Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Единствена контра мерка на Педофилите е или доживотен затвор или смрт.
А кастрацијата е сепак измеѓу. Или можеби Праведниот ќе ги спаси следните жртви на педофилија.
Боже, какви радикали има на форумов. А што викаш за рехабилитациони центри, како затвор со еден куп предавања. Додека не научат како треба, нема излегување. Зашто толку екстремни казни?
Интересно..доста варварски посебно што се сметаме за цивилизирано општество...Ама човек да не знае што е побрутално...кастриран педофил..или девојче кое ќе остане трудно по силување од педофил...и ќе роди дете со лик на човекот која ја силувал...
Многу од педофилите се и самите сексуално малтретирани во нивното детство..така да некаде треба да се стави крај..ама не сум сигурен дека со тоа би го спречиле потполно следниот пат да настапи...подобро вечен клуч на врата..
А ти мислиш дека они НЕ ЗНААТ како треба?
Мислиш дека не е пробано со рехабилитациони центри, психолози и затвор?
И пак се повторува делото?
Кастрирањето не подлега на сечење и отстранување на органот, туку му ги онеспособуват тестисите за да не лачат машки хормони, значи само му го стопират нагонот.
Да бе рехабилитациони центри...си праеле тие курќејф, па ќе ги прогласиме педофилите за жртви на општеството, па ние со наши пари после ќе им плаќаме смештај, храна, воспитување......ептен богата држава сме...море најефтина варијанта за нив...7-8 грама олово.Боже, какви радикали има на форумов. А што викаш за рехабилитациони центри, како затвор со еден куп предавања. Додека не научат како треба, нема излегување. Зашто толку екстремни казни?
Ме зезаш, ова за Македонија збориш? Кај нас никој не бил во никаков рехабилитационен центер. А тие можеби знаат што е погрешно, но незнаат како да си ги обуздаат нагоните.
Казната мора да биде еднаква на тежината на деликтот, а не да се прави пример од луѓето и за другите да знаат што им се случува на педофилите.
Тој иако го прекршил законот сепак си има свои права, како на пример да не биде користен за заплашување на другите потенцијални педофили; и да добие казна каква што заслужува, соодветна на злоделото. Инаку зошто да немаме и бесења на плоштади и сечење раце на крадци и што ти не? Извини ама таквите мислења преовладувале во некои помалку цивилизирани општества и треба еднаш засекогаш да останат зад нас.
А за тоа како ќе му се надомести тоа што му е "уништен" животот на детето, сигурно не со телесна казна на злосторникот. Имаме и полоши деликти од педофилија, како на пример убиство. Што викаш како казна за тоа да им го предадеме на семејството виновникот и тие нека го казнат како што сакаат, онака јавно. Нека го сечат, нека го колат што сакаат нека прават. Можеби за тебе тоа би било праведно, но дали би било хумано или цивилизирано?
Погледни ми го аватарот. Девојката носи вага. Можеби ќе сфатиш што таа симболизира и со тоа еден од главните принципи на правдата.
Кај е кажано дека педофилијата е генетски наследна?Меч со две острици... сепак и затворот е начин за решавање на тие кои посегнале кон оваа крајна девијација а и кастрацијата, но во никој случај рехабилитација... ќе излезе "рехабилитираниот" педо и ќе најде некоја доволно луда за да ја ожени, ќе има деца и што добивме... од еден лудак уште еден или неколку нови генетички пореметени фрикови (деца), @Vone кажал убаво, ако има евентуална рехабилитација таа ќе биде плаќана со наши пари, е не може.