Не е убаво да се дава произволно мислење особено ако не се нагласи дека се работи за лична перцепција.Ама тоа е муабетот бе Таксист, гледаме дека овие од Запад не ги поддржаа протестите. Затоа и толку време траат. Затоа нема нешто ко бомбите што ги пуштија кај нас. Мислиш дека немаат такви бомби за било која банана држава? Ако беше Западот, сеа на сите медиуми ќе фрштеа слики од насилство или што ти ја знам. Ама ете, нема ништо такво. Што значи тоа? Зошто Западот би ризикувал смена на власт, кога супер си соработува со сегашната?
Викаш не го признаа Косово, ама направија еден куп отстапки. For fucks sake, им донесоа градоначалници Албанци во чисто српски општини. Еве кажи што направија добро за Србите на Косово, што направија добро за Србите општо?
Озбилно прашувам, не ми е целта да се препирам. Не сум експерт за Србија и би сакал да научам повеќе за темата.
Не само што истурија и истураат купишта пари ами и во неколку наврати во советот на ЕУропска се обидоа да ја демонизираат Србија и нејзиното раководство.
Голем дел од српските медиуми се под контрола на надворешни центри на моќ.
И не само што се под нивна контрола ами и активно ги користат.
Западот ништо не ризикува туку сака да има на чисто.
-Затворање на јужното крило на ОТАН.
Сегашната гарнитура иако во многу им е сервилна сепак во исто време се “курва“ со Русија и Кина, такво нешто не може да се дозволи во пресрет на светско првенство.
Токму тоа што си напишал, им дадоа се, ќе им дадат и уште повеќе ама Косово и Метохија ОСТАНУВА дел од Србија според нивниот устав, а тоа е суштината. Лесно се менуваат градоначалници и пари и вера па ако сакш и пасош ама Устав и територијален интегритет/целовитост тешко без војна.
Не вервам дека има на форумов експерти за српска политика... само изнесов свое видување, а кое пред се го градам врз на мене достапни факти.