Каење за погрешно донесените одлуки секој искусил, колку долго ќе трае зависи од последиците, дали се санираат лесно или тешко за кратко или брзо време.,
Во секој момент од животот нашата нееволуирана потсвест донесува одлука,од правилно донесените одлуки не учиме, но од погрешните и те како учиме, а учиме само затоа што последиците ги сносиме самите ние на наш грб и никој друг освен ние,.
Причините поради кои сме ја донеле одлуката сигурно не биле погрешни, но понекогаш недостатокот на информации, би рекла скоро секогаш носи последици а и брзите одлуки скоро секогаш се погрешни затоа треба добро промислување пред да се донесе одлука, особено таква од животно значење, но и покрај доброто промислување сепак постои шанса да погрешиме,
сепак животот е ризик, не постои човек комплетно заштитен од штетни влијанија и под стаклено ѕвоно, секогаш постои шанса да се погреши, но ризикот за носење на погрешна одлука се намалува правопропорционално со збогатувањето со информации од областа од која што ја носиме одлуката.:smir: