Па не ги сакам промените,повеќе сакам да си останам на она што е,макар и да не ми се допаѓа,можеби затоа што ми е страв од она што го носат промените.Како и да е,не ги обвиунувам оние кои експериментираат и сакаат се да пробаат,туку напротив им се воодушевувам,но од друга страна има и такви кои претеруваат во тоа.Уживаат во промените за да надоместат за нешто во својот живот кое го немаат и мислат дека она што ќе им го донесе промената можеби ќе престанат да го сакаат тоа што им фали,тоа се непостојани личности,имам неколку такви во животов кои се трудам да ги избегнам,затоа што во принцип неможат да бидат верни другари,но имам и крајно не флексибилни на промени,што исто така ужасно ме нервираат,тоа е веќе егоизам и себичност.Значи една златна средина.
Сакам нештата да ми бидат онакви какви што се,за да можам да ги држам сите конци.Добро сакам некогаш некоја позитивна промена и ја правам,но сепак не толку често,да речеме еднаш на 6 месеци,еднаш во годината,ама само кога сум сигурна дека ќе испаде горе доле како што предвидувам.Сепак мислам дека ги нема многу,колку што би требало.
Во последно време сакам да направам извесни промени,но се плашам од крајниот резултат,па се воздржувам со мали исклучоци.Во моментов единствена промена која можам да ја направам у животов да ја сменам бојата на ноктите и ништо друго,немам доволно енергија во себе,за нешто поголемо.