Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Се јавив во Сет, рекоа да се јавам за едно 15-тина дена, ама тешко дека ќе биде. Бај д веј, што им значи она гаранција 90 дена?
 
vikris напиша:
Се јавив во Сет, рекоа да се јавам за едно 15-тина дена, ама тешко дека ќе биде. Бај д веј, што им значи она гаранција 90 дена?

ОЕМ процесор. ако доплатиш 2.5% од цената добијаш 1 година, а ако ептен ги измолиш за 2 години гаранција треба да доплатиш 5% од цената на процесорот. Стандард е 90 дена на ОЕМ парче.
Ако незнаеш што е ОЕМ: Original Electronics Manufacturer - Односно парчето хардвер се продава во огромни количини на големи компании кои склапаат компјутери, и содржи основна гаранција од 90 дена, иначе иде без кутија и додатни ствари. (На пр: ако купиш ОЕМ матична ја добијаш у пластична кеса, без опаковка, без упатство, без кабли, драјвери или бонус ствари, бес НИШТО, и нормално некоја основна гаранција.

Али затоа ОЕМ се поевтини од RETAIL за 10-20% RETAIL е обратно од ОЕМ, или шо би рекле, ко за у дуќан, со опаковка со сите салтанати.
 
Ајде едно прашање од мене: Знае ли некој зошто кога го ресетирам компјутерот, иако ми е вклучен мониторот не се појавува слика? Морам да го исклучам и вклучам од ново мониторот, се појавува сликата...Дали проблемот е до мониторот или нешто со графичката?? Мислам дека го разбравте проблемот Кажувајте итно ми е!!!!
 
Ја би рекол дека е до мониторот. Колку е стар?
 
А и компјутерот е толку или?
 
CyberBop напиша:
Па ако е 2 дена може фабрички да е со дефект. Најдобро нека ти го заменат ако е до него.
Ако компјутерот ти е постар од мониторот, односно си го користел и претходно, а сега кога се земал нов монитор почнал да заебава тогаш дефинитивно е до мониторот.
Ако ти се истовремено купени, провери ако имаш друг монитор, да видиш дали е до него или до компјутерот.
 
Jane напиша:

Таму баш во тој магацин нема друг монитор, најубаво е да си ги викнам сервисерите да видат што е, ама не ми се верува да е проблем до хардверот, да нема некоја заебанција да се мести по компјутерот? Мислам дека ја разбравте мојата мака:)
 
ме заебава двд ромот.цедето малце да е изгребано не го прима.освен да го чистам има некое друго чаре
 
ivan1real напиша:
ме заебава двд ромот.цедето малце да е изгребано не го прима.освен да го чистам има некое друго чаре
Мислам и да го исчистиш нема многу да ти помогне, или па само привремено можеби. Дека читам ДВД-РОМ претпоставувам доста е стар:). Причината што не чита цедиња кога ќе наиде на "отпор" или како и да го кажам тоа кога треба повеќе да се помачи за да прочита е староста. Едноставно ласерот со тек на време ослабува.
 
Совет: кога купувате од Сет ОДМА проверете дали во кутијата (ако има) има све што би требало.Јас завчера земав двд ром,ем немаше втора маска,и најлошо од се беше користен претходно.Како? Па во двд-то имаше пиратско цд XP SP2!

Крв да плукаат копилиња!
 
Е имам една мака кога пуштам на пр.You tube или било каков клип од интернет не ми дава звук.Завчера не ми пушташе никаков звук од компјутерот ни песна од винамп -ни звук од мсн ми бараше некои драјвери сега одеднаш тоа му помина(не знам како) и остана на ова немањево на звук од интернет. додуша и тоа од мсн звуците не ги дава ама не толку битно....ова ме нервира ептен

Ај ако знае некој како да ја опраам работава нека каже
 
Симни си драјвери за звучната и реинсталирај ги. Ваљда ке го снема проблемот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom