Си ја залапал - поминало. Следно е да ја задрапаш.
Ако и тоа помине, бидете другари или БФФ, ама ти секогаш лапај ја и драпај ја. Другарски.
Потоа ќе ѝ побараш секс. Ако и тоа помине, ќе бидете ÿбер-БФФ, односно ќе ви фали само тапија од матично дека сте во брак за да бидете цел живот формално заедно. Емотивно и физички веќе ќе бидете.
Значи - ни во сон да не си се оддалечил од девојкава. Остај ја што зборува - ако ѝ кажеш „Те сакам и сакам да сме нешто повеќе“, таа по автоматизам ќе каже „Не бе, само си ми другар“ или слично. Зборовите се вишок во случајов (особено твоите - ако девојката не ти е во сериозна врска, т.е. сериозен парнер, устата служи само за лапање, не за муабети; си кажал нешто без врска, ти одговорила соодветно без врска).
Да не зборуваме што сите во друштвото веќе знаат за вас и ве прифаќаат како такви. Тоа е секогаш плус и ќе ви помогне врската да ви опстане.
Девојкава е бинго за тебе. Кога си со неа, не зборувај многу туку гушкај ја и лапај ја; драпањето и особено сексот остави ги за кога ќе бидете на само (не за друго - може да ве уапсат поради нарушување на јавен ред и мир), а тоа ќе се случи кога ќе ѝ побараш да бидете на само. Ако ти е БФФ, ќе прифати (сè за најдобриот другар, нели...).
Спреми си 2-3 пакетчиња кондоми, зашто не знаеш кога ќе ти притребаат (најверојатно кога ќе ѝ побараш, но можеби и таа ќе те изненади и ќе ти побара; а џентлменот мора секогаш да биде спремен да ја услужи дамата).
Со лесно.