Порано или сега?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Кога вашиот живот бил поубав, порано или сега?


  • Вкупно гласачи
    74
Дефинитивно Порано , поради неколку причини , повеќе пари , поубав живот ... истотака , незнам зошто , но понекогаш мразам зошто светот толку брзо напредува , исто така , го мразам денешното однесување на малите деца - пиљиштарци ....
 
Јас одговорив во темата „Народе како сте“,кој одговор би одговарал
и за во оваа тема. Ако можеш дај пренеси го тоа ваму (јас не знам).
Тогаш-некогаш беше подобро,имаше или се осеќаше еднаквоста,поточно
малкумина беа нееднакви,повеќето беа задоволни со она што го имаа,
а имаа малку,понекогаш само кришка леб,насолена со шеќер а потоа натопена-попрскана со вода од маалската чешма на улица,за да не падне шеќерот трчајќи и бркаиќи се со другарчињата кои исто така истото го држеа во раце како доручек или ужинка,немавме тогај кремови и тостови.
И поарно ни беше.
Имам доста пишувано за овие работи и тие времиња кога и поповите одеа пешки и често ги сретнувавме и гледавме,а сега за да го видиш треба или да се венчаш или да умреш,пу-пу тогаш ни ќе го видиш,ни ќе го чуеш.
Штета што се запустива излетите,каде се дружевме и игравме. Плажите на Вардар,Сарај,Кривината на Треска(има-м тема за неа отворено)Катланово.
А најповеќе што го снема скопското корзо-тоа е најголема загуба, тоа дружење во друштва го нема повеќе(и за тоа на многу места пишувава)
се отворија тие кафичи од 10-тина квадрати и ја отруја младината.


0.jpg
 
убаво кажа lazar31(y)

до возраста е -а не до времето
просто кажано, сега боите се избледени, а порано беа повпечатливи
Додека е млад човекот тој го открива светот за себе, се радува на животот, едноставно се насладува на се - бидејќи кај него има повеќе надеж отколку претензија . Но потоа кога ќе наиде на неуспех , истиот тој почнува да разбира дека сите мечти не се исполнуваат , дека има луѓе кои живеат подобро од него, дека за своето место под сонцето треба да се бориш и избориш , и со време претензиите стануваат се’ повеќе и повеќе , а надежта се’ помала.
Еден прост пример - Anco- за него животот и времето порано биле подобри од сегашниов, но за неговото внуче најубавото време е ова и сега-
но кога и тоа ќе подостари ќе мисли и ќе зборува баш како Anco- и се’ така поколенија по поколенија- историјата се повторува;)
 
Па еве и јас да кажам, животот порано беше многу поубав. Се она што го имаше порано ( среќа, вистинска љубов, вистински пријатели...) денес го нема ( сепак постојат исклучоци).
Додека пак се она што го имаме денес ( некој повеќе, некој помалку пари, смарт телефони, 3Д телевизори, лажни пријателства, љубов од корист...) порано го немаше, но сепак животот беше подобар.
Порано децата излегуваа надвор куќички по дрва да прават, а денес само за компјутерот.
Порано со пари сите беа тука некаде, а денес сите се поделени на ниска, средна и висока каста.

Ме интересира мислењето на чичко @Anco околу оваа тема :)

Технолошките средства од типот на мобилни телефони пардон денеска смартфони, таблети, лаптопи, интернет и триста други хај-тек тракатанци се само алатки инаку мало морген дека таквите нешта некому ќе му го направат животот поубав, поинтересен, посреќен ...
Лично не ги делам луѓето по ниедна основа, ниту етнички, ниту религиски, расно, политички, ниту по потекло, образование, професија, класа ... но денеска е некако се извештачено, пријателство исклучиво од интерес т.е. услуга за услуга(факт), сите луѓе се копија еден на друг и постои огромен снобизам во смисол кој/а сум јас, нешто што порано го немаше до волкава мера, не е поентата дека сум завидлив како човек, ја немам баш таа одлика во смисол некој е поголем и појак од мене со повеќе пари, помоќно потекло, подобро работно место и.т.н. не ми смета толку тоа туку ми смета снобизмот од одредени личности поточно денеска повеќето се снобови и машките и женските !
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 21:55 ---

И Лаааззззааар миии рееече нааа мееене ...
Нее ...
 
Порано раснесмо пред зграду, а ск деца раснеф пред компјутер и место играчке имаф ајфон, ајпад и слично
Порано беше сфе поефтино плус : ) hh
 
Еее ќе го барате сега БЦ. :D
Пак да има технплошки вишоци,криминални приватизации,крадење,решавање проблем за 2-3 месеци,нови вентилатори..................
НЕ БЛАГОДАРАМ
 
Сега е поарно. Работам во најдобрата фирма од 10 досегашни во кои сум работел. Секое утро се будам во различен крај од светот. Изминативе пола година секое утро се будев со чоколатце до мене кое се одзива на името Карен. Запознавам луѓе од целиот свет кои не кукаат и лелекаат како луѓето кои претходно беа околу мене. Порано кога ќе видев фини патики се прашував дали некогаш ќе ги донесат во Македонија и дали ќе можам да си ги дозволам. Сега размислувам дали ќе имам место во куфер за да ги однесам дома кога ќе ми заврши договорот.
 
Пак да има технплошки вишоци,криминални приватизации,крадење,решавање проблем за 2-3 месеци,нови вентилатори..................
НЕ БЛАГОДАРАМ

А дали сругар тие работи кои ги наброја ги нема во ова време кое со сигурност е полошо од порано?,барем на мене ми беше пред до едно 4-5 години многу поубаво отколку денес.
 
Порано бензинот бил џабе , немало казни за појас ,светла преку ден, пун гепек глупости (елеци мелеци кур се тресе) , да несмееш навечер после 11 да возиш:tapp: Башка , лајфстајлот бил подруг порано..поубав барем за мене..
 
Порано бензинот бил џабе , немало казни за појас ,светла преку ден, пун гепек глупости (елеци мелеци кур се тресе) , да несмееш навечер после 11 да возиш:tapp: Башка , лајфстајлот бил подруг порано..поубав барем за мене..

Порано беше полиберте време да во секој можен поглед, денеска е доста построго, не е поентата во тоа дека не треба да има ред и закон, треба да има, но има голема разлика во работите како се спроведуваат, мислам дека доста се претерува со некои работи и со некои казни, за некои работи да потребни се казни и тоа високи но за голем број на работи казните се едноставно ненормално високи па и тотално непотребни !
Да порано беше подобро како прво градов беше порелакс и беше поненатрупан а сега на секое е*ано ќоше никнаа трговски центри(ака лименки) и повеќекатници, плоштадот се пренатрупа со статуи и сл. тракатанци(по пет споменици на метар квадратен што би се рекло), порано идеш во град(централно подрачје) се паркираш кај сакаш и колку сакаш ниту зонско ниту бутур, сега неможеш да најдеш едно е*ано паркинг место да се паркираш, ако некој сака да печали од тоа нека си купи/изнајми плац нека си стави рампа и нека си наплаќа а не цели улици(јавен простор) узурпирани ...
П.С. Што викаш кајш, кајшот е потребно да го ставиш кога возиш со цел самиот/самата себеси да се заштитиш, а светлата поготово во сред бел сончев ден најголема глупост е тоа па уште и казнуваат ако ги немаш пуштено, а пак ако ги пушташ редовно доста често и ќе ти цркнуваат сијаличките, за возењето после 11ч што велиш абе зависи сега ако станува збор за помлади возачи кои немаат барем 1-2 години возачко искуство можеби и не е баш лоша оваа регулатива !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom