Прво, без основа ја внесуваш македонската дневна политика тука, со оглед на тоа што - како што немаме вистинска левица, така немаме ни вистинска десница. Да, во последно време, покажуваат десничарски елементи, но досегашното искуство покажало дека и едната и другата страна влечеле обратни потези од тоа што им го налага идеологијата, поради фактот дека сме мала и политички неразвиена држава, па едноставно на идеологиите како такви не им се обврнува доволно внимание.
Друго, сосема имаш заборавено да ги спомнеш елементите на десницата која примарно верува во политичка еволуција - а не во политичка револуција. Како поборник на status quo, десницата е свесна дека сепак општеството се менува и дека мора да има промени, па затоа и во нивната идеологија еволуцијата, т.е бавното менување на работите и бавните промени заземаат висок приоритет. Десницата обврнува многу внимание и на патријахалноста, т.е на вредноста на семејството како такво и го поставува на пиедестал. Да, десничарите се поборници на капитализмот и на приватната сопственост, но сметам дека премногу пристрасно настапуваш кон десницата. Кога веќе отвараш тема, треба рамномерно да ги изнесеш и двете страни.
Велиш ограничување на слободите. Ок, да речеме дека тоа го има (на светско ниво), но зарем тоа го нема и во левичарските влади? Зарем најголемите тоталитарни режими не биле левичарски? Идеологиите многу ретко имаат врска со слободите. Затоа што (речиси) секоја идеологија на хартија проповеда и зборови за едни вредности, но многу често луѓето (читај - политичарите) ги извртуваат идеолошките вредности со цел да извршат индоктринација.
Што правиме со центарот? Не е се во левицата и десницата. И центарот се повеќе се јавува како алтернатива на двете идеологии, затоа што се покажува дека се повеќе и повеќе луѓето се разочаруваат и од левичарските теории, како и од десничарските потези.