Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
4 слота имам, 2 црни и 2 сини слота, немам поима зошто служат сините слотови а зошто црните, пробав варијанта без графичката и еден син слот со моја плочка рам 2гб ама пак ништо не се покажува на екранот, пробав и варијанта без графичка и еден црн слот ама не работи таа по се изгледа, а во меѓувреме трипати титка бип бип бип од куќиштето.
Инаку 7мица има виндоус.

Ако има интегрирана графичка, немора да ја ставаш другата. Монитор на неа и ќе даде слика. Штом има три бип, или е меморијата или слотовите. Штом е со бои, обично значи дека влегуваат во парови (ова е долго и широко). На секој слот пробај една плочка. Сите што ќе работат, после комбинирај ги. Имав ваков случај: 4 слота, 4 плочки. Можеш да замислиш колку комбинации се тоа? 2 саата изгубивме за да видиме која со која работат. Инаку сите исправни. Мораш пали/гаси додека не подигне една. Извади ги прво сите, извади CMOS батерија (онаа како за саат), врати ја и почни една по една. Макар BIOS да даде, ќе биде одлично. Натаму е полесно. На крај, па и со една можеш да тераш ;)
 
Дали можам десктопот, наместо директно преку порта, за да не влечам кабли низ цел стан, да го поврзам на интернет преку вифи конекција? И на каков начин можам тоа да го направам, т.е. каков дел / додаток би ми бил потребен да го купам?
Ти треба ваков usb адаптер, солидни се, евтини, користам TP-LINK TL-WN721N долго време (150 Mbps, 2-3 ѕида до рутер, 10 метри оддалеченост) - http://www.anhoch.com/product/13019/tp-link-wireless-n-usb-adapter-300mbps-tl-wn821n . Апсолутно не разбирам зошто risto traktoristo ти напишал дека не може....
 
Разбрав дека Зоте (Брос) веќе не откупуваат прилично постари компоненти (10+ год стари), па дали знаете некој во Скопје кој откупува и постари компоненти за реална цена ? (најмногу ми е за неколку ддр2-ки) Иф јес, тогаш каков точно вид компоненти купуваат ? (пример: рам да, монитор не) Иф нот, препорачувате Пазар3 & Co или нешто друго ? Навистина сум тапа со тековни информации на оваа тема па би замолил за ваш совет.
 
Незнам дали е соодветна тема ама ке постирам.

Дали ова значи дека графичката е умрена ??И никако неможам да направам апдејт.

http://imgur.com/a/tKihe
 
Незнам дали е соодветна тема ама ке постирам.

Дали ова значи дека графичката е умрена ??И никако неможам да направам апдејт.

http://imgur.com/a/tKihe
Што модел на графичка е? Оди директно на сајтот на NVIDIA и симни го најновиот драјвер рачно од таму. Можно е да имаш проблем со конекција до нив.
Одбери го моделот на графичката тука и симни го драјверот.
 
Здраво. Заинтересиран сум да купам GTX 950 so 2GB GDDR5 и сакам да знам дали да одам на нешто поскапо, како на пр. 960. Буџетот е некаде 10к денари, компонентите се следниве:

CPU: AMD FX 6300 3.5 GHz (турбо активирано на 4.1)
HDD: 1TB Toshiba 3.5 7200 rpm SATA3
MB: Gigabyte 970A-DS3P AM3+ DDR3 2000MHz SATA3 USB3.0 Ultra Durable 4
RAM: 4GB DDR3 на 1333MHz
Еден вентилатор 120mm
PSU: DeepCool 500W Real Power Modular (линк)

Моментално имам постар монитор со резолуција 1280x1024, така да ваљда ќе немам проблеми со играње на помодерни игри.
 
Остај ја таа, стара е, да речеме.
Земи си rx 460. http://www.anhoch.com/product/39962...eon-rx-460-oc-4gb-gddr5-dvdhdmidp-dual-x-dx12
Размислувај и рам да земеш со 4гб тешко новиве игри...
 
Фала Anon за советот. Секако дека планирам да го појачам рамот во блиска иднина, само сега решив да одам со графичка зато шо мојата е многу стара. Ме интересира зашо баш RX-от? Гледав да се тргнам од AMD графичките заради некоја комбинација да направам со процесорот, а и сметам дека GeForce се некако подобри.
 
Ме интересира зашо баш RX-от?
Затоа што во перформанси се тука некаде, а тие 4гб vram ќе ти бидат добредојдени во иднина.
Дополнително, rx 460 ти е тазе, а 950 е од пред 2 години.
Нови технологии а-у, дефинитивно игрите ќе бидат подобро оптимизирани за rx 460.
Ако можеш да најдеш уште 3к денари, rx 470 ти е најбоље избор.
 
Зошто лаптопот загрева многу брзо, 62-3 степени е температурата кога сум на хром и кога не работам ништо а до пред некој месец температурата беше околу 40. Лаптопот е форматиран пред 5 дена и е заменета пастата што може да е проблемот?
 
ако си заменил паста и си го исчистил ладњакот не би требало да имаш проблеми освен можда не е достегнат ладњакот... трето нема
 
Зошто лаптопот загрева многу брзо, 62-3 степени е температурата кога сум на хром и кога не работам ништо а до пред некој месец температурата беше околу 40. Лаптопот е форматиран пред 5 дена и е заменета пастата што може да е проблемот?
или не затегнато добро или премногу паста или ефтина паста
софтверски види процесорот е накај 0% или нешто работи во позадина.
 
Ај малце помош околу ова. Не е за преводот, туку техничка помош.

*DDR3 1600MHz or above DIMMs work only on the Orange slots for one DIMM per channel.

Се работи за рам, кој не го чита на матична(може да не е компатибилен, но сепак...) и следна матична.

Asus P5Q3
 
Ај малце помош околу ова. Не е за преводот, туку техничка помош.

*DDR3 1600MHz or above DIMMs work only on the Orange slots for one DIMM per channel.
DDR3 1600MHz или над DIMMs работи само на слотови портокал за еден DIMM по канал. :D google translate

а што матична имаш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom