Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Препорака за безжичен рутер...Tenda, TP-Link, D-Link....?
TP-Link WDR-3600, или WDR-3500 ако не ти треба гигабит LAN. Не од искуство, но колку што гледам по странски форуми е одличен за парите. Има и подобри (Asus AC или LinkSys AC, па и TP-Link Archer серија) ама тие се веќе бааги поскапи и напредни уреди.
 
помош со харвер.... компјутерот си го палам гледам не се уклучува.... само што ке добие напон одма се гаси - се сомневав во напојувањето но го проверив и не е цркнато.... вадев дел по дел да не влече нешто многу струја на почеток - исклучив цд ром хард диск и слично истиот резултат го добивам цело време... единство кога ке го исклучам кабелот што оди од напојување во матична со 4 пина што е (коцката) блиску до процесорот тогаш работи добро .... штом ке го вратам одма исклучува....

што мислите дека може да е?
Да ме цитираше барем...[DOUBLEPOST=1407603228][/DOUBLEPOST]
TP-Link WDR-3600, или WDR-3500 ако не ти треба гигабит LAN. Не од искуство, но колку што гледам по странски форуми е одличен за парите. Има и подобри (Asus AC или LinkSys AC, па и TP-Link Archer серија) ама тие се веќе бааги поскапи и напредни уреди.
Зедов TP-Link ама од поефтините да речам, WR740N, до 150 Mbit, мислам за домашна употреба за во стан ќе биде доволно. Денеска го ставив еве преку него сум, одма се осеќа разлика во однос на стариот, страниците се отвораат експресно брзо, а не претходно се отепував од стискање F5 за да се отвори страната со сите нејзини елементи. :cuc:
 
Од кога почна така да ти прави, претходно нешто имаш менувано делови или слично?
Можно е ако си пипал околу кулерот на процесорот да не е монтиран добро и да нема добар контакт со процесорот.
Може и друго да е, графичка, самата матична, рам, плус напојувањето го провери ли на друг компјутер дали работи исправно?
од дамна е склопена конфигурацијата и немам пипано ништо со години... така прави откако мавна гром пред 2 дена во близина.. и покрајтоа што компјутерот беше изгасен претпоставувам дека тој е причинителот а се сомневам дека е рикната матичната или процесорот....
 
За проблемот со компјутерот пишав неколку страни поназад. Нарачав матична плоча и мислам дека се поврзав како што треба, а сепак мониторот не ми реагира кога ќе го уклучам компјутерот. Кажете решение пред да го фрлам низ тераса!

SAM_2743.JPG
 
Прегледај го приврзокот 99544
Што графичка имаш, напојувањето ти е тиња

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Да, напојувањето е лошо. Што приклучок користиш од мониторот до графичката? Види да не си утнала со DVI-I/DVI-D
Што графичка имаш, напојувањето ти е тиња

GTX 750ti има, на 60W работат без 6/8pin приклучок
 
Што е лошо со напојувањето? Како да го средам? Приклучокот од мониторот до графичката е стар, на него гледам пишува Hotron e246, тоа ли е тоа? Треба да земам нов за новиов компјутер секако, зарем и тоа има врска? :(
 
Кабел од мониторот на графичката таа графичка мислам е со два излеза DVI треба таков кабел да имаш,напојувањето е слабо и нема сила таа графичка да ја бутка
 
Што е лошо со напојувањето? Како да го средам? Приклучокот од мониторот до графичката е стар, на него гледам пишува Hotron e246, тоа ли е тоа? Треба да земам нов за новиов компјутер секако, зарем и тоа има врска? :(

Засега не го чепкај напојувањето, прво нека ти работи компјутерот ко што треба па за во иднина ќе го смениш. А во врска со кабелот моментално освен форумов ништо друго не ми отвара нетов, проблем имаат T-home нешто па не можам да проверам што кабел е тоа.

Вака на “слепо“ што можам да ти кажам е да пробаш со VGA кабел од мониторот до матичната(не графичката) да видиш дали на интегрираната графичка ќе ти се пушти се како што треба. Плав треба да биде тој VGA port, провери го на нет
 
Некој да ми даде линк од тема кај шо можам да прашам за совет за принтер ?
 
Некој да ми даде линк од тема кај шо можам да прашам за совет за принтер ?
До колку пари ти се даваат, ако ти е ептен за ретка домашна употреба некој ефтин инк-џет, ако сакаш да си раат и да принташ почесто тогаш ласерски.
 
Имам проблем со компјутерот веќе неколку месеци. Најпрво прегоре графичката картичка, па однесов на поправка и од сервисот ми кажаа дека наместо да клават нова, за поевтино да било, не разбрав баш најдобро, ја поправија старата или ставија стара картичка. Рекоа дека ќе биде малку поспор компјутерот. Со тек на времето дознав дека перформансите многу опаднаа( ПЦ-то стана спор, неможеа да се играат видео игри и сл).
Од околу тој период, па мислам до денеска започна да опаѓа меморијата на Local disk C. Има вкупно 146 GB меморија и имам скенирано со разни програми кои покажуваат дека оперативниот систем и разните програми зафаќаат 35 GB. А мојот компјутер покажува дека има само 1.27 GB меморија. Рапидно опаѓа при седење на интернет меморијата. Пробав се, disk cleanup, па ослободував меморија префрлав фајлови, но меморијата повторно паѓа екстремно ниско. Дали е ова хардверски проблем(дискот да е оштетен) или пак е до софтверот, некој вирус да ја јаде меморијата? И има ли врска со прегорената графичка картичка?
 
Имам проблем сакам да порачам процесор од интернет ама незнам дали ке работи на мојте конфигураци
Матична:Biostar P31-a7
Procesor:Intel Celeron 3.2Ghz
Ram:2GB DDR2 800Mhz
Graficka:Nvidia Geforce GT9400 1GB
pa sakam da kupam intel core 2 duo e8400 3.0Ghz od aliexpres??
 
Ке работи

Sent from my Samsung Galaxy Note 3 SM-N9005 using Tapatalk
 
Имам проблем сакам да порачам процесор од интернет ама незнам дали ке работи на мојте конфигураци
Матична:Biostar P31-a7
Procesor:Intel Celeron 3.2Ghz
Ram:2GB DDR2 800Mhz
Graficka:Nvidia Geforce GT9400 1GB
pa sakam da kupam intel core 2 duo e8400 3.0Ghz od aliexpres??

А да ти дадам еден предлог?
Продади ги сегашните матична, процесор и рам, и земи некоја Asus/Gigabyte B85 матична, G3220 процесор (перформанси на ниво на E8400 или повисоки) и 4GB DDR3 рам. Со тоа ќе имаш многу посовремен систем со Sata 3, Usb 3, и поефикасен, со опции за надоградба во иднина. Вака само ќе тапкаш во место (не дека нема да осетиш подобрување, E8400 е доста побрз од тоа што го имаш сега, ама античка е платформата). Има една добра изрека за ова: Beating a dead horse.
Тоа горе вкупно ќе те фати околу 9000 ден.

Ако сепак во моментов си ептен кнап, да нема да имаш никаков проблем тој процесор ќе пасува на матичната. Сепак би ти рекол да присобереш пари и да почекаш малку, ќе се исплати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom