Помош за избор на лаптоп

  • Креатор на темата Креатор на темата Jане
  • Време на започнување Време на започнување
Првиот лаптоп од каталогов за 26500 денари како ви се допаѓа? Има некој подобар избор за парите? Ќе се користи за сурфање, документи и по некоја игра. Тоа е максимум цена, погоре не може. Благодарам за помошта и сугестиите
АСУС како марка ти е добар избор и јас ти го препорачувам, само за потребите кои ти ги кажа, ваква конфигурација би била фрлање пари, освен ако сакаш да играш по некоја игра или да користиш некои појаки апликации. Јас еве имам АСУС исто од Сет земен, пред 1 год, со i3 процесор една генерација постар од овој со, 4GB RAM и графичка неколку серии послаба од овој, за 24500. Додуша го појачав доста со тек на време, со 4 GB RAM и плус SSD ама затоа што ми треба, инаку и претходно добро си ја вршеше работата. Еден најбитен совет, барај конфигирација со M во името на процесорот, овие со U се штедливи серии и при игри нема баш добро да се покаже. Сигурно имаат во салон и други понуди на АСУС лаптопи, провери си (y)
 
Предлог за лаптоп до 18-19 илјади,нека биде солиден за тие пари..........
 
Предлог за лаптоп до 25-26 илјади денари, за канцелариско работење (интернет и документи), битно да е стабилен и брз?
 
Глеам поактивна е темава па ај да си прашам и тука :)
Ми цркна лаптопот, Dell Inspiron N5010, 4-5 години користен, прегоре екстерната графичка, има спас, кошта 3000 денари ама и тогаш не е сигурно дека ќе трае којзнае колку. Така да нека се гони, го оставив да ми го проценат за да си купам нов и да ми одбијаат од цената. Некој да кажи колку би ми го процениле отприлика, со колку да бидам задоволен, да не ме соголат?
Спецификации:
15 инчи, i5 процесор (не ми текнува ghz), 4гб рам, 500гб хард диск, радеон 550в 1гб графичка (прегорена :D)

И дајте мислење за лап топов, дали е ок за ценава, и генерално мислење за Асус и животниот век на лаптопот, со претходниов најголема замерка и проблем имав со загревањето, за Асус глеам дека тоа не е некој проблем ради тоа ice cool technology.
 
Глеам поактивна е темава па ај да си прашам и тука :)


И дајте мислење за лап топов, дали е ок за ценава, и генерално мислење за Асус и животниот век на лаптопот, со претходниов најголема замерка и проблем имав со загревањето, за Асус глеам дека тоа не е некој проблем ради тоа ice cool technology.
Јас не би се мислел за овој
 
4030u не е појак од 4005u? Башка 1.7 со 1.9, башка ептен ми е битно шо не загрева Асусот, Леновото како се покажува на тоа поле? Неам искуство со нив.

новите Intel процесори не грејат толку многу. не треба да се грижиш за прегревање или бучава од вентилаторот.

зимај го асусот. брз, тивок и супер изгледа.
 
Разочаран сум од асусот. Не грее, ама затоа досега имам 5 мртви пиксели.
 
Да земеш асус лаптоп ти е исто ко да си купил nike машина за прање алишта :)
 
новите Intel процесори не грејат толку многу. не треба да се грижиш за прегревање или бучава од вентилаторот.

зимај го асусот. брз, тивок и супер изгледа.
Aaaaaa не греат?
Не го чисти вентилаторот подолг период па ќе видиш дали не грее.
Сум имал 4-5 лаптопи од различни производители а моментално имам lenovo 3rd generation Intel® Core™ i3-3120M скоро 2 години и сум најздоволен од него
 
Дајте кажете ми други продавници кај што може да се земе лаптоп освен Сетек, АМЦ, Техномаркет, Нептун. Барам еден модел ама го нема во овие.
 
Дајте кажете ми други продавници кај што може да се земе лаптоп освен Сетек, АМЦ, Техномаркет, Нептун. Барам еден модел ама го нема во овие.
ако го увезуваат тој бренд, тогаш може да ти го порачаат моделот што го бараш.
кој бренд и модел го бараш?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom