Поголем заем од ММФ

  • Креатор на темата Креатор на темата fmi
  • Време на започнување Време на започнување
Минимална плата категорија кај нас не постои
http://www.state.gov/g/drl/rls/hrrpt/2008/eur/119091.htm

[/COLOR] [/COLOR]
Не сум правник но, колку што знам Минимална плата се одредува со т.н. колекитвен договор меѓу синдикатот и стопанската комора на тој сектор и е секторски зависна. Што е и направено така да таа варира од дејност до дејност. Иако во закон за работини односи не е одреден тој дава можност таа да биде одредена.

--- надополнето ---

да да... народот е крив што власта пљачкосува и прави споменици, а меѓу другото сега зема кредит за да има плати за да има плати да дава на вработените во администрацијата.

слушај сега... народот е само за една работа крив... а тоа е што го изгласаа овој со меко р да биде премиер... ама пусто, не знаеја дека е таков... пак не се криви лугето... ама ептен шупачко глупи би биле ако на следните избори пак добие гласови... ако тоа се деси ке се исселам од државава. со таков глуп народ нетреба да се живее во една држава... јас сум во приватниот сектор и знам дека мене по плечки ке ме тресне вракањето на овој кредит од пола миљарда евра... мене и таквите како мене ке испаштаат и ке вракаат преку зголемени даноци и казни за измислени правила.

и кој тоа погре пиша дека економијата идела на добро? дали си бре ти нормален што зборуваш? дојди да се смениме малку да поработиш место мене да видиш колку добро иде економијата...

се надевам само дека кој и да дојде на власт, по хитна постапка ке оттера од работа се она што се вработи со партиска книшка... пола иповеке од администрација треба да иде во аут..
Не слушај пропаганда и лажги на опозицијата спомениците се само 0,2 % од Буџетот 30% оди во ПИООМ 20% плати 20% здравствено 10% социјално и малку капитални инвестиции. Народот како имбицилен се пали на државна плата, државно здравство, социјално итн Затоа ќе ви опнат даноци и тон казни и административни пречки на вас во приватниот сектор и чешајте се газдата ќе ви ги намали платите поради давачки и нема да вработува и имаш магепасан круг. Колку повеќе државни бенифиции што ги сака сиромашниот народ толку ќе биде посиромашен.така да 80% од кредитот ќе оди за социјални работи кај сиромашното населени а поради тоа тоа истото ќе стане уште посиромашно :tapp: Глупи се нели како к.р ? :tv:
 
Овие ненормалниве после Нова година изглеа ќе ја шитнат и државава со народ.....пошо од кај пари за враќање на долгови? :raz:

Да не продадат нема шанси, ама мислам дека ќе не рентаат. Од продажба еднаш ќе земат пари, а од рентање повеќе ќе наполнат џеб :smir:

Кај и да е ќе мора да намалуваат администрација. Администрацијата се држи оти кај нас нема фабрики, а народ некаде мора да работи, од некаде мора да се зема плата. Сега, попаметно би било да се почне да се отвараат или рестартираат фабрики, барем кај нас има фабрики во државна сопственост кои работеа супер, а ги затворија и чекаат имотот да се распадне за да се распродаде по ефтина цена. Кога би се рестартирале фабриките би се намалила и државната администрација. Народот сега бидејќи нема работа седи дома и чмае пред Тв. Кога би имале работа ќе се бунат нема плата има плата, ама барем знаат дека ќе одат некаде. Оваа состојба го убива народот полека но сигурно.
 
Не сум правник но, колку што знам Минимална плата се одредува со т.н. колекитвен договор меѓу синдикатот и стопанската комора на тој сектор и е секторски зависна. Што е и направено така да таа варира од дејност до дејност. Иако во закон за работини односи не е одреден тој дава можност таа да биде одредена.
Дава можност, но не е одредена сиве овие години, децении во одредени гранки, а и за државата во целина. Не потпишуваат газдите и владата...хм, да погаѓаме зошто

Социјалните партнери две децении никако да се договорат за воведувањето најниска плата

Како што досега течеа и течат работите, во Македонија уште долго ќе нема минимална плата, по што остануваме единствени во Европа.
ССМ безуспешно се залага за воведување минимална плата, речиси две децении. Кога ќе дојдеше прашањето за минималецот разговорите со социјалните партнери одеа во ќор-сокак и ниеден досегашен предлог на ССМ не беше прифаќан. Еднаш се бараше минималец од 100 евра, а потоа и од 200, но тоа не беше прифатено од работодавците и од Владата.
Тој најави дека ќе се усогласуваат и потпишуваат колективните договори по пооделни гранки бидејќи од 17 гранкови синдикати само шест имаат потпишано колективни договори. Според Митревски, има напредок во преговорите со Министерството за труд и социјална политика за утврдување на минималната плата како законска категорија во Законот за работни односи.
- Отвораме простор со измените и дополнувањата во Законот за работни односи за прв пат да утврдиме законска основа за минимална плата. Во текот на преговорите кои ги водиме со Министерството за труд и социјална политика веројатно дефинитивно ќе утврдиме законска основа на минималната плата за потоа следен чекор да биде донесување посебен закон за минимална плата како социјална категорија, истакна Митревски.
Во законот мислам стои најниска плата, но колку и како...не е дефинирано.
Предлагаат да биде колку потрошувачката кошница што е и реално минимум, но не им прифаќаат.
Сакав да ти посочам дека не граѓаните туку владите се одговорни (и незаинтересирани) за оваа категорија.
Сега, попаметно би било да се почне да се отвараат или рестартираат фабрики, барем кај нас има фабрики во државна сопственост кои работеа супер, а ги затворија и чекаат имотот да се распадне
Хехе, се чекаат идните газди од властодршците :)
Да им беше намера, ќе се ангажираа околу неколкуте државни (охис на пример), ама...горе спомнав што ги боли :)
 
Да не продадат нема шанси, ама мислам дека ќе не рентаат. Од продажба еднаш ќе земат пари, а од рентање повеќе ќе наполнат џеб :smir:

Кај и да е ќе мора да намалуваат администрација. Администрацијата се држи оти кај нас нема фабрики, а народ некаде мора да работи, од некаде мора да се зема плата. Сега, попаметно би било да се почне да се отвараат или рестартираат фабрики, барем кај нас има фабрики во државна сопственост кои работеа супер, а ги затворија и чекаат имотот да се распадне за да се распродаде по ефтина цена. Кога би се рестартирале фабриките би се намалила и државната администрација. Народот сега бидејќи нема работа седи дома и чмае пред Тв. Кога би имале работа ќе се бунат нема плата има плата, ама барем знаат дека ќе одат некаде. Оваа состојба го убива народот полека но сигурно.
Види ако не им се допаѓаат старите фабрики или зборот фабрика, нека изградат здравствени установи, музеи, училишта......има доволно кадар за вработување во вакви установи :smir:
A не училиштата да се распаѓаат, музеите да бидат во мизерна состојба, а реконструираните покриви на болниците (пошо се одбрала фирма на тендер преку која добро се испрале пари) да се рушат/летаат при ветер и да убиваат луѓе.
 
Дава можност, но не е одредена сиве овие години, децении во одредени гранки, а и за државата во целина. Не потпишуваат газдите и владата...хм, да погаѓаме зошто

Социјалните партнери две децении никако да се договорат за воведувањето најниска плата

Во законот мислам стои најниска плата, но колку и како...не е дефинирано.
Предлагаат да биде колку потрошувачката кошница што е и реално минимум, но не им прифаќаат.
Сакав да ти посочам дека не граѓаните туку владите се одговорни (и незаинтересирани) за оваа категорија.
Хехе, се чекаат идните газди од властодршците :)
Да им беше намера, ќе се ангажираа околу неколкуте државни (охис на пример), ама...горе спомнав што ги боли :)

Meне ми звучи глупаво да има `минимална плата` кој има право да определува за колку некој треба и мора да работи. Не ми звучи ама ич демократски.
Инаку има во законот за работни односи и една многу проблематичка категорија која се злоупотребува многу често. Т.н. Отказен рок од 2-3 месеци мин мислам е. Поената е работникот да биде информиран дека ќе биде отпуштен некој период пред тоа. Но, често во пракса се случува спротивното работникот дава отказа а работодавецот му дава отказен рок во кој тој во следните 2-3 месеци неможе да биде пријавен на друго место. И се случува луѓе да дремат дома а имаат работа договорено на друго место па дури и договор потпишано.
 
Meне ми звучи глупаво да има `минимална плата` кој има право да определува за колку некој треба и мора да работи.
Па не е баш така, иако по некои блогови се провлекуваат истите идеи дека никој нема право...најниска не значи и дека за таа треба и мора да се работи.
http://www.ssm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=314&Itemid=108&lang=mk
http://www.upoz.org.mk/dokumenti.html
Истата содржи коефициенти на сложеност при што 1 група е најниска со коефициент 1 (без приученост) па секоја посложена работа и образование (кв, ссс, висока, д-р, др со звање...) секако со саглам инспекциски органи и добро функционирање на судовите...ама тоа ниту на работодавците ниту на владата им одговара (пошто се доста поврзани па имаат ќар од ваквите хаотични состојби)...сеа сме у феудализам, кому колку по кејф ќе му фрли газдата. Впрочем каде е овде законот за малтретирање на раб. место - мобинг?
http://www.ssm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=561%3Amobingot-se-tretira-poinaku-so-poseben-zakon&catid=49%3Ahealth&Itemid=146&lang=mk
и тоа не одговара некому?

музеите да бидат во мизерна состојба, а реконструираните покриви на болниците (пошо се одбрала фирма на тендер преку која добро се испрале пари) да се рушат/летаат при ветер и да убиваат луѓе.
Нема проблем. Музеи не ни требаат, имаме на отворено (ака плоштадите низ државава), за тендерите...ветерот е крив :) ќе летаат покриви, а ние ќе го плаќаме ммф-то.

Туку на страна најниска плата и други политики на борба против социјална исклученост и сиромаштија...
кога ќе ги потроши владата парите...што после? Дури и да отпушти администрација, некој треба да плати за спорови, трошоци и пресуди, отштета...ако идеме според закон, ако не...поарно као каубојците, убиј ги сите.
 
Па не е баш така, иако по некои блогови се провлекуваат истите идеи дека никој нема право...најниска не значи и дека за таа треба и мора да се работи.
http://www.ssm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=314&Itemid=108&lang=mk
http://www.upoz.org.mk/dokumenti.html
Истата содржи коефициенти на сложеност при што 1 група е најниска со коефициент 1 (без приученост) па секоја посложена работа и образование (кв, ссс, висока, д-р, др со звање...) секако со саглам инспекциски органи и добро функционирање на судовите...ама тоа ниту на работодавците ниту на владата им одговара (пошто се доста поврзани па имаат ќар од ваквите хаотични состојби)...сеа сме у феудализам, кому колку по кејф ќе му фрли газдата. Впрочем каде е овде законот за малтретирање на раб. место - мобинг?
http://www.ssm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=561%3Amobingot-se-tretira-poinaku-so-poseben-zakon&catid=49%3Ahealth&Itemid=146&lang=mk
и тоа не одговара некому?
.
На сите во МК тоа не им одговра неможе да имаме нереални плати кој се спротивни на нивната вистинска вредност. Со воведување на минмална плата се искривува вредноста на трудот и се ограничуваат вработувањата што генерира невработеност. Подобро е некој да работи и за помалку од `минимална плата` ако тоа значи дека нема да биде на социјално и си ги плаќа давачките кон државата. Со тоа се ослободува капитал за генерирање на нови работни места и покренување на економијата. Да имаш минимлна плата е како да имаш сидро окулу вратот кое го кочи движењето на капиталаот и го спречува неговото зголемување и оплодување. Најлошо е во голема невработеност да имаш минимална плата зошто се убиваш самиот себе во старт.
Не за џабе народот рекол `џабе работи, џебе не седи` со седење невработен само ти се намалува вредноста на пазарот на трудот и најверојатно во иднина ќе замаш пониска плата. Подобро е да се работи за без пари отколку да не се работи.
 
Да се укини и обавезното работно време и секој да работи колку сака и може а на пауза да оди кога навистина му треба а не кога пропишуваат со закони и правлници. Така ќе се направи баланс меѓу платеното и сработеното то ест на пример ако некој му плаќе на шивачка 3000 денари месецот таа да си одлучи дека за толку пари ќе шие 5 дена по 5 сати, па ако газдата сака повеќе и ќе плати повеќе.... за 30.000 на пример таа ќе седи секој ден и по 8 сати.
 
Meне ми звучи глупаво да има `минимална плата` кој има право да определува за колку некој треба и мора да работи. Не ми звучи ама ич демократски.
Инаку има во законот за работни односи и една многу проблематичка категорија која се злоупотребува многу често. Т.н. Отказен рок од 2-3 месеци мин мислам е. Поената е работникот да биде информиран дека ќе биде отпуштен некој период пред тоа. Но, често во пракса се случува спротивното работникот дава отказа а работодавецот му дава отказен рок во кој тој во следните 2-3 месеци неможе да биде пријавен на друго место. И се случува луѓе да дремат дома а имаат работа договорено на друго место па дури и договор потпишано.

Задолжителното плаќање данок е демократско,а закон за минимална плата не е?

На сите во МК тоа не им одговра неможе да имаме нереални плати кој се спротивни на нивната вистинска вредност. Со воведување на минмална плата се искривува вредноста на трудот и се ограничуваат вработувањата што генерира невработеност. Подобро е некој да работи и за помалку од `минимална плата` ако тоа значи дека нема да биде на социјално и си ги плаќа давачките кон државата. Со тоа се ослободува капитал за генерирање на нови работни места и покренување на економијата. Да имаш минимлна плата е како да имаш сидро окулу вратот кое го кочи движењето на капиталаот и го спречува неговото зголемување и оплодување. Најлошо е во голема невработеност да имаш минимална плата зошто се убиваш самиот себе во старт.
Не за џабе народот рекол `џабе работи, џебе не седи` со седење невработен само ти се намалува вредноста на пазарот на трудот и најверојатно во иднина ќе замаш пониска плата. Подобро е да се работи за без пари отколку да не се работи.

Во МК нема закон за минимална плата.
Нема единица работно време по кое би се сметал доход (сатница) кое е законски санкционирано.
Нема закон за заштита од злоупотреба и прекувремено неплатено работење.
На ниво на Индонезија или Бурма нешто...
Дури и Русија и Албанија имаат минималец.
Пази сега закон за минимална плата генерирало невработеност, ние немаме закон за минимална плата (сосема е легално работодавецот да го плати работникот нула денари) и како шо гледаме процветавме,нема невработеност и слично...абе се чудам шо читам и колку некои немаат врска со реалноста,ко во роман од Толкин да живеат ццц...:tapp:
Какво црно генерирање работни места кога законски не се покрива ни прекувремената работа така да на работодавците им одговара да има еден вработен кој ќе црнчи за двајца...без минимална плата секако.

Во некои земји каде садат лалиња на пример...минималната плата да ти била законски одредена на 1400 евра месечно...а во некои мрачни земји кои патат од невработеност поголема од нашава (Франција,Ирска,Јужна Кореја,Италија и мноогу други) тоа да ти било резултат на одредување на национален минимум без разлика на сектор према сатница (7-8-9 евра) ...

Старите кажале “џабе работи“...од такви мудрости на старите сме во вакви гомна до гуша,меѓу другото.
Кој е резултат од таквите ретардирани срања кои произлегле од балканскиот кукавичлук и моронштина?
Тоа што ако прифати некој да работи џабе со тоа го саботира оној кој не прифаќа да работи џабе бидејќи колку и да го лоботомирале по економски чколии знае дека треба да подмири потреби во живеачката и најголемиот ужас од сите, да си го вреднува трудот на пазарот.
А ако нема заштитни механизми,работодавецот ќе ја намалува платата за да направи поголем ќар...знаејќи дека има резервна армија невработени кои одвај чекаат за работа,може и да му пцуе мајка,татко,сестра на работникот секој ден...на која нога станал...

Ама старите рекле џабе работи синко...ебате старите кој дебили еј...

Шо знам...закон за минимална плата кој би соодветсвувал на некои основни потреби за физичко одржување во живот кој би бил драконски применет би ги наголемил платите со што би се наголемила потрошувачката со што би се креирале нови работни места...
Но тоа нема да се случи никогаш секако...
 
Нема закон за минимална плата од проста причина што доколку има само ќе ја потврди нашата мизерија - нејзиниот износ колкав ќе биде 5000 денари?
Не сакаат владите да прикажуваат мизерија, тие сакаат да се фалат со напумпани просечни плати по 20000 и кусурот илајди, просечни плати од по 300-400 евра. Епа македонче, затоа.
 
Чекај малку ова парите што ни ги даваат на заем се во злато, книжни апоени или бројка на монитор од компјутер? Највероватно се само бројка на монитор не ни трошат боја и хартија на нас и дали и колку тие имаат вистинска вредност во вистинска смисла на зборот?

Основачите на Светска Банка и ММФ биле припадници на тајно друштво Коски и Черепи тоа се луѓе кои својата зграда на братството во Јејл ја нарекуваат гробница. Правеле сатанистички ритуали спиење во ковчег и разни други перверзии како симболично или буквално жртвување на човечка жртва пред пагански идол камен ут во Бохемиан гроув, потоа секс со педери и разни гнасни оргии.
Едно прашање се поставува тука дали вие би позајмиле пари од човек кој што својот дом го нарекува гробница пие крв има секс со педери танцува пред оган и се моли на пагански бог а? Ќе позајмите пари од таков човек или нема да сакате да имате ништо со него?
Е сега ММФ дали е тука финансиски да ни помогне или да не заеби в крај сами одлучете, погледнете само што се случува со земјите што си имаат работа со ММФ дали им е добро или лошо?

--- надополнето ---

На сите во МК тоа не им одговра неможе да имаме нереални плати кој се спротивни на нивната вистинска вредност. Со воведување на минмална плата се искривува вредноста на трудот и се ограничуваат вработувањата што генерира невработеност. Подобро е некој да работи и за помалку од `минимална плата` ако тоа значи дека нема да биде на социјално и си ги плаќа давачките кон државата. Со тоа се ослободува капитал за генерирање на нови работни места и покренување на економијата. Да имаш минимлна плата е како да имаш сидро окулу вратот кое го кочи движењето на капиталаот и го спречува неговото зголемување и оплодување. Најлошо е во голема невработеност да имаш минимална плата зошто се убиваш самиот себе во старт.
Не за џабе народот рекол `џабе работи, џебе не седи` со седење невработен само ти се намалува вредноста на пазарот на трудот и најверојатно во иднина ќе замаш пониска плата. Подобро е да се работи за без пари отколку да не се работи.
Аха,а газдите да се возползват от това,дека има голема невработеност и да дават примерно 5000 за месец? Това е во интерес на граганите?
Државата мора да каже колко е минималната цена на труда на македонските државjaни.
 
`Газдите` и `Дражавата` ништо неодлучуваат иако мислат дека го прават тоа. Економијата има свои правила и законитости неможеш насила да направиш ништо. Треба да се почитуваат правилата и природните закони на економијата неможе закон да донесеш и се да биде во ред треба да разбереш прво какво функционираат работите. Прочитај малку цела наука е тоа дури и Нобелова награда се дава за тоа. Со донесување на минимална плата само ќе има негативно влијание на вработеноста и ќе ја забавиш економскиот раст барем така викаат 99% од економистите. :toe:
 
Со донесување на минимална плата само ќе има негативно влијание на вработеноста и ќе ја забавиш економскиот раст барем така викаат 99% од економистите. :toe:
Без минимална плата еден раст што има пууууууууууууууу Ирска во деведесттите не ни е рамна.

Што вика Охриѓанецот во К-15 рекламата: Истај се не мојме да навасаме :icon_lol:.
 
Да, тие што имаат минимална на ниво на држава се многу заостанати држави. Кај нас цвета, ене ги (орка мислам беше) им даваа по 3 илјади за месец без глава да дигне. Ако одбиеш, те бришеа од евиденција на невработени. Ма у иста тиква дуваат, исти пари делат...затоа нема ни минималец ни инспекција ни придонеси. Не функционира тој дел од нашата држава, само кој го осетил лично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom