831
רַב אושר של חוכמה
- Член од
- 8 ноември 2009
- Мислења
- 7.015
- Поени од реакции
- 12.694
- Возраст
- 43
Воведот вика - на сеирџиските цитати не им е тука место, така да...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
На овој смешен форум...smesno mi e koga se smeam na ovie smesni postovi na ovaa smesna tema vo ovoj smesen podforum.
Ова не беше баш некој состанок, ама беше толку голем блам што и после 6 години не може да се заборави.
И тоа мој.
Бевме некаде 3та година средно за време Бајрам.
Во клас имавме еден албанец и не покани неколку души и класнава да идеме на баклава.
А јас во тоа време бев лудо вљубена во еден соученик. Никогаш не собрав храброст да му кажам, а не се ни дружевме многу, па пошто и тој беше во поканетите, а се договоривме после тоа да идеме на кафе, си видов шанса тогаш нешто да изреагирам, или да пратам некоја другарка да го праша дали сака да се фатиме
И се спремаме ние после школо да идеме, па нешто купивме 200 грама кафе и некоја наполитанка не е битно, а јас таа година бев претседател на клас и нели како што е ред треба јас да влезам прва кај гостиве, да им дадам тоа и да им честитам празник.
Идеме со класнава, симпатијава и уште 4-5 души, а јас од толку што бев заљубена и среќна што е овој до мене не размислив ни што како кога ќе влеземе, што да им кажам на луѓево.
И ѕвонам онаква окезена, ми отвара врата еден маж, а во собата уште сигурно 10 души седнати доле на перничиња.
И јас влагам и истресив:
Бајрам воскресна!
И паднав во кома мислам 5 минути.
Класнава пропадна од срам, како што пропадна планот дека некогаш ќе му бидам нешто повеќе од ремет на симпатијава, па луѓево такви збунети, навредени, си рекле оваа или не зеза или ептен е замината...
Јааас, збор не изустив цееел 1 сат додека бевме таму. Може и сум измрмљала нешто кој знае, ама знам дека ни јас ни некој што беше таму ќе го заборави ова воопшто некогаш.
Сега ми е ептен смешно, ама тогаш..
СРАМ!
![]()
Читајте ја цела тема, нема да зажалите.
После банот направи јузер Антиматерија, па Агора, и сега којзнае кај е. Некој на форумов имаше пишано дека завршил во Бардовци, не знам колку е точно.
Реал, зар и ти сине брате?![]()
Нескафе, агора...ајде знаеш кој е следен на листата, ја чекаме odmazni4ka
Би ја имала ли честа не просветиш до каде е ова чедо божјо стигнато?![]()
Блам или не, не знам али знам дека беше состанок.
Пред едно 10 сетина години се запознав со една гратска шмизла, искачање дружење работите една по друга си се поредија .
После неколку месеци заедничко дружење и врска и идење еден кај друг решивен врскава да ја стаиме на повисоко ниво да дојде таа кај мене на гости преку ден да си поседиме да ја запознаам со мојте пошто нејзините веќе одамна ме знаеја па редно беше и јас да ја претставам која е што је да ја измеркаат и се по ред.
Беше сабота ајле дајле ајле дајле чекај чекај ја нема бевне договорени одколу 12 : 30 да биде кај мене арно ама фати 14 часот неа уште ја нема, собрав сили земав фиксниот и викам ќе вртам па ако сака и 150 марки нека ми стигне сметка ама да видам што стори оваа да не се упрчила некаде по пат, и ѕвонам ми се јавува целата нервозна ј
-ЈАС не можам да се снајдам ОВДЕ ти кажав дека нема да знам да дојдам.
У себе пукам си велам како не знаеш бре шуплива женска главо ти реков само право, ама не го реков тоа само ја прашав каде е и да ме чека каде што е ( успеала да завршиу 15 километри на спротивна страна , не знам како и успеало ден денес ми е мистерија кога требаше само право да вози али јеби га женско и орјентација магаре и симфонија) ја гледам паркирана каде што ми опиша а спроти неа едно магаре врзано си пасе излегувајки од кола идам накај неа и и викам
Абе ете си се најдовне..
-Да ама јас ти кажав дека не знам да се снајдам ( со некој квичлив глас )
-Па шо не го праша магарето ќе ти објаснеше точно кај треба да идеш ( ми излета јеби га нервоза а и не ни свати додуша си се исцерека ко нездрава.)
Вози по мене стигнавне, ајде велам по мене .
излегува од кола и кога во рацџе го зима тој нејзиниот пекинезер и него го понелаго мразев тоа копиле лигаво ГРЕМЛИН !!
-А и кики си го земала, ако убаво нека се растрча.
-Аха и со роки да се запознаат да си поиграат малку ( роки е мојот германски офчар стар 4 години што тогаш го имав, одамна е во вечните ловишта )
-Ако де нека се истрчаат.
Го пушти таа доле пекинезеров почна да подмочува низ двор лево десно горе доле, го насети волчјаков и дојде да види кој му се рашетува на територија, го виде пекинезеров му се иступури и почна да го душка .
Кога ова ГРЕМЛИНОВ гррррррр бам за шепа роки му откина прст и џом да го нема се ссна волчјаков по него ама му свикав и го остаи.
Девојкава целата таква потресена - лош кики лош што направи леле сто пати сум ти рекла со поголеми кучиња да не се закачаш.
А мене ми се иде кики на клоци да го ишутирам од двор, ама го правдам
-Не не е крив овој го душна се осети загрозено ( нема везе гремлинот беше колку лигав толку злобен )
Помина тоа гремлинот на тераса затворен ја запознав со мојте помина таа церемонија и ајде ние на тераса, се замуабетивне се расприкажавне заборавив јас на нервозата ( трпи бабо за убавина ) музиче зајдисонце ова она.
Не ни приметивне дека кики го нема кој го знае како успеал да се мушне низ оградата од терасата.
Кога дојде ред да си оди девојкава
-АБЕ КИКИ КАДЕ Е ?
беља работа кики го немаааааа понав јас КИКИ КИКИ КИКИ, ги мобилизирав пола комшилук и домашните сите, се дереме кики кики кики свиркање довикување ко божем некој фазан по име кики ќе скориваме за отстрел, ГРЕМЛИНОТ никаде го немаааа.
Кога едно време одам на другиот крај од дворот кај што имаше едни грмушки ај викам да не се бутнал таму , полека приближувајкисе го гледам волчјаков лежи и мафта со опашката , како се приближувам се повеќе гледам влакна на околу ( пошо ми беше свртен со грб не можев да видам баш најдобро што прави ) кога скроз се доближив го гледам Роко мој јаде се оближува плука влакна, а од кики останати само задната лева нога и опашот
Гогледам не знам шо да праам попрво дали да се смејам дали да плачам дали да го остаам да си заврши со јадењето па да ја лажам дека избегал кики или некој го украл, не знам што ќе и биде по не болно
кога еве ти ја нејзе позади менееееееее кога виде кога почна да рика, ај тоа па и го грабна опашот и почна да го влечее тогаш не можев да издржам оваа влече роко влече и ржи си викам овој и неа ќе ја изеде, земав еден стап го удрив еднаш по муцка пушти и избега, кога почнаа девојкава драми да праи, паѓа на колена се дере лупа со боксови и со глава у земја разлигавена размрсулавена а ја ми иде една смеја не можам да се воздржам ја гушнав и ја тешам.
-Ајде душо смири се биднало сега што да правиме сакаш ли да го убијам роко ?
Она у плачење -НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ немојјјјјјј не го убивај не е крив тој.
Од како ја смирив престанаа дерењата и плачењата ( а јас цело време голтам кнедли за да не се изнасмеам ) реши да го погребаме кики, земав јас лопата и копам ( шо ќе копаш бе една нога и еден опаш од пекинезер)
Она пак низ солзи ми вика -Убаво ископај и подлабоко
ок ископав ги положивне остатоците од кики, го закопав и ајде ќе идеме дома да се замие и да се среди кога еве ти го Роко ( кој во целата заебанција заборавив да го врзам ) кај шо ја закопавне ногата почна да откопуе, девојкава почна пак да се лигаи и да вреска .
Јас не можејки више да се воздржам и викам
-Маче ај барем остаи го да се дојаде барем цел да иде на едно место кики. и рикнав да се смејам колку можев и неможев пошто цел ден се воздржував.
Оваа плаче јас се смејам ,така едно добри сат време.
Ја возам накај дома пошо од што беше потресена не беше во состојба да вози другарми по мене.
Девојчево цело време леле шо ќе и кажам на мама како ќе и кажам на дада, а јас ми иде една смеа уше само малце ми фали пак да почнам да се церекам.Бидна што бидна ја оставив се поздравивне бла бла бла си заминав.
Другиот ден ми се јави да ми каже дека помеѓу нас е готово , не поради тоа што роки го изел кики туку поради тоа што сум бил бесчуствително говедо.
Ама дај да го видам мужот шо нема да се изнасмее особено кога ќе види како правдата е задоволена, роко немаше прст а од кики остана опаш и нога
во таа ситуација и двајцата изгубивне , јас ја изгубив љубовта на мојот живот без осет за простор и време а таа ја изгуби нејзината животна љубов кики
ПС : За да не добиваат некој налудничави идеи овие од АНИМА ДУНДИ да ги потсетам дека ова беше пред 10 години се рачуна како застарено дело и Роки одамна е мртов ( од природна смрт си умре ) .![]()
Да продолжиме со легендиве од форумов, на ред е добропознатиот забегитис од почетоците на форумов, Небо66. Небо666 беше член што секој втор ден отвораше некоја отров тема во која или Ајнштајн или Тесла не беа во правоја имав честа да ми биде колега во прва година на факултет каде што со неговата експертиза едвај некако извади 6 физика
![]()
Ви пишував еднаш за мојот проблем. Е сега вака ми треба помош. Со дечково почнавме да се гледаме редовно и почесто, излегуваме и постојано комуницираме. Во врска сеуште не сме, мислам дека и тој не сака да брза и јас не сакам. Ама сега почна да Пишува со други женски на фејсбук, лајкува слики и јас се изнервирав и направив лажен профил со слики од еден манекен од Чешка и сама се додадов и си пишував коментари и лајкови ставав само да му вратам. Па тој ако пишува со други можам и јас нели. Можеби згрешив зашто откако ја искоментирав сликата од манекенот не ми пишува повеќе. Ама тоа го направив на нервоза когаа видов лајкал една женска полугола и остана цела ноќ онлајн на фејсбук да пишува со нејзе а мене не ми пишуваше. Леле ќе полудам не знам што да правам. Знам дека не сме во врска ама нормално ли е да пишува со други женски а вика дека јас му се свиѓам и се гледа со мене? И зошто се налути што јас пишував со друг кога и тој истото го прави? Не знам што да правам сега мислам дека уништив се а и јас имам некаква гордост па нема да го барам прва. Тој прво почна со овие закачки. Помогнете мми ве молам.
Некој/а посериозна за да кажам што ми се случува во животот/ Нека ми пише порака
Не пиј кока кола ќе те фати грло.Почнав кока-колата да ја плукам додека ја пиев
![]()