Скулгрл, од оваа перспектива можеме до утре да дискутираме на тема љубов и видови љубов. Ни двете не знаеме како е да се биде 20 и повеќе години во брак.
Јас имам добра претстава, судејќи според мајка ми и татко ми, и воопшто постарите луѓе кои ми се блиски. Ако тие, како нормални парови нашле начин да функционираат 20 години и кусур, значи можам и јас. И не, не би ми била потребна трета личност во животот колку за зачин. Во тие години ќе има други работи кои ќе ни го зацврстуваат бракот.
Јас мислам дека во некои случаи, полиаморијата може да помогне во намалување на бројот на разводи: едноставно, иако партнерите не се привлекуваат сексуално, се заедно и имаат комуникација и меѓусебна доверба, што е најважното при одгледување на здраво потомство.
Ова не можам да го сфатам. Колку „здраво“ (или со правилни погледи на животот) ќе биде тоа потомство на кое ќе му речеш:
„Сонце, извини ама тато нема вечер да те носи на сладолед затоа што е со другата тетка/чичко“?
Полиаморни врски не ми се изводливи за хетеросексуален пар, а уште помалку ги гледам како начин за здраво функционирање.