Подложни на промени?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
И монотнијата може на момнети да биде интересна, ама не предолго, потоа самиот си барам нешто да си променам.
 
промени! промени! нераскинлива алка од моето суштествување... обожавам промени... ме движат напред, ми вдахнуваат енергија... меѓутоа најчесто некои ситни промени во изгледот, облеката, деталите, декорација, распоред на стварите околу мене...
на духовно поле прифаќам се што е ново и што се слага со моето размислување... либерал, open-minded, авантурист... дефинитивно за промени!
 
Инаку не сум тип кој сака многу - многу промени.
Сакам да си живеам онака како што сум навикната,бидејќи тешко се одвикнувам од некои работи и потешко се прилагодувам на нови работи.
Може да сменам стил на облекување или пак парфем или фризура(иако и за фризура долго време се двоумам дали да ја променам),значи некои ситни работи,да-ги менувам.
Но што се однесува на карактер или на некои секојдневни навики без кои неможам да постојам не поднесувам промени.
Промени не сакам од причина што не знам што би можело да доведе таа промена,а јас во приницип сум играч кој игра на сигурно и веќе познато и утврдено.
 
Колку сте подложни на промени?
Дали често екпериментирате и пробувате нови работи или пак си се држите за вашиот начин на живот и не сакате многу да менувате?
Колку сте слободоумни и подготвени да внесувате новини во вашиот живот?
Или сте позатворени за промени?
И сакам да експериментирам и не сакам. Некогаш сум расположена за нови работи, а некогаш сакам да си држам до она на кое сум навикнала. Што знам, зависи.
Може да правам промени, но само ако знам дека со промената ќе се чувствувам јас подобро.
 
Интересно... Па вака... Има некои мои особини кои никогаш не сум ги променил и не би сакал да ги променам - така сакам да реагирам во одредени ситуации. Но има некои мои лоши особини кои сакам да ги искоренам но никако да ми тргне. За приспособувањето зависи како ми се погодуваат нештата. Во глобала прифаќам промени и се приспособувам кон нив.
 
Промени..

Инспирирана од разговорот со една другарка за нејзиното селење заедно со семејството во нов дом кое ке се случи за неколку дена,ме натера да помислам колку тоа сакаме ние лугето да воведеме промени во нашиот живот?
Секоја промена е добра велат,но дали сите промени кои ги правиме се секогаш добри?
Колку сте склони на промени?
Дали често менувате нешто во врска со вашиот начин на живеење?
Дали тие промени биле успешни и сте задоволни од нив или пак се држите до старото кое ви е сигурно?
Зборуваме за секакви промени..начин на живеење,начин на однесување,промена на вашиот стил и слично.

П.С.ако има ваква тема слободно споете ги:smir:
 
па обично сум стабилен во се што правам. промените се дел од животот и сепак ни се случуваат со намера или ненамерно, сакале или неќеле. сега за сега се држам до старото =)
П.С.ако има ваква тема слободно споете ги
та заблагодарувам од името на администрацијата за твојата дозвола. правиот момент кај секоја ганц нова тема =)
 
Јас не сум баш склона на промени.Сто пати се премислувам понекогаш ко ќе треба да донесам некоја одлука.Изгледа имам страв од непознатото,па затоа си се држам до познатите,сигурните работи.
 
Колку сте подложни на промени?
Дали често екпериментирате и пробувате нови работи или пак си се држите за вашиот начин на живот и не сакате многу да менувате?
Колку сте слободоумни и подготвени да внесувате новини во вашиот живот?
Или сте позатворени за промени?


Не сум од типот на луѓе кај кои важи паролата "Мојот живот се моите навики"
Баш напротив, склона сум кон чести промени, кои ако ги нема сама си ги наметнувам...Не можам да сватам луѓе кои 20 години носат иста фризура, живеат со ист намештај во куќата и сл:)
Така животот не е интересен и возбудлив...Нема шмек, ни квалитет без промени, макар да се и ситни:)
 
Подложна сум на промени ама не некои енормни туку помали..досадна ми е монотонијата и се што иде со неа..сакам да внесам нешто ново во мојот живот но секогаш со одредени мерки..за некои работи цврсто си стојам на моето..пример храната која ја јадам..има многу работи кои не ги јадам и кои моите дома ми викаат да ги пробам али ја тврд инат..несакам па несакам..незнам зашто али..несакам во врска со храната да ги менувам навиките колку и да е таа убава
 
Sakam mnogu nesta da smenam od najrazli4ni sferi oklu mene i kaj mene, no nekako ne mi ide:wink:
Sakam promeni, a za da ni se slucat treba sami da si pomogneme vo toa...mene mn tesko mi se slucuvaat:wink:
 
Личност сум што сака промени, и секојдневно пробува нешто да експериментира. Во било кој поглед. Се прилагодувам на секакви промени, место на живеење, нови луѓе, изглед....отворена сум за особено вакви поголеми промени.Монотоното ме прави само депресивна.
 
Sakam mnogu nesta da smenam od najrazli4ni sferi oklu mene i kaj mene, no nekako ne mi ide:wink:
Sakam promeni, a za da ni se slucat treba sami da si pomogneme vo toa...mene mn tesko mi se slucuvaat:wink:
same...сакам да променам монгу ствари, али се плашам да не не бидам прифатен од општеството (читај женските):helou:
 
се адаптирам на промените, ама не ги правам пречесто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom