Помош, софтверски проблеми и совети - III дел

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Проглем.:)
Земав ТВ картица.
Си фаќам програми и се е во ред.
Но, на сред гледање ми се исклучува мониторот и престанува звукот, а машината работи, т.е. го слушам вентилаторот што лади.
Го прави, или тоа, или сам се рестартира.

Ова се случува откако ја ставив картицата.

Фала однапред.
Имаш некоја заебанција или со мониторот или со графичката. Пробај со драјверите, или пробај ја картицата на друг компјутер
 
Пак ми се појави мал проблем, имено сакам да принтам ама принтерот ми ја загужва хартијата, секогаш ја повлече на едната страна и заглави па морам да стопирам и да ја извадам хартијата.....пробав нешто да направам не бива....ај кажете идеја?
 
Имаш некоја заебанција или со мониторот или со графичката. Пробај со драјверите, или пробај ја картицата на друг компјутер

Драјверите ги сменив.
Може ли да е проблем со картицата нешто?
Пред тоа вака не ми кочел компјутерот. Или се гаси мониторот, или се рестартира, или се укочува скроз, па мора да му праам ресет од дугмето.:toe:
Другар мој има нешто послаба конфигурација од мојата, иста картица, па кај него нема проблем.
Нешто некој ми спомна да сум го подесел процесорот.(појма неам дали може и како би го направил тоа).
 
Имам еден проблем, симињам торенти и кога ќе го симне торентот е како поделен на 15 дела од по 15МБ во BC! формат се. Читам коментари од странава што го симињав торентов дека е во ред се али неможам да го пуштам ја.
 
Батали тоа, не ти ја поддржува нешто... туку распрашај се кај некои другари да се сменете со картиците :)

Имам еден проблем, симињам торенти и кога ќе го симне торентот е како поделен на 15 дела од по 15МБ во BC! формат се. Читам коментари од странава што го симињав торентов дека е во ред се али неможам да го пуштам ја.
Се спојуваат со една програма, таквите фајлови... врти некоја страна поназад :smir:
 
:):) Преги во школо ја пробивме програмата iTALC Client 1.0.9 :D:D:D Нооого беше јако :D:D
 
Проглем.:)
Земав ТВ картица.
Си фаќам програми и се е во ред.
Но, на сред гледање ми се исклучува мониторот и престанува звукот, а машината работи, т.е. го слушам вентилаторот што лади.
Го прави, или тоа, или сам се рестартира.

Ова се случува откако ја ставив картицата.

Фала однапред.
друже а да не ти е наместено да ти исклучува мониторот афтоматски??
на десктоп десен клик proporties>screan server>power> кај тоа turn off monitor треба да ти биде never
 
Го направив тоа, иако не верувам дека е до тоа...
А што може да биде што се укочува на сред програма ЦЕЛ windows, па мора од копчето ресет даму праам, или пак самиот си праи.:)

друже а да не ти е наместено да ти исклучува мониторот афтоматски??
на десктоп десен клик proporties>screan server>power> кај тоа turn off monitor треба да ти биде never
 
Имам проблем со копмјутерот на мајка ми... Сабајле го уклучила и ги нема Мy Computer, My Documents и уште нешто на десктоп и замрзнат е десктопот, неможе да се селектира ништо... А стрелката кога ќе ја однесам кај стартот има часовниче и така стои... Неможе да се уклучи ниедна програма.... Пробав со систем ристор, исто си останува...
Кога ќе ти се уклучува компјутерот стисни F8 и ке ти даде мени, ќе одбереш "Last good known configuration" ако не ти се управи одново од истото мени ке одбереш "Safe mode" па после прави му ресторе или барај начин да го упраиш:helou:

Проглем.:)
Земав ТВ картица.
Си фаќам програми и се е во ред.
Но, на сред гледање ми се исклучува мониторот и престанува звукот, а машината работи, т.е. го слушам вентилаторот што лади.
Го прави, или тоа, или сам се рестартира.

Ова се случува откако ја ставив картицата.

Фала однапред.
Другар пробај извади ги графичката и ТВ картицата. после пак стави ги ама ТВ картицата стави ја на друг PCI slot, коа ќе ти се уклучи компјутерот од интернет најди нови драјвери за графичката оти можеби проблемот ти е у старите драјвери.
ПозЗ...
Пиши со ќе напраиш.:helou:
 
На компјутерот имам инсталирано ХР, а сега сакам да инсталирам Убунту, да видам како изгледа. Дали е тоа можно, без да се брише XP? Т.е. да имам 2 оперативни система и при вклучување да ми дава опција да одберам кој ќе го користам.

И, дали мора да се двата на иста партиција или може на различни? Фала.
 
Можеш бе :). Инсталирај го убунтуто, за него ќе ти треба друга партиција swat3 мислам дека беше. Одкоа ќе заврши инсталацијата, при подигањето на компјутерот ќе ти ги покаже и двата ОС и ќе можеш да избереш кој да го користеш.
 
На компјутерот имам инсталирано ХР, а сега сакам да инсталирам Убунту, да видам како изгледа. Дали е тоа можно, без да се брише XP? Т.е. да имам 2 оперативни система и при вклучување да ми дава опција да одберам кој ќе го користам.

И, дали мора да се двата на иста партиција или може на различни? Фала.

Побарај си на интернет Live CD од Ubuntu и немода ни да го инсталираш за да видиш како е. Само го ставаш цедето, праиш BOOT преку него и ти се подига Ubuntu и работи си, разгледај што е како е.
 
Ubuntu Live CD овде.Можеш да си го доунлоадираш, или да си порачаш цд со Линукс(Убунту,Едубунту,Кубуну и други дистрибуции).Цд-то стига за 3-4 недели дома.:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom