Помош при избор за средно училиште (за запишување)...

  • Креатор на темата Креатор на темата Реј
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Ајде малку помош при избор на средно училиште... дајте предлози...
 
Јас од лично искуство можам само да ти кажам дека доколку не си одлучен што планираш во својата подалечна иднина, каде ќе одиш на факултет, најдобро е да одбереш гимназија. Имам многу другари кои учеа средно медицинско или не знам што а сега се на технички, менџмент или не знам што и се каат поради тоа..
Јас учев гимназија, природно - математичко подрачје а сега учам бизнис и менацмент на информациски системи.. значи и јас ја утнав малку.. многу полесно ќе ми беше доколку учев економко или техничко, па и општествено подрачје во гимназија но тоа е тоа.. Сега од предметите кои ги учев во средно ми користат само неколку..
Накратко тоа би ти советувал јас.. па слушни и други мислења и одлучи.. сепак се работи за твојот живот и тоа мора да биде само твоја одлука.
 
Иди гимназија...зависи каде живееш, која ти е најблиску таму. : )
 
Орце Николов. Моето идно училиште. :)


па браво бе сине тоа сакам да чујам право дете на право место,на полугодје прати ми ПП со сите кецови ке ти средам одма за да не се мачиш hihi

он топик ..да си бирате према афинитети т.е што те влече,ако немаш афинитети иди гимназија па чекај да ти се развијат а можда најметно е да си видиш каде имаш највеќе врски и да си се запишеш таму,мада тоа може да ти предизвика во животот лешинарски навики од кои нема да видиш ќар
 
Јас завршив во Орце Николов и сите што сакаат да се запишат тука, да кажам дека не грешат во изборот само што нека се сметаат за пресреќни доколку им се погодат добри професори. Ако ве спотера лоша среќа да ви се погодат најлошите (како на некои класови), мислете му ја (освен ако не си учите редовно по не знам колку часа дневно).

И ден денес не разбрав што и какви смерови имаше, јас бев општествено-хуманистичко Б, и секоја година имаше разни претумбации, неколку пати ни ја сменија бројката на класот, многу деца си отидоа и многу дојдоа, абе каша попара :)
Ама во глобала Орце е ОК :)
 
С.У.Г.С Георги Димитров - има ко песна да ти поминат 4 години, поише ќе седиш у кафичот позади него на часови(тоа е нешо ко традиција)...лудница е Ѓорѓи нема да згрешиш...
 
С.У.Г.С Георги Димитров - има ко песна да ти поминат 4 години, поише ќе седиш у кафичот позади него на часови(тоа е нешо ко традиција)...лудница е Ѓорѓи нема да згрешиш...
ко песна ама што ќе научиш тие 4 гофини во кафичите???:smir:
 
Без двоумење да се запишеш гимназија. После тоа колку-толку си припремен за речиси сите факултети. Кога ќе дојдеш трета година, тогаш ќе треба малку поубаво да размислиш на кој факс сакаш да одиш, па и таква насока ќе си земеш. Поздрав
 
Фала за досегашните предлози... но би сакал да чујам уште мислења на други.. поздрав
 
јас исто како Итар Пејо и Тоше (и уште голем број од форумов) си завршив во Орце и ич не се каам. Убавини ми помина средното школо. Додека учев милион пати си реков готово се отпишувам али знам строго беше, но квалитетно е образованите во Орце дефинитивно и забавно е. :pipi:
 
Јас сум моментално во ЈБТ, ти препорачувам да се запишеш таму само ако навистина сакаш да научиш нешто или имаш некое звучно презиме.
Ако си од првите, ќе добиеш навистина квалитетно образование и дисциплина, а ако си од втората група ќе си правиш што сакаш, ќе доаѓаш на школо кога ќе ти прдне и ќе бидеш 5,00.
Твој е изборот:) со среќа каде и да одиш, но според мене најдобро е да биде гимназија, сестраното образование е најдобро и ти дава широк избор на факултети за понатаму.
 
Кога требаше да се запишувам во средно бев во дилема дали да одберам стручно училиште или гимназија. Под притисок на моите дома избрав и се запишав за забен техничар, по 1 месец земав и се префрлив во гимназија (Никола Карев).

Искрено никогаш на сум се покајал затоа што како прво избрав гимназија, а како второ баш Карев.
Квалитет, строго и тешко со од една страна строги, стари и квалитетни професори и како баланс млади, добри и нескусни професори од друга страна. Се на се ми беше солидна основа за да можам да факултет да имам една база и навика на учење.

Поради тоа искрено би ти препорачал без двоумење Карев да биде твоојот избор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom