Последиците од постење цел месец

  • Креатор на темата Креатор на темата puno
  • Време на започнување Време на започнување
Целосно лишување на организмот од есенцијални потреби (вода првенствено) е многу штетно по здравјето. Се разбира дека може да се изведе без последици, но тие денови би требало да се мирува и никако да не се работи. Така можеби целата работа би имала и одредени здравствени бенефиции.
Зборувам чисто од здравствен аспект, не од религиски.

Инаку мислам дека во минатото таквите видови на постови биле пропратени со долги медитации (што значи целосно мирување), и со тоа биле начин на зајакнување на вербата и дури доживување на нови искуства.
Оваквите постови впрочем и не се ограничени само на исламот (како што гледам дека мислат повеќето). И во христијанството на одредени денови се прават строги постови кога по цели денови не се јаде.

Но оваквата пракса почнала уште многу одамна пред времето на христијанството и потоа на исламот, во времето кога разните облици на шаманизмот биле најраширената религиска практика на планетава. Ова го знаеме од искуствата и истражувањата за верувањата и религиите на разни народи од огромните азиски степи, па до остатоците на американските доморотци. На одреден ден, тој што сака да доживее религиско и духовно искуство, пости и мирува неколку денови... и се лишува и од спиење.

Физички активности во комбинација со ваков вид на постење е чист нонсенс, и не само што никако не може да биде здраво по организмот туку и е опасно. Како што на жалост (не) може да посведочи случајот со и младиот фудбалер од уводниот пост, кој го докажува тоа. Дечкото можеби имал и некоја претходна неиндентифицирана здравствена состојба, но постот секако не му помогнал.

Друг аспект на ваквите постови е јакнење на волјата. Христијанскиот пост (делот со исхраната, не обредите) редовно го практикувам иако кога би морал да се идентифицирам религиозно, би се изјаснил како ортодоксен агностик... ;)

Еве некои интересни моменти окулу ваквиот вид на постење (целосно лишување на организмот од храна и вода на одредени периоди):
http://www.theguardian.com/healthcare-network/2014/jun/27/ramadan-fast-diabetes-muslim-health
http://www.independent.co.uk/life-s...mage-to-their-babies-study-finds-2010055.html
http://www.bbc.co.uk/news/health-10927611
http://www.nhs.uk/Livewell/Healthyramadan/Pages/faqs.aspx

Додека христијанскиот пост(барем кај нас ) можеш да пиеш вода колку сакаш и се од растително да јадеш т.е испаѓа нешто како вегетаријанска ВЕГАНСКА исхрана.
Малку те поправив. ;)
 
не знам дали те поправам и јас тебе, али мене ме интересира црвениот болд. верувам дека и на многу други им е непознато тоа. ако може да го објасниш, кога и зошто? знам за строги пости кога се пости од билокакво мрсно (зејтин и сл) .....
 
Инаку како корисна информација во склоп на дискусијава. Човековото тело може да издржи неколку денови без вода додека за храна ми се чини до 40 денови имаше рекорд.

П.С Буквално во секој процес на клеточно ниво водата има улога
П.С2 Човековото тело е составено 70% од вода
 
не знам дали те поправам и јас тебе, али мене ме интересира црвениот болд. верувам дека и на многу други им е непознато тоа. ако може да го објасниш, кога и зошто? знам за строги пости кога се пости од билокакво мрсно (зејтин и сл) .....
Навистина ме мрзи да пребарувам сега за ова за да потврдиме. Информацијата е од баба ми и се што сега се сеќавам од тоа, се нејасни работи за почетните и крајните денови генералните постови на Велигден и Божиќ.
Ќе мора некој позапознает со религијата да каже. А не мора да се работи за „официјални„ адети на МПЦ, поголемиот дел од празниците и онака (намерно) се поставени точно врз паганските празници за народот да „разбере„ зошто ги славел тие празници и пред доаѓањето на христијанството. Се кладам дека слично е и со исламот, или било која од другите поголеми религии.

Инаку баба ми еден солиден дел од животот го живеела и во Богомила, а таму велат во некои обичаи сеуште се живи некои практики на Богумилите. Ни за ова не можам да покажам извори, така да земи што сакаш од сето ова со доза на резерва и истражи ги подетално работите ако те интересира.

Нејсе, муабетев почна од здравствен аспект... ;)
 
Јас познавам човек кој 12 дена издржал пост само на вода и чаеви. После тоа за цел пост да го дотрае цел месец јадеше само овошје и зеленчук и од 75 килограми стана 56 кг. Нормално, после постот си ги врати во рок од 2 месеци килограмите. Прочитав некој напишал беше дека мора секогаш по малку мевце.... - јас велам НЕ, не мора. Веќе пола година сум вегетаријанец, почнав првите 3 месеци бев полувегетаријанец, јадев риба пилешко млечни производи и јајца.... сега овие 3 месеци јадев само млечни производи и понекогаш но ретко јајца ( без никакво месо), а од утре ми почнуваат новите 3 месеци каде што му се препуштам на веганизмот, растенијата и соја протеинот и тоа ќе си ми остане за цел живот.
 
Мислам дека си суште млад да престанеш со конзумирање на месо, млеко и слично, Почекај уште неколку години... Развојот завршува по 25 -тата година, па после прави што сакаш
 
па муслиманите јадат дел од денот
така да имам многу луѓе гледано ќе отидат во пицерија/ресторан и јадат пици пици кафиња сокови сладоледи.... и која е логиката тука? тоа апсолутно ништо не е здраво. така организам не се чисти
али ајде религија си е религија веќе касно е за се. ах тој што ги измислил религиите да го грабнат :tapp:
 
Мислам дека си суште млад да престанеш со конзумирање на месо, млеко и слично, Почекај уште неколку години... Развојот завршува по 25 -тата година, па после прави што сакаш
Подобро ми е вака, одошто кога гмечев месишта. Од денес си почнав веганизам строго и соја протеинот е многу добар иако не ги содржи сите 20 амино-киселини и не може да ги замени рибата и пилешкото. Јадам премногу зелени растенија така да не су желен за железо, имам натурал велт минерали што не можат да се добијат без месо и како и Л карнитинот кој се добива од месото но пијам вода со л карнитин при секое вежбање. Поубаво никогаш не сум се чувствувал, е добро сега малку тоа влијае и на социјалниот живот, сите печат скари гмечат месо а јас грашок, морков , салата, варена соја, кромид итн.... застранив малку од темата. Инаку бидејќи сум атеист, за мене постот нема никакво значење, тоа се глупости !
 
Поправка на моето предходно напишано...
Прво и основно постењето е добро, бидејќи со тоа се оддава почит кој некој светец или пак празник.
Второ постењето е добро бидејќи му дава најпрво чистење на организмот, а со самото тоа и олеснување на дигестивниот систем.
Посебно нешто ептен глупо што го прочитав погоре е невнесување на вода цел ден...... тоа е ептен штетно за организмот, а и со невнесувањето вода не даваш некоја почит кон верата, даваш почит со почитување и верување :)
Постојат и такви луѓе кои неможат да издржат ако не каснат бар малку во текот на денот, па ако ич не би јаделе би се онесвестувале, односно ќе си го нарушуваат здравјето.
Затоа кој може да пости нека пости, кој не не...... крај краева најважно е да веруваш и да ја почитуваш својата вера.
 
Постот има само бенефиции нема последници... само со редовно постење на 2 дена во неделата се избегнува Алцхајмерова и Паркинсонова болест..
 
Постењето е добра работа ради религијата,но и за прочистување на организмот од мрсни работи.Ја еве 2 години по ред ги постим велигденските пости 48 дна од кои последните 7 дна и без зејтин. Добро е што ги изедем и заостанените тегли на компоти,корнишони,руска салата и слично.Првата година послем постот беше ослабнал 6 кила,а оваа година беше качил 2 кила, се зависи што и колку количински се јаде.Здравје и овааа година планирам да си ги постим велегденските пости.
 
Постот има само бенефиции нема последници... само со редовно постење на 2 дена во неделата се избегнува Алцхајмерова и Паркинсонова болест..
Еден демант....познавам една жена која цел живот постеше двапати неделно и плус тие годишни постови што следат...и замислете,умре од алцхајмерова болест
 
Тогаш овој демант не треба да ми е мене упатен туку на научниците кои ги истражувале бенефициите од постењето,јас само пренесов информација.

Плус... секогаш има исклучоци,постот е само процес,не е цела проблематика на здрав живот.Може некој да пости 50 години,ама ако не живее здраво и во здрава околина,тогаш бенефициите на постот се преполовуваат.Едно е здрав живот а сосема друго е постење.Постот е религиозен процес не медицински.
 
Постот има само бенефиции нема последници... само со редовно постење на 2 дена во неделата се избегнува Алцхајмерова и Паркинсонова болест..
Ако се свати постот како воздржување од месо,млеко, јајца и сите нивни продукти,тогаш вегетаријаците постат целиот свој живот.
 
Постот има ДУХОВНА/РЕЛИГИОЗНА позадина и цел па после МЕДИЦИНСКА И ОПШЕСТВЕНА.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom