Полиаморна врска

  • Креатор на темата Креатор на темата Toreador
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би стапиле во полиаморна врска?

  • Да

    Гласови: 9 10,8%
  • Не

    Гласови: 59 71,1%
  • Можеби

    Гласови: 15 18,1%

  • Вкупно гласачи
    83
Не можеш некој да сакаш безрезервно, а да имаш секс со друг.:wink:

Нешто си погрешила во семантиката, СкулГрл. Изгледа сакаше да кажеш:

„Не можАМ некој да сакаМ безрезервно, а да имАМ секс со друг.“
 
Нешто си погрешила во семантиката, СкулГрл. Изгледа сакаше да кажеш:

„Не можАМ некој да сакаМ безрезервно, а да имАМ секс со друг.“


мхммм.... и кај мене алкохолот ја убива секоја моја ваква констатација :seir:
 
Нешто си погрешила во семантиката, СкулГрл. Изгледа сакаше да кажеш:

„Не можАМ некој да сакаМ безрезервно, а да имАМ секс со друг.“
Длабоко се извинувам за семантичкиот испад.:)

Бидејќи ништо ново не кажа со постот, би сакала да те прашам-што подразбираш ти, Машино, под безрезервна љубов?
 
Што бе Торе Стив да не е пак празен па си зацапал во тешка психо-филозофска дилема?

Не можеш некој да сакаш безрезервно, а да имаш секс со друг.:wink:
И тоа како може. Работата е што за многумина особено девојките љубов=секс. Сватете ги тие два поима како две множества што имаат голем пресек но не се поклопуваат.

Он топик. Кога се говори за вакви експерименти Американците викаат дека има време и место за се-факултет. Така што ако лично се има желба да се проба нешто поинакво и има согласност нека биде. Чисто поради љубопитност, искуство, и задоволство. На подолги дистанци мислам дека нема основа да опстане двајца е друштво, тројца е гужва.
 
Се согласувам со претходниот гледач...нешто за кратко слатко може ама за подолго не верувам...ќе треба да одлучам помеѓу двете па ќе се зае*ам
 
И тоа како може. Работата е што за многумина особено девојките љубов=секс. Сватете ги тие два поима како две множества што имаат голем пресек но не се поклопуваат.
Може да се сака, да. Ама безрезервно и вистински-во никој случај. Тоа ми беше поентата.

Да сакаш некој безрезервно значи да се „лишиш“ (лош збор, колку да доловам ситуација) од телесни задоволства со друг.



Освен ако си нимфо.
 
Може да се сака, да. Ама безрезервно и вистински-во никој случај. Тоа ми беше поентата.

Да сакаш некој безрезервно значи да се „лишиш“ (лош збор, колку да доловам ситуација) од телесни задоволства со друг.



Освен ако си нимфо.


опаааа.... го најдовме начинот :pipi:
 
Слично како и за „слободните“ врски, така и за ова полиаморниве (поимов!), не верувам дека би можела. Да не го дрвам за посесивност, доверба и моногамија- поентата е дека не би се впуштила во ваква емоционална врска.
 
Синдикат,поентата ми е што го изоставуваш значењето на Врска.Во однос со еден,шансите да останеш повреден на крај се дупло помали,одколку во однос со двајца.Свесно одење со главата во ѕид.За да тој триаголник се нарече врска,неможе да се гледа само од страна на секс,постојат многу елементи.Незнам како би се искомбинирале успешно.Вака изгледа интересно,забавно,вредно да се испроба,Да вака изгледа сеедно исходот,но кога би се остварило реално,не верувам дека ќе ти биде сеедно на денот кога ќе седиш сам,а знаеш дека оние се заедно.(подразбирам извесен период заедно,за да може да се нарече некаква врска,а не само повремен секс)
Јас те разбирам тебе,но јас тргнувам од последиците:)
Сега мислам дека сум појасна:wink:


Зошто вака ограничено одговори на темава?

Малку луѓе на Светов го можат тоа, а тие што можат до „крај“ да одат секоја чест за нив.

Инаку да може реално да постои и опстои таква врска, да верувам во тоа, да би ... ако дојде таков моментот.

Убаво кажуваш,малку луѓе на Светов го можат тоа.Да со тоа се согласувам,можно е да постои ваква врска,но тешко е да опстои.Ако еден карактер едвај може да се спои со друг,што се случува кога взаемно треба да се спојат тројцата,тотален хаос.
Во врска треба да се ужива,не да се протестира секој ден.

И да напоменам,дека не сум против вакви врски,секоја чест за оние што ќе успеат,иако сум тежок песимист за некаков успех.
Јас не би можела да успеам.
 
Ako se dve zenski i jas moze,a drugi kombinacii ne ide neli.Sum slusnal deka boli pa taka dve zenski moze da se druzime ako e toa toa poliamorna....Prv pat slusam najiskreno
 
Замисли ситуација, некој те упознае со „маж и и неговата девојка“, или „жена му и нејзините дечковци“ :icon_eek:.

Еве малку информации од извори кои ги сметам за малку порелевантни од другите. .. и сликичка има
25591801.jpg


Скулгрл, од оваа перспектива можеме до утре да дискутираме на тема љубов и видови љубов. Ни двете не знаеме како е да се биде 20 и повеќе години во брак. Јас мислам дека во некои случаи, полиаморијата може да помогне во намалување на бројот на разводи: едноставно, иако партнерите не се привлекуваат сексуално, се заедно и имаат комуникација и меѓусебна доверба, што е најважното при одгледување на здраво потомство.

Ај може после 20+x години можеби пак ќе се најдеме на форумов па ќе си ги измериме, овај провериме мислењата :)
 
Во Македонија нема шанси во ова предрасудно опшество ваков брак да функционира. Иначе за врска можи да опстои некое време и никогаш нема да знајме дали е нешто добро доколку не пробаме. :smir:
 
Скулгрл, од оваа перспектива можеме до утре да дискутираме на тема љубов и видови љубов. Ни двете не знаеме како е да се биде 20 и повеќе години во брак.
Јас имам добра претстава, судејќи според мајка ми и татко ми, и воопшто постарите луѓе кои ми се блиски. Ако тие, како нормални парови нашле начин да функционираат 20 години и кусур, значи можам и јас. И не, не би ми била потребна трета личност во животот колку за зачин. Во тие години ќе има други работи кои ќе ни го зацврстуваат бракот.
Јас мислам дека во некои случаи, полиаморијата може да помогне во намалување на бројот на разводи: едноставно, иако партнерите не се привлекуваат сексуално, се заедно и имаат комуникација и меѓусебна доверба, што е најважното при одгледување на здраво потомство.
Ова не можам да го сфатам. Колку „здраво“ (или со правилни погледи на животот) ќе биде тоа потомство на кое ќе му речеш:
„Сонце, извини ама тато нема вечер да те носи на сладолед затоа што е со другата тетка/чичко“?

Полиаморни врски не ми се изводливи за хетеросексуален пар, а уште помалку ги гледам како начин за здраво функционирање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom