навистина?
Венецуелската левичарска влада на Уго Чавез затвори 34 радио станици, под изговор дека емитувале програма без соодветна лиценца. Одлуката да се затворат 34 радија доаѓа, еден ден, откако главната венецуелска обвинителка Луиса Ортега Диаз препорача заострување на државните закони за медиуми, за да се „регулира слободата на изразување“.
http://www.slobodnaevropa.mk/archive/news/20090801/428/428.html?id=1790280
Владата на Венецуела укина шест телевизиски канали заради прекршување на законот за емитување на владин материјал.
Една од телевизиите е и приватната RCTV International која директно му се спротивставува на претседателот Хуго Чавез.
Во саботата владата на Венецуела издаде наредба до сите телевизии да емитуваат владина порака, но RTCV одби да го стори тоа.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119026
„Некои луѓе пеат под туш половина час. Не, деца драги, три минути се и повеќе од доволни. Пресметав - три минути и повеќе не мирисам“, изјави Чавес најавувајќи ги мерките за штедење на водата и електричната енергија.
„Ако мислите да лежите во када полна со пена и да го вклучите она како се вика, џакузи... па каков комунизам е тоа? Не се времиња за џакузи“, рече Чавес, предизвикувајќи смеа кај министрите.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115285
Чавез сака да ја замолчи опозицијата, - Амнести Интернешнел
Амнести Интернешнел ја обвини владата на претседателот на Венецуела Уго Чавез дека се обидува да ги замолчи дисидентите во земјата. Ова е реакција на апсењата тројца противници на Чавез, меѓу кои и поранешниот претседателски кандидат Освалдо Паз.
http://www.slobodnaevropa.mk/archive/news/20100402/428/428.html?id=2000673
Студентскиот протест во венецуелскиот град Сан Кристобал против рестрикциите на електрична енергија и ограничувањето за купување на горива заврши со еден загинат студент и 11 повредени.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=117266