Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Ај едно можеби глупо прашање.
Купив лаптоп и ме интересира како да ја полнам батеријата. Дали првите неколку пати треба да се полни по 12 саати или регуларно додека се наполни?
 
Регуларно. Ако сакате да ви трае батеријата, кога се полни лаптопот или се користи уклучен во штекер штекер, треба да се вади батеријата ако не ве мрзи. Ако ве мрзи, батеријата ќе ви трае помалце.

Друг совет, никогаш не ја празнете батеријата под 10%
 
Вчера почнаа проблеми со графичката, цело време ми запираше, ми играше сликата на мониторот цело време, помислив дека до него е проблемот но после почна да ми го дава овој error:
oo0HY7L.png

Не ми беше форматиран долго време и имав триста глупости на него, го форматирав и си мислев дека ќе се реши проблемот, откако го форматирав не се појави ова со error-ов, сликата пак играше, мислев дека е нешто до драјверите и ги апдејтирав и го рестартирав пц-то, после неколку рестарти почна ептен да забегува сликата и конечно стаса до тука каде што веќе неможе ништо да се проба...
yALZBtA.png

Што може да му биде, мониторот ли е или пак графичката, чаре?

види ги кондензаторите на графиката да не се попукани, ако не се ондак е отидена ваљда, ако се испукани смени ги ќе се среди
 
Јас имам уште еден проблем.
Користев Chrome како браусер ама приметив дека горе табот ми е малце blurry како и се што ќе отворам на која било страна. Резолуцијата ми е подесена ко што треба 1920х1080 а на десктопот иконите ми се нормални, со јасен фонт. После извадив Опера и таму пак не се матни ма табот горе е премал и буквите се преситни, едвај се чита и многу замара очи. Еве сега извадив Мозила и тука е се во ред.

Ако знае некој што може да биде проблемот нека ме просветли пошто не ја сакам мозила за користење :).
Не знам дали има некаква врска но да кажам дека имам Windows 8.1.
Ќе ставам скриншатови за да биде појасно на што мислам.

2q0lehd.jpg

2qtby40.jpg

2zjjd40.jpg
 
дечки ако знае некој да ми каже како да сменам од windows 8 во windows 7 јас пробував мо таман да почне преинсталацијата се рестартира
 
Јас имам уште еден проблем.
Користев Chrome како браусер ама приметив дека горе табот ми е малце blurry како и се што ќе отворам на која било страна.

Провери го зумот во Хром.
 
Провери го зумот во Хром.
Знам како да зумирам и одзумирам. На 150% ми е али кога зголемувам зумот табот горе си останува ист, не се менува.
Притисни Ctrl + 0 (не О туку бројка 0 :) ) кога си во хром
Не се дешава ништо со Цтрл + 0 :(.

Нешто најдов на нет да штиклирам во Properties --> Compatibility --> Disable display scaling on high dpi settings али кога го штиклирав тоа ми бидна како на Опера што ми е, преситно за читање.
 
Пробај да го преинсталираш Хром......можно е зумот да е багиран, ми се случи еднаш, не се менуваше иако стои 100%
 
@Psyside го преинсталирав и ништо ново. Пак е многу ситно,исто како и на Опера.
2nvv2bp.jpg

Еве како е на друг нормален лаптоп.
5be69c.jpg

Мора нешто да е до браусерите или до лаптопот е?
 
Мора нешто да е до браусерите или до лаптопот е?

Цуре на која резолуција е наместен мониторот на другиот нормален лоптап? Пази, што поголема резолуција поситно ќе се гледа...

Ај пробај ако можеш на твојот топлап намести му резолуција на 1366x768 па види дали има разлика со нормалниот топлап ;)
 
Последно уредено:
Цуре на која резолуција е наместен мониторот на другиот нормален лоптап? Пази, што поголема резолуција поситно ќе се гледа...
Момче, ако е така тогаш моја грешка. Другиот нормален има послаба резолуција 1366х768.
Според ова што го велиш тогаш би требало и на Мозила да е исто така ситно а кај мене е се во ред. Мене малце ми нема логика да поголема резолуција дава ситен,нечитлив фонт или пак замаглен.
 
Момче, ако е така тогаш моја грешка. Другиот нормален има послаба резолуција 1366х768.
Според ова што го велиш тогаш би требало и на Мозила да е исто така ситно а кај мене е се во ред. Мене малце ми нема логика да поголема резолуција дава ситен,нечитлив фонт или пак замаглен.

Изедначи ја ти резолуцијата како на другиот лаптоп па спореди, а тоа дека ти е нечитко, мислам е поради тоа што препорачана резолуција за твојот лаптоп е 1920x1080 што ќе биде уште поситно. :ROFLMAO: За сега пробај со 1366x768 па стај сличиња да видиме како изгледа.
 
Еве сличиња со таква резолуција
на хромот нема некаква си преголема разлика
25sudsx.jpg

и од десктопот:
uanuo.jpg

@#samurai# ти изгледа вака океј као?
Од мозила не сакаш ни да видиш пошто е екстра екстра ларџ со таквата резолуција :confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom