, Армијата Охридската капетанија и агенцијата за заштита и спасување. Голем медицински екипи се на самото место на настанот, а министерот за одбрана пристигна на местото 20 минути по несреќата. Околу 12 часот со хеликоптер замина за Охрид министрите за внатрешни работи, транспорт и врски и здравство.


далеку сме ние од туризам....

поздрав до државата и службите кој имаат должност да прават редовни проверки и контроли на бродовите место да се дебелеат по кафаните..
 
Според последните неофицијални информации до кои дојде репортерот на АЛСАТ-М бројот на загинатите во несреќата што денеска се случи во Охрид се искачил на 17 лица.
Турстичкиот брод „Илинден“ полн со патници потона утринава спроти охридската населба Елешец на источниот брег на охридското езеро.Неофицијално бродот пренесувал 50-тина бугарски туристи , а потонал за само три минути на место каде езерото е длабоко 20-тина метри
Очевидците изјавуваат за АЛСАТ-М:„ Се скинала сајлата на кормилото на бродот, се слушна експлозија и бродот веднаш потона“.
На помош веднаш пристигнале и бродовите "Галеб" и "Александрија" кои помогнале при спасувањето на туристите од водите на езерото.
Во тек е обемна акција за спасување. На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи и медицински лица. Сите информации до кои доаѓа АЛСАТ-М засега немаат официјална потврда.
 
Досега 17 жртви а се очекува бројот да расте...Инаку според неофицијални информации бродот се прекршил на 2 дела (на пола-најверојатно од претовареност)...Трагедија...:(
 
Да потоне брод на 200-300 метри оддалеченост од брегот и тоа во ЕЗЕРО, не е никој крив освен самиот сопственик на бродот. Мора да е бил дотраен, без никаков преглед во години. А изгледа сите жртви се бугари. Иронична ми трагедијава малце...

Што е иронично, баш ме интересира?
 
P3260006_RasMohammedBoatTrip.JPG


египет - капацитет - 20 патници
стандардизирана туристичка флота, полициска проверка 20 минути пред секоја тура, боци, елеци, дозволи - регулирано


60e41e2f-827f-4025-bc6d-eff732b38426.jpg


Охрид - капацитет 70 патници
 
И на А1 и на Сител
АУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ
 
Охригани ова ви е добриот туризам што го нудите така?врска немате еден брод асален немате
Бог да ги прости најдоа кај да отидат
 
Како што видов на МТВ 1 бродот бил регистриран за 43 души, а се превезувале 70:S:S
Лакомо македонче за пусти пари:S:S
 
И шо к*р ако идат министриве тамо??? шо ќе праат??? Ќе се сликаат за у весник пффффф
Да кажат дека владата ке се погрижи за случајот а да го поправат туризмот не им текнува
 
img_3079.jpg


img_3081.jpg



img_3086.jpg



img_3095.jpg


Мене не ми е јасно зошто се вртите по Охриѓани само? Зарем не е ова Македонска работа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom