[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе направам и ќе го сликам, нема проблем, и така пак фатија горештиниве, па добро ќе ми дојде сладолед со банана... само чекам да ми дојде утре пензијата, сега немам скршен денар :icon_lol:

Не лажи, уште вчера дојдоа пензиите :ROFLMAO:
 
leandra, ја знаеш оти сум мажена нели?
Нејќу сеа да ви се стаам у конкуренција ебаго, чеј прво да најме прилика за вас моми што сте уште па после ќе билдаме домаќинлак :icon_lol:
 
leandra, ја знаеш оти сум мажена нели?
Нејќу сеа да ви се стаам у конкуренција ебаго, чеј прво да најме прилика за вас моми што сте уште па после ќе билдаме домаќинлак :icon_lol:
Жено ние сме тука да те оцениме и пост мажачка. Ич не се секирај, засукај ракавите и напрај им сладолед на деците, фото тука принеси да замезиме :icon_lol:
 
Уффф сладолед....
Мојот специјалитет
Јас нема да се излажам да праам сладолед пошто сум на диета. :(
Еве јас како го праам сладоледот:

4 јајца ги матам со 4 лажици (големи) шеќер додека тоа не се згусне и не се направи камен (да го дигнеш миксерот и пената да не падне од перките). Послем зимам 2 шлаг пена и ги матам со тетрапак млеко и 2 лажици шеќер. Откако ќе се направи и тоа камен згуснато ставам по желба состојки, зависи што сладолед сакам. Некад ставам толчени лешници во аван со шеќер, некад ораси, некад рендам тоблероне, некад чоколадо, некад ставам капучино (од она што се прави кафето), некад ставам топло чоколадо, некад ставам слатко од разно разни овошја. Зависи што ми се наоѓа при рака. Откако ќе го стаам тоа у шлаг пената ги спојувам со јајцата и го ставам сладоледот у фрижидер.
Кога ќе се стегне сладоледот не го ставам у чаши да го декорирам туку ванглата пред мене и си јадам. :pipi:
Затоа не праам, оти 100 кила ќе се напраам. :(
 
Не планирав да правам, ама решивме да се товиме денес па ајде :)
Декорацијата е на мојата поубава половина (немав срце да му кажам дека претерал... или па само јас се водам по less is more.:cautious: )
Има топчиња домашен сладолед, топче домашен сладолед со рендана чоколада, а јагодата и чоколадата се матени од кесичка :)
WP_000497.jpg

И без шлагот, да се гледа сладоледот (малце како да е растопен, а ич не е жешко, да се чудиш што му е:D )
WP_000500.jpg
 
Мојата Госпожа исклучиво прави сладолед од прашок. Со нетрпение чекам да видам каков сладолед ќе направите!
 
Види ги бе мрзли едни еден сладолед ги мрзи да направат! :icon_lol:
мора да го изеле леандра, мора да е до тоа ;) на пеколов само тоа и лубеница му е мајката
 
Сите се израдуваа на сладоледот ама никој не напраи :place:
Затоа ќе им дадеме време 2-3 часа на leandra и CafeDelMar да смислат рецепт за готвење оваа недела :vozbud:
 
Сите се израдуваа на сладоледот ама никој не напраи :place:
Затоа ќе им дадеме време 2-3 часа на leandra и CafeDelMar да смислат рецепт за готвење оваа недела :vozbud:
CafeDelMar; сигурно се согласува со мене, оваа недела правиме пица, а рецептот ќе го сподели она. Епа полесно од пица нема, имате нискокалорична вегетаријанска, имате сос месишта, со сирења итн. Мојт? :)
 
Заседанието вака одлучи. Со две алтернативи:

Пица со готово тесто

За да не се чувствува некој обесправен дека не знае да меси, ја оставиме опцијата за со готово тесто, а ако си ја месите секогаш, слободно ставете такви слики. :) Задолжително е да имате доматен сос/кечап, се останато е по ваш избор и вкус. Ем креативни, ем задоволни. :)

Или пак рецепта која е алтернатива за пица - пица од стар леб

Состојки за пица од стар леб:

500 гр. стар леб
6 јајца
200 гр. шунка
200 гр. кашкавал
300 мл. млеко или јогурт
3 лажички доматно пире
оригано
маргарин за премачкување на тавата за печење

Подготовка:

Исечете го лебот на кришки со нормална дебелина и наредете ги кришките леб во намрсена тава. Премачкајте го лебот со доматното пире или кечапот.
Направете фил од млекото/јогуртот, јајцата, шунката, кашкавалот и ориганото. Можете да ги рендате, можете и сецкани да ги ставите шунката и кашкавалот. Кога ќе измешате се убаво, ремномерно прелијте го лебот.
Печете околу 20 минути во загреана рерна на 220 степени.

Без изговори за диети, правете и сликајте! :)

Еве ја и мојата пица:

52563192.jpg


94670727.jpg


:pipi:

Олимпија и на тебе се чека неделава. :)
 
Алал да ви е, конечно нешто и јас да направам! :LOL: Таман попладнево кога ја видов темава бев мртов гладен па веќе си зацртав што ќе вечерам. Ја направив со готово тесто секако, немам појма од месење, а би сакал да научам некогаш. И ставив само доматен сос, оригано, кашкавал, св врат, маслинки и домати (бидејќи пица без маслинка и домати не можам да замислам) и секако омилениот магданос за декорација. Обожавам и со пиперки (онаа грчката пица) ама немав дома инаку би и ставил. Иначе сакав и јајце да и ставам, ама не сум умешен во тоа секогаш ми се растура цело и излева лошо :icon_lol:

Ќе и бидам конкуренција на CafeDelMar со сликиве ради апаратот :icon_lol: еве ви три фотки од различни агли :)

ddx-IMG-93.jpg


zgh-IMG-93.jpg
''

7x2-IMG-93.jpg
 
Едно прашање, магдоносов ме замисли, го стави на крај од кога ја испече пицата? Изгледа одлично, мене секогаш како затепан ми е, не ми текнало финта одпосле да го ставам :D
И трите слики ти се со готова пица за јадење?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom