Уффф сладолед....
Мојот специјалитет
Јас нема да се излажам да праам сладолед пошто сум на диета.

Еве јас како го праам сладоледот:
4 јајца ги матам со 4 лажици (големи) шеќер додека тоа не се згусне и не се направи камен (да го дигнеш миксерот и пената да не падне од перките). Послем зимам 2 шлаг пена и ги матам со тетрапак млеко и 2 лажици шеќер. Откако ќе се направи и тоа камен згуснато ставам по желба состојки, зависи што сладолед сакам. Некад ставам толчени лешници во аван со шеќер, некад ораси, некад рендам тоблероне, некад чоколадо, некад ставам капучино (од она што се прави кафето), некад ставам топло чоколадо, некад ставам слатко од разно разни овошја. Зависи што ми се наоѓа при рака. Откако ќе го стаам тоа у шлаг пената ги спојувам со јајцата и го ставам сладоледот у фрижидер.
Кога ќе се стегне сладоледот не го ставам у чаши да го декорирам туку ванглата пред мене и си јадам.

Затоа не праам, оти 100 кила ќе се напраам.