E ABC јас никогаш не им верувам на рекламите затоа што добрите никогаш не се рекламираат а ако порано купував 1300 литри нафта за 1000 евра сега ќе купам 1000 литри за 1000 евра а како јас ќе ја обработам земјата со мотика ли. И на земјоделците во македонија не им треба компјутер а помалку интернет ти кажав нека не те лажат со рекламите нас ни треба добра механизација и евтини репроматерјали.
И пак ќе ти речам немој многу да им веруваш на рекламите туку согледај ја реалноста сам и ќе видиш колку ни помогна оваа влада на нас обичниот граѓанин
чекај ти си земјоделец?
претпоставувам да..
викаш не ви треба интернет а?
добро, значи си необразован.!
Мулти фајф, најсуштествено нешто на денешницата е информацијата, а сите знаат дека сите информации се на интернет.
Ајде ќе тргниме вака ти треба повиска откупна цена? Па имаш B2B портали оди таму и продавај, продавај во конкуренција со кинези американци, и нема да продаваш туку ќе плачиш а ќе плачиш оти незнаеш. Како ќе си речеш со 1/4 од земјата што ја обработувам јас, тие вадат десет пати повеќе од мене? Епа тука ќе ти помогни интернетот и ќе научиш што прават тие а што треба и ти да правиш.
Колку за нафтата мислам смешен си со тоа што кукаш за нафтата оти не е до некој од Македонија.
Добра механизацја, или во превод капитал се зема со пари, а цена на парите ти е камата, а сега имаш субвенционирани каматни стапки, значи владата се погрижи затоа што тебе ти треба механизација. Со репроматријалите е истата приказна, треба да ги купиш а се купуваат со пари, тоа што цените опаѓаат и растат не е до Владата.
И ако се најдиш во ситуација да репроматријалите и другите ствари треба да те коштаат поскапо одколку што ќе го продадедш производот тогаш земи види од КОГО би купиле одкупницте ако не од тебе, односно ТОЈ кој ќе им продаде за цена за која тебе не ти се исплати да произведуваш види КАКО му успева тоа и едноставно ископирај го тоа тој што го прави.
ТОЈ обично ќе биде Кинез, Американец,итн итн итн, и ќе сватиш дека единствена негова предност е што е поедуциран од тебе и што знае мнгоу специфики врзани за производство(сорти, семиња, обработка, итн итн), кои специфики пак ти не ги знаеш, а ќе ги научиш на Интернет.