Пост на кој сте се изнасмеале

Темава е неисцрпна:cuc::pos::pos::pos::pos:
Ај една случка случка од форумов.
Уште во времето кога правевне трансвер од виртуелна македонија, кога Борис ВМ си ги ставаше внуките од миладиновци за супер модераторки и кога нај активни теми станаа
- ДЕНЕС ДОБИВ ПЕТКА МАТЕМАТИКА
- Браво теткино !!
- Ајде да се множат !!
- Леле паметна на чичо.
Во времето кога конекцијата беше дајал-ап и модемот свиреше и пиштеше 15 минути пред да се логираш на нет.
Во времето на еден од првите профили на кајгана.
Си хејтам ја шо си хејтам, како по обичај религија политика ова она, серпико трча по мене мава банови брише Маркус кутриот секогаш го врти другиот образ како добар рисјанин.
Се логирам и гледам порака.
-Ептен си ми интересен ај на МСН еве ти го мојот тааитаа@hotmail.com :eek:
Си викам ова некоја дупешка,ама ја додадов чат пат разменуваме по некој збор онака колку ради реда
-Шо праиш ?
-Ништо еве на работа, ти ?
-Еве и јас на работа.
Така едно добри два месеца, игри не знам што шали заебанции. Кога еден петок ми пишува слушај идеме на кафе ? Јас целиот таков окезен си викам абе оваа нешо ме дупчи.
Презакажувам за следниот викенд демек обавези ова она, пак после некое време
-Абе кога ќе идеме на кафе ?
- Ај утре, у толку и толку сат таму и таму, одговара ?
- Одговара.
Одам јас малку порано заземам позиција и чекам, туку едно време се појавува една девојка АБЕ АВИОН,седам јас така и ја меркам ни на крај памет дека уствари таа е девојката со која што треба да се видиме. Доаѓа точно време ,јас не ни мислам на оваа што ја чекам сум се узјапал накај девојката која што стои од каршија.
Кога ја гледам вади телефон и ѕвони кога оп кај мене почнува Вивалди да пое, пак ни на крај памет дека таа е таа.
-ДА !
-Абе кај си? Eве jас сум пред кафичот.
Ја гледам не можам да поверувам ( очекував или некоја просек, или испод просек ) :love:
- Ти си во црвеното фустанче со жолти цветови !?
- Да јас сум !
- Еве ме ( станав и мафтам со рака )
Се поздравивне си седнавне, муабети ова она почна да ми кажува како нема пријтели во ск, па дреме по мирцови сајтови, како тоа веќе 5 години е во ск и има само 5 пријатели ова она.
Сума сумарум се супер си поминавне, ја однесов дома ми вика ај на кафе , отидов пиевне на терасиче муабет ова она дојде време да си одам.
Уште вечерта прво логирање и почнав зеленки да и лупам на мислењата :D
Зачестено се гледавне почнавне некоја врска без врска, се супер топ девојче. Да напоменам дека девојчево навистина беше авион, висока ,тенка,долга црна коса, кожа ко беба а очи бадеми,мила на фаца абе се чиста 10ка.
Се си течеше супер наредните неколку месеци се додека една другарка не не покани на нејзиниот роденден, јас горд прегорд на девојкава и викам спреми се одиме.
Одам да ја земам од Црниче каде што беше под кирија, облекла љиљакова хаљина нешо преку рамо префрлена,штикла, цицките без цицкарник и стојат иступорени прави...... абе писана, икона шо би се рекло.
Е сега започнуваат заебанциите.
Стигнавне се фино лепо се поздравуваме со сите јас горд се дујам како паун од човек на човек ја запознавам со цело друштво, сите а добра добра алал да ти е, море мајката убаво си го натопил мачорот ...
Како поминува вечерта така ние се повеќе и повеќе под гас таа вино црвено јас пиво, помина и тортата, продолжуваме со пиење.
Ја гледм нешо не мие како што треба
- Мацо , добро си ?
- Супер бе шо скаш да ми биде хаха хуху ихихи
Кога едно време така натрескана ( ко задњи алкохоличар ) лепотицана моја писана почна со заби да крши чаши , леле сите паника ќе се исече ќе се задви ау ау. Она се церека и продужуе со пиење, ај викам маче да кснеш нешто и ја седнав на маса, кога почна да шлапа да мљацка ај тоа туку почна и да пцуе да крши чаши и флаши. Почна пак да крши чаши со заби.
Ми прекурчи под мишки и дома, по пат возејки ми вика.
- Абе кај ме носиш ?
-Дома кај сакаш да те носам ?
- Абе как ке ме носиш дома не АРМАСАНИ, отвара врата ќе рипа од кола.
-Чекај бе кај тебе те носам не кај мене дома.
-Застани да се симнум ( почна на дијалект да цепа )
Застанав отворив врата и викам – Ај симињај се
Подзастана малку ме гледа така едно минута две ти сериозен ли си ?
-Мртов сериозен !
-Ама ја, ама зашто,ама како.
-Ајде излегувај . Ја истресов од кола и си отидов.
Следните неколку месеци не можев пред никого да се појавам пошто сите ме заебаваа, абе кај ти е фрикот ? Да не си замина со циркусот ? Ако има сестра со брада да ми ја мести.
После тоа нити и се јавив нити и пишав а и ја снема од форум ,поминаа години и години. Понекогаш се прашувам што е како е али кога ќе ми текне за чашите па си викам боље и да не знам:pos:
Дури и ми стана јасно зашто имала само 5 пријателства стекнато за 5 години :icon_lol:
 
Dardan-ia да отвори тема! И така секогаш он (неговите) се оштетени!



:icon_lol:

Плус статистики колку сакаш.

И бонус
Јас мислам дека Костовски следна утакмица да одмори малце. Најмногу мафташе со тоа пешкирот на натпреваров.
 
Не е пост туку момент на судбина помеѓу спамериштено за типстери и темата за апсењето на Кили.
kili.JPG
 
Белами е во состојба до Струмица да оди пешки позади Пандев и да му јаде гомна :pos:

Си го замислив визуелно моментов во глава, се изнасмеав во глава ко луда...:pos:
 
Си го замислив визуелно моментов во глава, се изнасмеав во глава ко луда...:pos:
Сериозно, Боби Робсон за него има изјавено дека е „единствениот играч што го знам кој почнува караница со себе си“ :)
 
Сериозно, Боби Робсон за него има изјавено дека е „единствениот играч што го знам кој почнува караница со себе си“ :)

Тоа да, ама моментот е што си го замислив Пандев некако замислен како иде пешки по автопат, со главата надолу, а овој 5 метри позади него како му се дере... не знаеш колку смешно изгледа тоа во мојата глава....:pos:
 
Ај ја да ви раскажам еден за мој другар друг пат мој ке ви кажам овој е така малце по интересен...
Другаров запознава девојка и се врскава мине што ми испагање во парови по кафани кафичи држење ова она и така се 2 години, една ден ми се јавува да одиме за охрид по желба на девојката негова со колата заедно со девојката моја океј му викам се договараме и тргаме за охрид стасуваме охрид седнуеме у куба либре мислам дека се викаше не е ни битно седиме што седиме, а спрема нас седнаа 3 ца типови, пијам ја пиво и ја гледам во девојкава се смешка со едниов од масава и ми падна одма чудно сеа си викам од кај го знае овој и намигнува ваа се смешка другаров појма нема не приметуе ништо и ми стана сумлива работава океј... Стануваме од кафичот и си идеме во куката што ја најдовме кај хотел дончо мислам дека беше да си преспиемее пошто другата ден ке се прошетаме и ке си одиме накај дома океј Next day стануваме испагаме накај чаршија седнавме пица си купивме јадевме што јадевме дојде и време да си одиме,Стасуваме дома по една недела другар ја спрема девојкава за појма немам и ја што ја носи на маникири педикири нокти коса правење ова она депилации и се он плаќа оваа го овцала како сака. пошто се немамавме видено една недела дојде он кај мене дома и ми вика да сме испаднале ја он и девојка од кај мене да идеме кај нејзе да ја земеме со колата,океј идеме кај нејзе дома лом се направивме дека стасавме по тоа улиците кал кал на сите страни стасуваме пред врата и гледаме маси во дворот и музика и некој гости и овој ја вика, и мајкава излева окезена целата е кај си ти што мори кај сум каде ваа ами она се омажи како мори се омажи некна ја носев на тертмани :eek: така рече се гледаше со еден од охрид и си замина таму ја омаживме ние двајцава со зинати муцки неаме појма што се случува и се вракаме назат во колата другаров беше во кома цели 3 месеца не може да поверува што му се случило на човеков, нормално и мене дури ми падна незгодно и глупаво :D
п.с сега се пак заедно :D таа се оставила со момакот и еве ги повторно се мотаат заедно :) како го има објаснето тоа го немам прашано а и не сакам барем до сега одлично им оди и баги е смената цурава не верувам пак да направи глупост некоја :icon_lol:
едвам земав воздух дека нема точки се чудам како ја раскажува ситуацијава батето :pos:

Никако несака да го бањам. Кога ќе се решам да го бањам повеќе сум мокар јас отколку тој.. И пак недобањато е :/ Дајте помош како да го „убедам“ дека нема ништо страшно.... Пробував му зборував го галев го оставав прво малце во купатило да се опушти, го ставав во када и не пуштав вода.... Абе се џабе, само шо го ставам тоа рипа и морам борби да водам со него за да го избањам а несакам бидејки жал ми е си добива стравови кучето :(
се смеам како нездрава во 6 сато.. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom