Помош, софтверски проблеми и совети - III дел

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
:helou:
Абе Stolee ако мислиш за тоа сенки сини што ти дава позади иконите како да се штиклирани сите, мислам дека се правеше во Display Properties/Appearance/Advanced/Item: Icon и исклучи ја бојата. Не сум баш сигурен за ова ама пробај, за проба пари не се зимат :wink:
Отидов таму но нема Item:icon...:(
 
Не знам дали на вистинска тема прашувам,, али се надевам ќе ми помогнете
сега го форматирав компјутерот и не сака да ми се пуштат тие песни што пред тоа ми биле снимени од ЦД на компјутер, а сега се зачуванио. тоа е нормално?:
и нема глас на YOUTUBE на сите клипови, кажете ми гласот на клиповвите како иде тоа, може треха нешто да стиснам само
фала однапред
 
ахххххх,пак проблемиии!!!!! сакам да го форматирам пц-во,али ги изгубив сата-раид драјверите за XP,кај да најдам??? матична asus K8U-X,хард диск Excelstore 80gb sata II?? помош!!!!

едит: ги најдоввв!!!!!!!!!
 
Не знам дали на вистинска тема прашувам,, али се надевам ќе ми помогнете
сега го форматирав компјутерот и не сака да ми се пуштат тие песни што пред тоа ми биле снимени од ЦД на компјутер, а сега се зачуванио. тоа е нормално?:
и нема глас на YOUTUBE на сите клипови, кажете ми гласот на клиповвите како иде тоа, може треха нешто да стиснам само
фала однапред

Вака за ова со песниве, да не ти биле зачувани само шорткатс во некоја партиција, а со форматирањето да отишле на делејт ?
А за ова второво со јутуб, избриши го флеш плеерот и инсталирај го одново
 
Момци да ве прашам нешто, имам проблем со desktop компјутерот. (моментално пишам од лаптопот)Последниот пат кога го исклучив ми укопа на windows is shuting down и бев приморан да го гасам од копчето за уклучување, и после 2-3 часа кога пробав пак да го уклучам несакаше да го подигне системот( брче куќиштето, глушецот свете, а мониторот несака да се уклуче и оној стандардниот звук тит-ит го нема) Па чаре како да го уклучам и до што може да е:nesum:
 
Да не ти рикнало нешто од хардверот ? Можеш да стасаш до safe mode да пробаш да го подигнеш преку safe mode ?
 
Незнам, пред некој ден го сменив кулерот (купив нов) нешто ако има врска тоа, а да има рикнато нешто не ми се верува :toe: и на пример до кој дел би можело да биде, а постапката safe mode не ја разбирам , а и воопшто не ми го уклучува мониторот неможам ништо да направам , а и комплицирана ли е таа постапка safe mode , ако не е пробај објасни ми ја :kesa:
 
Кога си го менувал кулерот (тој кај процесорот) измеѓу кулерот и процесорот имаш една паста, е сеа таа паста може да доведе до прилепување на кулерот со процесорот и додека си го вадел кулерот и доколку биле прилепени со процесорот можеби дошло до изместување на игличките на процесорот. Мене така ми се деси... кога ќе го пуштиш компјутерот само ќе светне дека стартува и после ништо не се дешава, нити се пушта мониторот, нити има некој знак дека работи компјутерот. Само ќе светнат сијаличките, чат пат ако му текне ќе збрчи малце и после ќе умре. Го извадив процесорот, и видов дека игличките не биле како што треба, успеав некако да ги нацентрирам игличките и компјутерот оживеа. Незнам сеа дали истиот случај е и кај тебе, а тоа за safe mode не е којзнае колку тешко, пиши на Google > How I can <и тоа што сакаш да го направиш> in safe mode или така нешто, мислам дека би можел да се снајдеш.
 
Sky Driver кулерот го сменив поради што стариот го чистев и ја исчистив и пастата под него што го разладувала процесорот:tapp:. Па неможев да најдам само паста пак да го премачкам и земав нов кулер и ми го наместија од таму од кај што го купив, но помина скоро една недела од тогаш и беше се ок со компјутерот со исклучок на тоа што ми е нешто побавен од тогаш.А инаку истиот случај е како кај тебе што кажуваш и ако пак го вадам кулерот колкава е веројатноста пак да направам некој проблем со паста, и тоа со игличките на процесорот сложено е или лесно се гледа која каде треба да оди.:nesum: твој совет ако не пак да одам на сервисер да го носам, но несакам пак да ме изгорат :zlo:
 
Абе не дека е сложено, многу е просто, на процесорот имаш многу мали иглички и сеа доколку една од нив е малце подзакривена може да настанат некои проблеми. Треба да ја/ги исправиш игличката/те за да се поклопи све убаво и нема да има проблем. Иако е просто ептен, сепак тоа е процесор, нежен е, такашто мала глупост и моеш да направиш голема беља. Незнам што да ти речам, да не ти испаднам после јас крив, а и не сум сигурен дека тоа е уствари проблемот, можеби нешто друго е маката :toe:. Еве како изгледат игличките на процесорот:

735024_computer_processor.jpg

(тоа ситните шолти иглички)

...и сеа ако една од нив е милимикрнски изместена може да доведе до некој си проблем (како кај мене што беше случај, 3-4 иглички милимикронски подзакривени и несакаше да се пушти компјутерот). Едвај некако успеав да ги поднаместам и така проработе компјутерот.
 
Ок Sky Driver ќе видам што ќе направам,во секој случај фала за помошта и советите и таман работа да те обвинувам нешто ако јас лошо направам :) , јас барав само совет:smir:
 
Може ли некој да ми каже како може да додадам subtitle (.srt), на видео чиј фајл е .avi?
 
Копирај го во истиот фолдер и преименувај го исто како avi фајлот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom