Лесно е ако е само наталитет и морталитет, тогаш не ни е потребен попис. Ги подзаборавивме миграциите град-село односно населено-населено односно внатрешни миграции, Македонија-странство односно надворешни миграции...кои исто може да се позитивни и негативни и заедно со природниот прираст прават една целина, а нема шанси да се издвојат едно од друго и да се сумираат како проста бројка. Ради тоа некои сметаат на 30 или повеќе %, некои на 10 или 15%, но не се земаат предвид сите податоци.