Тотално е промашена тактиката на Бугарите. Веќе мислам дека помина и последниот воз за нив. Имаа пенал во рок од 3-4 години за да наметнат влијание, ама тие се одлучија на империјални тактики, насилна асимилација исл. Сега ќе се седне на маса со посредник и ќе се одблокира ова. Не се Грција за да ги толерираат 20 години, а и моментално многу посилна е РФ на Балканот, а и се јавуваат и Турција и Кина како играчи. Така што помина времето на билатералните закачки, кога хегемонот беше неспорен. Време е на формирање на регионални блокови и поголемо мешање на САД. Чим со Грција средија, со Бугарите ќе биде полесно. Евентуално Франција може да кочи, но со оваа Американска администрација веројатно е да има туркање на Македонија и Албанија кон ЕУ блокот(не нужно членство, туку да е во интеграциите).
Бугарите само си направија непоправлива штета тука за ситни лични интереси на некои си маргиналци таму со по 2-3 посто рејтинг, бивши кодоши на КГБ. Дури и Бојко загуби многу повеќе отколку што доби. Веќе не може да игра на антируска карта наспрема БСП.