Погрешни одлуки

  • Креатор на темата Креатор на темата DonJas
  • Време на започнување Време на започнување
Иако никогаш нема да знаеме како би било, кога не би го напраеле тоа или друго, битно е да ги разгледаме работите од сите страни претходно.Зависи колку ни е важно тоа нешто ,толку повеке би се труделе околу тоа да го направеме совршено. И да, има ситуации дека шо ни најмалце после тоа нема да размислуваме како би било доколку би го направиле на друг начин, затоа шо испаднало се како шо треба.
 
Секојдневно избираме помеѓу некои работи е сега никогаш нема да знаеме која е правилната. Според еден закон на економијата, кога се мислиш по кој пат да тргнеш и како да решиш нешто секогаш го избираш оној пат, решение за кој во тој момент си сметал дека е најповолен и најдобар. Е сега после некое време гледаш дека сакаш да смениш нешто или едноставно тогаш не си мислел со цел памет. Доброо, се случило не треба во ниеден момент да се каеш и да ти биде криво што не си станал да го поправиш вентилаторот, да сум на твое место ќе идам дао го поправам телефонот и да земам ново стакло од масата.:) Направи така и ќе се чувствуваш многу подобро верувај и твоите ќе бидат ок.
Збирот од погрешни одлуки може да ти даде една квалитетна исправна одлука, само ако добро промислиш низ сите тие погрешни одлуки. Секој ден донесувам по некоја одлука дали мала ил голема не е битно, но во ниеден нареден момент не застанав да кажам еј погрешив ова беше грешното, не требаше така или како да го вратам времето. Не! Па имам само 22 години и ако сега се секирам дека имам донесено многу погрешни одлуки па утре страв ќе ми е да донесам било каква одлука. Одлука за студирање или одлука која боја да ми е собата? Што е важно, битно е да се продолжи до крај со тоа одлученото или да се прекине и да се проба да се почне нешто ново, а не да се тапка во место со зборовите - не требаше така, ова е се погрешно направено-.
 
Погрешна одлука,правилна одлука....
Зависи од кој агол ги гледаш работите.Она што за тебе е правилно можеби за мене е погрешно.Никогаш една одлука нема да биде 100% правилна.Затоа најправилна одлука е она што ти го сакаш во моментот и она што мислиш ти дека е правилно.
Доколку не постапиш како што мислиш ти дека треба многу повеќе ќе жалиш отколку ако послушаш некој друг а последици секогаш има .........
Што е важно, битно е да се продолжи до крај со тоа одлученото или да се прекине и да се проба да се почне нешто ново, а не да се тапка во место со зборовите - не требаше така, ова е се погрешно направено-.
 
Не ги ставај во прашање твоите досегашни одлуки. Може да влијаат врз твојата идна самодоверба.
Кога дете не би ги ставало во прашање своите одлуки, никогаш не би научило да оди, него веројатно би било полно со модрици, зошто би го повторувало истиот/сличен несупешен обид да застане на нозе и да се придвижи.
И така е со скоро се во животот.

Без преиспитување и без, макар субејктивно, одредување на погрешно/правилно/добро/лошо, не само што нема прогрес, туку има деградација.

Општо на темава...Делумно крив/делумно "прав", односно релативизирање од тој тип не не учи многу. Уствари, не тера да не увудиме кај сме кикснале и да ги повторуваме грешките, позади кои обично стои скоро идентична шема.

И колку и да е клише, али она...признавањето дека имаш пороблем (или у случајов си заебал) е првиот чекор кон подобрување и превенција од повторување на истите одлуки.
 
Каење за погрешно донесените одлуки секој искусил, колку долго ќе трае зависи од последиците, дали се санираат лесно или тешко за кратко или брзо време.,

Во секој момент од животот нашата нееволуирана потсвест донесува одлука,од правилно донесените одлуки не учиме, но од погрешните и те како учиме, а учиме само затоа што последиците ги сносиме самите ние на наш грб и никој друг освен ние,.

Причините поради кои сме ја донеле одлуката сигурно не биле погрешни, но понекогаш недостатокот на информации, би рекла скоро секогаш носи последици а и брзите одлуки скоро секогаш се погрешни затоа треба добро промислување пред да се донесе одлука, особено таква од животно значење, но и покрај доброто промислување сепак постои шанса да погрешиме,
сепак животот е ризик, не постои човек комплетно заштитен од штетни влијанија и под стаклено ѕвоно, секогаш постои шанса да се погреши, но ризикот за носење на погрешна одлука се намалува правопропорционално со збогатувањето со информации од областа од која што ја носиме одлуката.:smir:
 
Не постои нешто ко ,,погрешна одлука,, . Се се случува со причина.
Мобилниот ти се расипал но пак тоа во иднина ќе влијае за да се деси некој друг настан доста поважен од тој. капираш?
 
Ме интересира, колку често се наоѓате вие во вакви ситуации, колку често одбирате погрешен избор, и колку често уствари сфаќате дека сте го избрале погрешното, и што тогаш?
Пречесто, да даваа пофалници за ова...:kesa:

Али што спомна и Зеус, можи нема нешто како погрешна одлука...секогаш води кон друга или трета...
Можда една погрешна води кон две исправни или една исправна и две погрешни...замрсена работа...животен тековен дијаграм (flowchart of life).
 
Ме интересира, колку често се наоѓате вие во вакви ситуации, колку често одбирате погрешен избор, и колку често уствари сфаќате дека сте го избрале погрешното, и што тогаш?
За да си наметнам на себеси вина дека сум донела погрешна одлука треба првенствено да верувам во правилно и погрешно, а бидејќи тоа го сметам за резултат на социјализација и наметнати правила тешко дека се наоѓам во такви ситуации.Човекот е човек само затоа што ја има способноста да бира и да сносува последици од своите избори кои што ги правел со интелегенцијата и емоциите што му биле на располагање во моментот, со што одлуката сама по себе мора да биде реална ако не правилна или погрешна.

Неговата свесност може само да го натера да се двоуми околу истата и да си наметнува прашања на кои што никогаш нема да добие одговор ако се решил да биде мазохист, вистинскиот човек не се сомнева во своите избори и не ги класифицира, туку само живее со нив.
 
Сакаш да кажеш дека нема правилни или погрешни одлуки?
 
Ахам.
За тоа зборував цел пост, мислев дека сум се објаснила.

Хмм, како тогаш би ја класирала одлуката на некој човек да убие 50 невини луѓе? Без никаква причина.

Како реална одлука? Да, тоа е реална, ама сепак погрешна. Во главно, секоја одлука е реална, бидејки се случува во реалноста.
 
Ако се раководиме по твојата хипотеза можеби во тие 50, 49 биле убијци, силувачи, лоши луѓе кои што го трошат возухот на планетата и + еден нов Хитлер, значи направил добро дело.
Еден ко ниеден, колатерала.

Абе ајде, тоа не е носење на одлука туку дејствување на психотичен човек кој што има ментални проблеми, тоа не влегува во право на избор ситуација.
 
Ги поддржувам Лејди Сатори,Wot,[zEUs].Значи тоа што си решил да не го склопуваш вентилаторот не мора да е резултат на мрза.Може да е резултат на немање самодоверба.Дали си помисли како би било доколку ти би го расипал вентилаторот.
И сега ќе се смееш..
Дали си замислил дека си и направил услуга на мајка ти која сега вероватно ќе си добие нов телефон.И ќе имате можеби ново стакло на масата,а да не се случело тоа немало да го смените.
Значи доколку размислуваш дека постојат добри и лоши последици секогаш гледај ја прво посветлата страна.Секогаш помага во создавањето на самодоверба и ублажување на чувство на вина.
Запамти.
Секогаш гледај ја посветлата страна
 
Секогаш гледај ја посветлата страна
Кратка, но многу јака порака. Многу вистинита...и многу добар совет за секого. Ако со мали примања потклекнеме пред песимизмот, нае*бавме. И ние и нашите поколенија. Обратно, ако високи примања бараат огромни физички и интелектуални напори...пак е потребен оптимизам и верба.
Always look on the bright side of life

Оф
 
Ако се раководиме по твојата хипотеза можеби во тие 50, 49 биле убијци, силувачи, лоши луѓе кои што го трошат возухот на планетата и + еден нов Хитлер, значи направил добро дело.
Еден ко ниеден, колатерала.

Абе ајде, тоа не е носење на одлука туку дејствување на психотичен човек кој што има ментални проблеми, тоа не влегува во право на избор ситуација.

Да, значи пак ако биле тие лоши луге, пак тој донел одлука, некаква, за да покрене акција, дали било тоа лоша или добра. :)

Ги поддржувам Лејди Сатори,Wot,[zEUs].Значи тоа што си решил да не го склопуваш вентилаторот не мора да е резултат на мрза.Може да е резултат на немање самодоверба.Дали си помисли како би било доколку ти би го расипал вентилаторот.
И сега ќе се смееш..
Дали си замислил дека си и направил услуга на мајка ти која сега вероватно ќе си добие нов телефон.И ќе имате можеби ново стакло на масата,а да не се случело тоа немало да го смените.
Значи доколку размислуваш дека постојат добри и лоши последици секогаш гледај ја прво посветлата страна.Секогаш помага во создавањето на самодоверба и ублажување на чувство на вина.
Запамти.
Секогаш гледај ја посветлата страна

Светлата страна е секогаш присутна, ама неможеш да ја исклучиш и темната страна, со оглед на тоа што донесувам трошок во финансиска криза, и немав двоумење пошо можев да го склопам вентилаторот без никаков проблем. :)
Итекако нема мајка ми нов телефон да добие, само ново стакло на маската, кое кошта одредена сума пари. :)
Ново стакло кое исто така кошта одредена сума пари.
Не е ни битно тоа. Битна е работата што донесов погрешна одлука врз основа на лоша особина од мојот карактер. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom