Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
како што Јахве бил три денови и три ноќи во утробата на рибата,
Не е Јахве, туку Јона...
--- надополнето: 1 септември 2013 во 22:25 ---
ама за каква казна зборуваш човече,па ти велиш дека Христос умрел за сите нас.
не рече Христос умрел за оние кои ја прифаќаат жртвата.
Убо‘ Ти кажав човече, ама Ти нејќеш да прифатиш па полесно Ти е мене да ми ја упатиш грешката која самиот ја правиш...
 
kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Не е точно дека Господ бил 3 дена и 3 ноќи во утробата на рибата. Нашиот Бог е сеприсутен и тој бил во утробата на рибата од моментот на оформувањето на утробата на рибата, па се до нејзиното распаѓање (по смртта)

Епа ете самиот велиш: во петок вечерта една ноќ, во саботата вечерта две ноќи. Една ноќ плус две ноќи е еднакво на три ноќи.
Еден ден у петокот, еден ден у саботата и еден ден у неделата, тоа се 1+1+1=3 дена.
Значи 3 дена и 3 ноќи. Се си е по таман. Не знам што не е јасно.

Ако Петок вечерта е Една ноќ, саботата вечерта е втора ноќ, што значи 2 ноќи а не три!!

Не е Јахве, туку Јона...
--- надополнето: 1 септември 2013 во 22:25 ---

Се извинувам Јона, грешив бидејќи за мене е Јунуз А.С. и ми се помеша со називот за бог.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ако Петок вечерта е Една ноќ, саботата вечерта е втора ноќ, што значи 2 ноќи а не три!!
Чекај малку, нели петок вечерта е една ноќ така? Е сеа, нели саботата има две ноќи, едната е пред утрото, а другата е после вечерата, како што и самиот кажа:

Сабота Вечерта Две Ноќи
Значи 1+2=3
 
kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Чекај малку, нели петок вечерта е една ноќ така? Е сеа, нели саботата има две ноќи, едната е пред утрото, а другата е после вечерата, како што и самиот кажа:

Значи 1+2=3

хехехехеех

Ноќта саботата пред утрото е онаа иста ноќ петокот после залезот на сонцето, значи таа е првата ноќ, а втората е саботата после залезот на сонцето, во недела утрото го нема во пештерата, што значи еден ден и две ноќи.

Како така?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ноќта саботата пред утрото е онаа иста ноќ петокот после залезот на сонцето, значи таа е првата ноќ, а втората е саботата после залезот на сонцето, во недела утрото го нема во пештерата, што значи еден ден и две ноќи.

Ноќта саботата пред утрото е петок, затоа што прво иде ноќ, па изгрева сонцето и настапува утро. А плус и после заоѓањето на сонцето настапува ноќ. Таа ноќ не смее да се заборави, затоа што ако ја заборавиме, тогаш веќе имаме друга математика. Затоа земи ги предвид и таа и таа ноќ и ете имаш две ноќи и плус една ноќ од петокот ете ти три ноќи. А за деновите имаш еден ден у петокот, па сабота нели и недела утрото како што велиш го нема во пештерата значи 1+1+1=3 дена.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ноќта саботата пред утрото е петок, затоа што прво иде ноќ, па изгрева сонцето и настапува утро. А плус и после заоѓањето на сонцето настапува ноќ. Таа ноќ не смее да се заборави, затоа што ако ја заборавиме, тогаш веќе имаме друга математика. Затоа земи ги предвид и таа и таа ноќ и ете имаш две ноќи и плус една ноќ од петокот ете ти три ноќи. А за деновите имаш еден ден у петокот, па сабота нели и недела утрото како што велиш го нема во пештерата значи 1+1+1=3 дена.

Тоа е виша математика за него. Гарантирам дека не те разбира.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Прашањето кое kralot го поставува е на место, а тоа што нејќе да прифати даден одговор, тоа и е‘ за очекување...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Што убав муабет си напрајвте...:)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Шала на страна, муслимани ај вака едно прашање до вас (ќе го поставам тука, пошо е у склоп со темата и прашањето на kralot)

Ако вие верувате дека христијаните ги селектирале, кроеле и корумпирале евангелијата за да им бидат по мерка на нивните верувања, тогаш кое е вашето објаснување кога ќе најдете некои „грешки“ или „недоследности“ во нив, на пример во овие случаи:

- Кога ќе најдете некој цитат како овој со деновите и ноќите меѓу Христовото распнување и воскресение, зарем навистина верувате дека тие злонамерни христијани не знаеле да бројат до три па не ја виделе оваа „грешка“ и затоа заборавиле да ја отстранат од евангелијата?

- Или кога ќе најдете некој цитат каде што се опишува човечноста на Исус, нели си помислувате: Абе како овој цитат не го виделе Павле, Константин и дружината негова кој што, според вас, сакале Исус да го направат Бог, па ги заборавиле да ги отстранат или модифицираат тие цитати во евангелијата?

Зарем до толку биле глупи или ќори или не знам што па ништо од тоа не виделе за да нели исправат, отстранат, корегираат и сл? А ако биле толку глупи што не знаеле да бројат до три и ќори што не можеле да ги видат цитатите што вие сега ги гледате, тогаш како тоа еве на пример Павле толку цркви водел и имал големо влијание меѓу христијаните, а царот Константин цела Римска империја ја водел?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ноќта саботата пред утрото е петок, затоа што прво иде ноќ, па изгрева сонцето и настапува утро. А плус и после заоѓањето на сонцето настапува ноќ. Таа ноќ не смее да се заборави, затоа што ако ја заборавиме, тогаш веќе имаме друга математика. Затоа земи ги предвид и таа и таа ноќ и ете имаш две ноќи и плус една ноќ од петокот ете ти три ноќи. А за деновите имаш еден ден у петокот, па сабота нели и недела утрото како што велиш го нема во пештерата значи 1+1+1=3 дена.
Значи ако си на работа у петок и сабота вечер треба да ти платат ко за три ноќи...

Сигурен си у математикава, Чорба?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Значи ако си на работа у петок и сабота вечер треба да ти платат ко за три ноќи...

Сигурен си у математикава, Чорба?

Не, тоа беше пишано на мајтап, како и претходните 2-3 коментари.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.976
Поени од реакции
15.294
Типот умрел во петок 15 часот. Со оглед дека немаме точен датум ќе земеме во предвид дека тогаш кога умрел денот почнувал во 6 и завршувал во 18.
Еве во предвид ќе ги земеме и трите саати од петокот. Иако нема теоретски шанси да бил погребан 1 секунда после смртта.
1 ден ( петок од 15 до 18 часот ) + 1 ноќ ( од петок 18 часот до сабота 6 часот ) + 1 ден ( сабота 6 до 18 часот ) + 1 ноќ ( сабота 18 часот до недела 6 часот ) = 2 ноќи и 2 дена.
Чорбаџија ?
 
Станува збор за различно културолошко и јазично изразување помеѓу старите евреи тогаш и таму и денешното наше изразување. Кога тие велеле „три дена и три ноќи“ тие не мислеле на „3*12 часа ден и 3*12 часа ноќ“, туку на три дена, а нагласувањето на времето се вршело со спомнување и на ноќите. Истиот пример го имаш и во книгата на Естира...

"Естира пак му порача на Мардохеја: „Ајде собери ги сите Евреи, кои со наоѓаат во Шуша. Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постам така со своите девојки. Така подготвена ќе влезам кај царот, иако е спротивно на законот, па ако треба да загинам ќе загинам.” Тогаш Мардохеј се повлече и направи како што му нареди Естира. Во третиот ден, откако прекрати да пости ги соблече молитвените облеки и се облече во царската облека." (Естира 4:15 - 5:1, Библијата)

Еврејката Естира во стариот завет кога рекла дека ќе пости три дни и три ноќи таа завршила со постот на третиот ден, пред да заврши тој ден и да настапи следната ноќ.

Неделата кога Исус воскреснал после 6 часот наутро започнал 3-от ден. Исус воскреснал после 6 часот, затоа што тој воскреснал непосредно по доаѓањето на жените на гробот за да го помазаат телото. Зошто жените би доаѓале на гробот претерано рано на пример во 5 часот? За таа цел тие би требало да станат можеби во 4 часот за работа која што не е итна или слично. Нема смисла нели? Поздрав!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom