Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.914
- Поени од реакции
- 37.343
Целосно лишување на организмот од есенцијални потреби (вода првенствено) е многу штетно по здравјето. Се разбира дека може да се изведе без последици, но тие денови би требало да се мирува и никако да не се работи. Така можеби целата работа би имала и одредени здравствени бенефиции.
Зборувам чисто од здравствен аспект, не од религиски.
Инаку мислам дека во минатото таквите видови на постови биле пропратени со долги медитации (што значи целосно мирување), и со тоа биле начин на зајакнување на вербата и дури доживување на нови искуства.
Оваквите постови впрочем и не се ограничени само на исламот (како што гледам дека мислат повеќето). И во христијанството на одредени денови се прават строги постови кога по цели денови не се јаде.
Но оваквата пракса почнала уште многу одамна пред времето на христијанството и потоа на исламот, во времето кога разните облици на шаманизмот биле најраширената религиска практика на планетава. Ова го знаеме од искуствата и истражувањата за верувањата и религиите на разни народи од огромните азиски степи, па до остатоците на американските доморотци. На одреден ден, тој што сака да доживее религиско и духовно искуство, пости и мирува неколку денови... и се лишува и од спиење.
Физички активности во комбинација со ваков вид на постење е чист нонсенс, и не само што никако не може да биде здраво по организмот туку и е опасно. Како што на жалост (не) може да посведочи случајот со и младиот фудбалер од уводниот пост, кој го докажува тоа. Дечкото можеби имал и некоја претходна неиндентифицирана здравствена состојба, но постот секако не му помогнал.
Друг аспект на ваквите постови е јакнење на волјата. Христијанскиот пост (делот со исхраната, не обредите) редовно го практикувам иако кога би морал да се идентифицирам религиозно, би се изјаснил како ортодоксен агностик...
Еве некои интересни моменти окулу ваквиот вид на постење (целосно лишување на организмот од храна и вода на одредени периоди):
http://www.theguardian.com/healthcare-network/2014/jun/27/ramadan-fast-diabetes-muslim-health
http://www.independent.co.uk/life-s...mage-to-their-babies-study-finds-2010055.html
http://www.bbc.co.uk/news/health-10927611
http://www.nhs.uk/Livewell/Healthyramadan/Pages/faqs.aspx

Малку те поправив.Додека христијанскиот пост(барем кај нас ) можеш да пиеш вода колку сакаш и се од растително да јадеш т.е испаѓа нешто каковегетаријанскаВЕГАНСКА исхрана.