Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво дечки, ми треба помош околу избирање на графичка картичка.
Главно ќе го користам компјутерот за рендирање на видеа.
Имам буџет од 350 евра само за графичка.

Можите да ми дадете препорака?
 
Имам мал проблем со ПЦ-то.
Сам се рестартира пример еднаш на ден кога ќе работиш со него, пример скролаш на фб или отвораш неколку табови на прелистувачот и прегледваш некој работи и ако подзакочи малку автоматски се рестартира.
Дали е можно да е до процесорот или е друг проблем ?
 
Провери температури. Извади го кабелот за струја и стави го убаво. Можно е да имаш подуени кондензатори на матичната...
 
Дечки помош, планирам да направам Livestream, е сега имам 2 камери од кои едната е DSLR Канонче едната е стара обична видео-камера(camcorder). Сепак сакам да снимам во ХД резолуција и сега гледам нешо дека треба некој уред од околу 100-150 $. Дали може некој да ми препорача некоја друга поефтина варијанта ?

-Се извинувам ако постирам на погрешно место.
 
Имам само еден локален диск (C) од 500Gb во лаптопот и се ми е во него.
Сакам да направам уште еден локален диск и во него да ги префрлам сите работи кои ми требаат.
Може ли да направам нов локален диск без да го форматирам компјутерот или (C) дискот?
И ако може, ќе ве замолам за помош.
 
Здраво. Пред неколку дена купив 22" BenQ монитор модел GL2250H и се јави еден мал проблем. Приклучен е на HDMI и наместен е на 20 мин. автоматско гасење, после тоа се појавува прозорче "HDMI Cable Not Connected" со плава позадина и се задржува така точно 1 минута пред да оди во stand by. Малку не ми е јасно зошто би се задржувало цела минута (не ми се верува дека би било сериски вградено во моделот), ми нема некако логика. Пробав да најдам во менито од мониторот, пробав со стари/нови драјвери од графичка, исто така и со VGA кабел. Дали некој од вас имал сличен проблем?
 
Последно уредено:
Здраво дечки, поврзав нова матична MSI DDR4, се тоа ок но кога пробувам да го вклучам PC-то диодата на процесорот трепка црвено и кулерот врти момент со нормална брзина, момент забрзува и така константно. Значи има струја но не се подига апсолутно ништо. Што може да е проб.?
 
Имам мал проблем со ПЦ-то.
Сам се рестартира пример еднаш на ден кога ќе работиш со него, пример скролаш на фб или отвораш неколку табови на прелистувачот и прегледваш некој работи и ако подзакочи малку автоматски се рестартира.
Дали е можно да е до процесорот или е друг проблем ?

Провери напојувањето дали ти врти перката

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Здраво. Пред неколку дена купив 22" BenQ монитор модел GL2250H и се јави еден мал проблем. Приклучен е на HDMI и наместен е на 20 мин. автоматско гасење, после тоа се појавува прозорче "HDMI Cable Not Connected" со плава позадина и се задржува така точно 1 минута пред да оди во stand by. Малку не ми е јасно зошто би се задржувало цела минута (не ми се верува дека би било сериски вградено во моделот), ми нема некако логика. Пробав да најдам во менито од мониторот, пробав со стари/нови драјвери од графичка, исто така и со VGA кабел. Дали некој од вас имал сличен проблем?

Провери графичката или матичната таму кај што е приклучн ХДМИ и за нив треба драјвери а ако ништо од тоа тогаш хардверски проблем

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Провери температури. Извади го кабелот за струја и стави го убаво. Можно е да имаш подуени кондензатори на матичната...

Во ред е се на матична.
Туку го отворив и напојувањето, тука 2 електролитски кондензатори од по 470 микро фаради ми се сумливи, двата како да се потстопени малку на долниот дел дури и на плочката како истечено има нешто од нив...
Можи тие да прават проблеми ?
 
кој има проблем со пц нека го носи на сервис.
 
Здраво дечки. Пред неколку дена зедов графичка Gigabyte GeForce GTX 960 4GB GDDR5 и имаше некој мал проблем со вентилаторите (креваа голема брзина и после неколку секунди пак се нормализираа) па најдов начин на интернет дека со флешување на BIOS-от се решавало тоа. Флешот беше успешен (според мене), само после тоа купив уште две плочки рам од 4GB HyperX Fury на 1866mhz, го форматирав ПЦ-то и малку почнаа некои работи да сецкаат дури работам. На пример, FPS-то на флеш видеата опаѓа, исто такви моменти има и во игрици, каде FPS-то паѓа драстично и кога се ќе се смири, се враќа во нормала. Незнам што би можело да е проблемот, направив неколку тестови со memtest, HDD програмчиња, преформатирав уште еднаш, проверив и температури, преинсталирав драјвери за графичка и пак ништо. Конфигурацијата е следнава:

CPU: AMD FX-6300 со турбо 4.1GHz (со Cooler Master)
MB: Gigabyte 970A-DS3P
HDD: Toshiba 1TB SATA 3 7200rpm
RAM: 2x4GB Kingston HyperX Fury 1866mhz
GPU: Gigabyte GTX 960 Windforce OC 4GB GDDR5
PSU: DeepCool DA500M Aurora Modular (старо е неколку години, 3/4 одприлика не сум сигурен)

Приметив на страните каде што се одбираат делови за какво PSU е доволно за оваа конфигурација, пишуваше дека треба 600W напојна, можно е и тоа да е проблемот, не сум сигурен. Било каков совет или помош би била добродојдена.
 
купи си нов компјутер, ич не се замарај со тој повеќе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom