Потценети играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата Near
  • Време на започнување Време на започнување
Салах е најценет од сите......кога ќе се спомни Ливерпул само за него се пиши и по него се отсликува клубот....да го спомнеше Фирмињо ќе разберев...ама Салах или Мане нема смисла.
Кога ќе се пише Ливерпул, а коа треба да се бира играч на сезоната, што и да направи и каква и статистика нема везе. Жртва на сопствениот успех.
 
Кога ќе се пише Ливерпул, а коа треба да се бира играч на сезоната, што и да направи и каква и статистика нема везе. Жртва на сопствениот успех.
Па ова се случува во секој голем клуб, не само на Ливерпул. Секогаш ќе има некој што е над сите, ама тоа не ги прави другите потценети. Чави и Иниеста не се потценети иако секогаш биле зад сенка на Меси.
 
Добро де мајку му, како да не го знаете Рики дека е заебант. Не скокајте веднаш.
 
Повеќе има логика да пишеше Мане дека не е доволно ценет, отколку Салах, кој не го цени Салах. Љуѓе што не пратат фудбал имаат слушнато за Салах, како на времето што имаа слушнато за Роналдињо, Зидан. Кај јавноста и кај медиумите е истакнат предводник на Ливерпул до ПЛ и ЛШ трофеите, плус низа индивидуални признанија. Нема логика он да е потценет, ете можеби нема пари од реклами ко Роналдо, ако за тоа мислеше, дека неговата фотогеничност е потценета и дека треба повеќе реклами да снима.
 
Добро де мајку му, како да не го знаете Рики дека е заебант. Не скокајте веднаш.
Реален е, вчера го пиша истото, ама му го избришаа постот, еве го денес пак иде со ѕид во глава.
 
Маркос Љоренте од по ново, дечкото е питбул кој треба да игра прва постава за Шпанија.

Томас Парти е играчина која може да игра прва постава во секој клуб на планетава!

Фабињо од Ливерпул. Се крева многу фама за играчи кои играат на таа позиција а се полоши од него.
Ван Бисака. Можеби не е потценет ама не се цени колку што вреди детето. За мене класа подобар од Трент.
Ван Бисака е подобар од Трент во дефанзива ама во офанзива Трент е играч од друга плането во споредба со Ван Бисака, едноставно детето дава топки како Дејвид Бекам во најдобрите денови.
 
Маркос Љоренте од по ново, дечкото е питбул кој треба да игра прва постава за Шпанија.

Томас Парти е играчина која може да игра прва постава во секој клуб на планетава!

Фабињо од Ливерпул. Се крева многу фама за играчи кои играат на таа позиција а се полоши од него.
Ван Бисака. Можеби не е потценет ама не се цени колку што вреди детето. За мене класа подобар од Трент.
Добро бе што гледаш ти, оти фудбал дефинитивно не гледаш. Трент е генерациски талент како еднаш во десет години искача. Било кој да бира сега десен бек, ќе го одбере Трент пред сите други (добро некој ќе го одбере и Кимих), дури и играчи на Јунатед ќе го одберат Трент пред Ван Бисака. Види ја само топката што ја даде вчера за 4тиот гол на Ливерпул, тоа не се учи.
Не викам дека Ван Бисака е лош бек, напротив супер е и треба само на нападот уште да проработи иако има разлика од пред 2год. Ама за да Ван Бисака стане класа над Трент ќе треба Трент да престане да игра фудбал.
 
Љоренте кога играше во Алавес беше најдобриот дефанзивен везен во цела лигаа таа сезона па никој не го таргетираше и не го таргетираат до ден денес како добар играч и покрај то што можи и голман да игра ако сака.

Еве и Хакими има доста погодоци и асистенции па дали то го прај најдобар бек?

И според вас треба некој да игра 5-10 сезони за да констатираме дека е потценет и преценет? Едноставно е, и три сезони да одиграл имаш право да констатираш дали е преценет или потценет.

Според мене еден бек го дефинираат дефанзивни карактеристики, се разбира дека добар бек треба да има одреден број на асистенции, погодоци и сл. ама има кој да ја брка таа работа.
 
Марио Гомез - класичен напаѓач, нешто слично на големиот Лука Тони. Освои Бундеслига со факинг Штутгарт, фудбалер на годината. Нормално после прави трансфер во Баерн каде освојува уште два пати Бундес, плус ЛШ, најдобар стрелец во 2011 и уште неколку сезони со над 20 голови. Исто има освоено титула за најдобар стрелец и во Турција што не е за потценување. На крај ги врати Штутгарт назад во Бундеслига со гол пред пензија. Како фан на националниот тим на Германија можам да кажам дека секогаш бил одличен, 31 гол на 78 натпревари, прв стрелец на ЕУРО 2012. Класа финишер, добар во игра и со нога и со глава и да не се заборави препознатливата прослава на головите.

Леитон Беинс - овој можеше да игра во подобар тим, одличен лев бек, своевремено топ 3 во ПЛ. Солиден изведувач на прекини, памтам дека има дадено два гола од слободен удар на ист натпревар против Вест Хем, многу поголеми играчи не можат да се пофалат со вакво нешто. Можеби не е потценет за фанови на ПЛ, ама во светски рамки секако. Легенда на Евертон во секој случај.
 
Последно уредено:

Мислам дека Евертон прифати понуда од Баерн на времето за Бејнс ама овој не сакаше да си замине.
Автоматски споено мислење:

Еве
 
Диего Форлан - фудбалски доктор и прав лидер. Не се сеќавам како играше за Манчестер Јунајтед, ама во Виљареал и Атлетико Мадрид играше прејако, а посебно добро играше за уругвајската репрезентација. Таму играше врвен фудбал и беше прав лидер. Освои Копа Америка со Уругвај, а на Светското Првенство во 2010 Уругвај стигнаа до полуфинале каде Форлан играше врвен фудбал и сосема заслужено беше прогласен за играч на турнирот.

Рафаел ван дер Варт - уште едно потценето играчиште. Имаше добар шут со лева нога, а знаеше да прави и добри пасови. Играше добро во Реал Мадрид, а во Хамбург и Тотенхем беше еден од најдобрите играчи. За холандската репрезентација играше редовно каде имаше сосема солидни настапи.
 
Какви се овие глупости, кој ги потценил Форлан и ВДВ?

Или пишувате нешто колку да се напише.
А па едни ценети играчи Ван Дер Варт и Форлан што да ти кажувам. У секоја друга дискусија спомни го ВДВ очите ќе ти ги извадат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom