Посна храна

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Имав еден цимер на времето кому специјалитет му беа житарки потопени во Пепси.... Деликатес! :D
 
* Леќа со коцкички компир, морков, лук и босилок.
* Или, опција 2: леќа, кари, сол (е сега ќе фали некој емулгатор, евентуално таан), бибер - смесата се пасира во блендер, се добива густа чорба (на вода).
* Златна мешавина со малку пченкарно брашно и доматен сос, се разбира, зачини по избор.
* Компир во сос од компир :D - сецканите излупени компири се варат, дел се пасира, а дел се отстранува додека е тврдо варен.
Пасираниот дел - сосот, се меша со зачини по избор и зеленчук по избор и вкус (некогаш може брокули, некогаш ориз, грашок, боранија, па и леќа), и потоа служи како сос на веќе сварените компири, истркалани во солена вода и презла и малку потпечени.
--- надополнето: 18 март 2013 во 23:10 ---
Има уште поприлепски: леп и боза! :)

Професоре, поприлепски од кило банани, па макар и со леб - нема! :D
 
Ајде, ајде, пукајте рецепти без зејтин :D
 
Посни ванилици (со вода)

Потребни состојки
- 200гр. шеќер
- 2 лажици мед
- 2 банани
- 1 прашак за пециво
- 100гр. мелени ореви (бадеми)
- 2 ванилин шеќер
- брашно по потреба (околу 500 гр)

Подготовка
Шеќерот и медот се топат на пареа, се додаваат бананите (сецкани на парчиња), се се меша, додека не се растопи шеќерот. Се трга настрана, се додава праѓакот за печиво, се промешува и се остава да се излади.
Во изладената смеса се додаваат брашното и мелените ореви(бадеми). Се замесува тесто. Се расукува кора со дебелина од 5-8мм, со модли по ваша желба се прават колачите. Се ставаат во плех обложен со хартија за печење, се печат 10-тина минути на 180 степени.
Се посипуваат со шеќер во прав

posnooo.jpg
 
Прегледај го приврзокот 60470
Ова ако е посно,едно колаче има минимум 200 калории :)
 
Ова ако е посно,едно колаче има минимум 200 калории :)
Ако некој пости за да слабее тоа е најголема глупост.
Дај ако не Стеф нишо нека не јадат додека постат:confused:
Не се зезајте за време на пости да броите калории, пошто после една-две недели од постот ќе завршите у најблиската болница.
 
Никој не рече дека треба да брои, јас кажав дека ако е посно не значи дека е здраво.
А дека ќе отидеш во болница со броење калории тоа е не еточно и е еден од најдобрите алати за слабеење :)
 
Никој не рече дека треба да брои, јас кажав дека ако е посно не значи дека е здраво.
А дека ќе отидеш во болница со броење калории тоа е не еточно и е еден од најдобрите алати за слабеење :)
Броење калории во време на пости = болест.
Кој пости за да слабее нека си ја чукне малку главата и нека размисли дека може да слабее и во друг период од годината, а не за време на пости.
Велигденските пости станаа помодарство, ретко кој пости поради големиот празник Велигден.
Од една страна постат, од друга страна гревови праат. По самото тоа ќе видиш на кого колку му сече.
За тоа како правилно се пости, повелете прочитајте и тука
 
Посно гравче, грашок, леќа, компир манџа, боранија, печен компир со риба, варен ориз со зеленчук.....

За време на Велигденскиот пост риба не се јаде, дозволено е да се јаде само на Цветници и на уште еден празник беше - не ми текнува како се вика. Така да од 48 дена пост, риба се јаде само 2 дена ;)

Со лесно нека е на сите што постат. Нека не чува и благослови Бог, и нека не дарува со мир во душата.
 
На Благојавление-Благовец и Цветници може се јаде риба
 
риба туна една конзерва , пипер црвен пеглан од зимница исецкан на ленти и маслинки 5-6 исто сецкани се се меша и се сервира :D
мој рецепт денес ми текна и нешто најубаво што може да постои пробајте :):D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom